Помошта од САД за Украина не е лично за Зеленски

Фото: president.gov.ua

На сајтот на Стејт департментот транспарентно се наведени сите видови на помош кои САД ѝ ги дава на Украина, но тие не одат за Зеленски лично, a уште помалку за глума или актерски ангажман, како што се тврди во постот. Од јануари 2021 година САД има инвестирано повеќе од 33.2 милијарди долари во безбедносна помош за да ја демонстрира својата поддршка кон суверенитетот на Украина и кон нејзиниот територијален интегритет. Русија честопати го користи тоа што Зеленски порано бил актер, да го дискредитира и да го минимизира неговиот политички ангажман и високата државничка свест што ја демонстрира од почетокот на војната. Споделената фотографија на Зеленски во војничка униформа датира пред почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина 

На сајтот на Стејт департментот транспарентно се наведени сите видови на помош кои САД ѝ ги дава на Украина, но тие не одат за Зеленски лично, a уште помалку за глума или актерски ангажман, како што се тврди во постот. Од јануари 2021 година САД има инвестирано повеќе од 33.2 милијарди долари во безбедносна помош за да ја демонстрира својата поддршка кон суверенитетот на Украина и кон нејзиниот територијален интегритет. Русија честопати го користи тоа што Зеленски порано бил актер, да го дискредитира и да го минимизира неговиот политички ангажман и високата државничка свест што ја демонстрира од почетокот на војната. Споделената фотографија на Зеленски во војничка униформа датира пред почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина 

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од претседателот на Украина, Володимир Зеленски и се вели:

Зеленски беше најплатениот актер во 2022 година. Тој доби 18 милијарди долари. А можеби 2023 година да биде дупло.

Во склоп на објавата се промовира фотографија на која се гледа Зеленски во војничка униформа, меѓутоа истата датира пред почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина која се случи на 24 февруари 2022 година. Како што пишуваат проверувачите на факти на Факт Крешчендо,станува збор за фотографии кои може да се најдат на Гети имиџис на 6 декември 2021 година, и се од моментите кога украинскиот претседател Зеленски ја посетил војската во Донбас во Украина.

Описот на фотографијата на Гети имиџис е:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на ситуацијата на терен на фронтот на украинската армија во Донбас, Украина.

Во тоа време 44-годишниот Зеленски беше на работна посета на Донбас кој се граничи со две проруски републики на Доњецк и Луганск.

Информацијата дека Зеленски бил во 2021 година во Донбас, потекнува од претседателската прес-служба и се однесува на настан од денот на вооружените сили на Украина, според известувањето од претседателскиот кабинет.

Во соопштението се известува дека Зеленски разговарал со униформираните војници и им дал подароци, како и одликувал петмина од нив со државни награди.

Почестен сум да бидам со вас денеска. Ви благодарам што ги браните суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Уверен сум дека со луѓе како вас, дефинитивно ќе победиме, рекол тогаш Зеленски.

Иако претседателот на Украина, Зеленски пред да биде избран за претседател беше актер, тој ја остави во мирување актерската кариера. Во 2022 година немаше актерски проекти туку водеше држава соочена со воена инвазија од страна на Русија. Конкретната фотографија на Зеленски не е дел од глума, туку е направена при посета на државен функционер во Донбас, од позиција на претседател на држава.

Што се однесува на посочениот податок во постот дека Зеленски добил 18 милијарди долари во 2022 година, оваа информација потекнува од интернет коментар кој го споделил синот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, а го пренесе Раша Тудеј.

Синот на Доналд Трамп на инстаграм сподели критика за воената помош која стига од САД до Украина. Трамп Јуниор споделил твит во кој се кажува дека Том Круз е најплатениот актер за 2022 година на што следува коментар од корисник на Твитер „дека најплатениот актер за 2022 година е Зеленски кој заработил 18 милијарди споредено со стоте милиони на Круз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donald Trump Jr. (@donaldjtrumpjr)

Од јануари 2021 година САД има инвестирано повеќе од 33.2 милијарди долари во безбедносна помош за да ја демонстрира својата поддршка кон суверенитетот на Украина и кон нејзиниот територијален интегритет. Ова вклучува 32.6 милијарди долари откако Русија на 24 февруари 2022 г. ја почна нејзината непровоцирана брутална војна против Украина. Од 2014 година САД обезбеди повеќе од 35.5 милијарди во безбедносна помош за тренинг и опрема за да ѝ помогне на Украина да го зачува својот територијален интегритет, да ги обезбеди своите државни граници и да ја зајакне соработката со НАТО, пишува на сајтот на Стејт департментот.

На сајтот се транспарентно наведени сите видови на помош кои САД ѝ ги дава на Украина, но тие не  одат за Зеленски лично, a уште помалку за глума или актерски ангажман. Русија честопати го користи тоа што Зеленски порано бил актер, да го дискредитира и да го минимизира неговиот политички ангажман и високата државничка свест што ја демонстрира од почетокот на воената инвазија. За таквите обиди Вистиномер веќе има пишувано.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистина.

 



 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција