Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

Фото: Принтскрин видео

 „Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година.На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година

 „Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година. На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година

 

 

Во постот објавен на социјалната мрежа Фејсбук, прикажана е фотографија од книга со наслов „Understanding Omicron Variant”. Во описот на постот авторот вели:

Книгата ,,Да го разбереме ОМИКРОН сојот” е заштитена со авторски права во 2020г. (Види слика). Омикрон е откриен пред месец дена а книгата е објавена во 2020, една година пред откривањето на ОМИКРОН во 2021. Затаил Матриксот?
Оваа книга, која авторот сам си ја објавил без издавачка куќа, се тврди дека е авторизирана во 2020 уште пред да постои омикрон варијантата на коронавирусот и оваа фотографија широко се користеше на интернет во еден куп коментари за да се инсинуираат докази за теорија на заговор.

Станува збор за книга на 106 страници која првпат се појави достапна за продажба на Амазон, на 5 декември 2021 година.

Авторка на книгата е докторката Тереза Бишоп, а насловната страница тврди дека во книгата читателите ќе пронајдат сè што треба да знаат за омикрон варијантата – од каде доаѓа, одговори на прашањата што ги имаат и други најнови информации за да бидат добро информирани. Корисниците на социјалните мрежи оттогаш ја користат оваа книга за да покажат дека наводно има сцениран и планиран тек на настаните со појавата на омикрон варијантата.

Кои се фактите за омикрон?

Омикрон варијантата беше октриена на 9 ноември 2021 година. Светската здравствена организација на 26 ноември 2021 година, советувана од Техничкиот совет за еволуција на вируси на СЗО, ја означи варијантата B.1.1.529 како загрижувачка варијанта. Оваа одлука беше базирана на фактот што омикрон има неколку мутации коишто може да имаат влијание на тоа како овој сој се однесува, на пример, колку брзо се шири и сериозноста на болеста што ја предизвикува.

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга (International Standard Book Number – ISBN), од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Овој број открива врски на книгата со Јужна Каролина.

Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing).

Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година.

Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува со печатни грешки. Наместо “Understanding Omicron Variant”, треба да стои „Understanding The Omicron Variant”.

Иако оваа верзија на книгата не е достапна на Амазон, друга верзија со истиот наслов и автор се појави на сајтот на 16 декември 2021 година, објавена од истата адреса во Јужна Каролина.

На оваа поправена верзија од книгата, се вели дека копирајтингот е направен во 2021 година.

Поради фактот што не постојат никакви докази дека оваа книга е објавена и достапна за продажба пред декември 2021 година, како неточно го оценуваме тврдењето дека книгата е заштитена со авторски права во 2020 година, пред да постои омикрон варијантата. Оваа информација за заштитата со авторски права од 2020 година е поправена и сега во сегашната верзија на книгата е со датум од 2021 година. Исто така, станува збор за авторка која самата себеси се објавила (self published) така што процесот на контрола е изостанат во поглед на печатните грешки коишто постојат во оваа книга и за кои се напишани и неколку лоши оценки од читателите.

 

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција