Пораките на Мат Хенкок не се доказ за „пландемија“

Фото: Принтскрин видео

Протечените пораки во постот не докажуваат дека пандемијата против ковид-19 била измислена. Станува збор за комуникација меѓу тогашниот министер за здравство Мет Хенкок и негов асистент од која се гледа дека Хенкок прашува кога на јавноста да ѝ откријат дека има нова варијанта на ковид-19 – кент варијантата. Сепак, тоа не значи дека тој на некој начин ја планирал  варијантата. Впрочем, во моментот кога Хенкок дискутира со својот советник, кент варијантата веќе постои и се говори само за начинот на кој тоа ќе ѝ биде пренесено на јавноста

Протечените пораки во постот не докажуваат дека пандемијата против ковид-19 била измислена. Станува збор за комуникација меѓу тогашниот министер за здравство Мет Хенкок и негов асистент од која се гледа дека Хенкок прашува кога на јавноста да ѝ откријат дека има нова варијанта на ковид-19 – кент варијантата. Сепак, тоа не значи дека тој на некој начин ја планирал  варијантата. Впрочем, во моментот кога Хенкок дискутира со својот советник, кент варијантата веќе постои и се говори само за начинот на кој тоа ќе ѝ биде пренесено на јавноста

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Кога ке ја објавиме новата верзија (на ковид?)
Објавена е листа на комуникација на екс-министерот на здравство на Англија од која се гледат како е договарана ПЛАНДЕМИЈАТА.
Истата шема на планирана ПЛАНДЕМИЈА беше организирана насекаде низ светот. Сите држави се во агендата на сатанистите.
линк-кратко видео“.

Протечените пораки во постот што го рецензираме не докажуваат дека пандемијата против ковид-19 била „пландемија“, како што антивакциналните кругови ја нарекуваат од самиот нејзин старт. Станува збор за комуникација меѓу тогашниот министер за здравство Мет Хенкок и негов асистент од која се гледа дека Хенкок прашува кога на јавноста да ѝ откријат дека има нова варијанта на ковид-19. На 26 јуни 2021 година, инаку, Хенкок си поднесе оставка од функцијата министер за здравство.

Како што објави Би Би Си, Хенкок на асистентот му предложил „да ги исплашат сите“ (за ковид), а тие пораки ги објавило шоуто Сандеј Телеграф. Хенкок според пораките изгледа дека разговарал и за тоа кога да го открие на јавноста постоењето на варијантата кент на ковид-19, за да се осигури дека луѓето се придржуваат на мерките за локдаун кои тогаш беа на сила.

Повеќе од сто илјади пораки од Ватс Ап беа разоткриени од страна на новинарката Изабел Оакшот, којa е гласен критичар на локдауните.

Во една од пораките меѓу Хенкок и асистентот, од 13 декември 2020 година, 5 дена пред владата на Британија да одлучи да ги релаксира мерките поради божиќните празници, Хенкок дискутирал за тоа кога да го пушти известувањето за новата варијанта. Потоа тие разговараат за тоа дека градоначалникот на Лондон би се противел за нови заклучувања на Лондон. Советникот вели дека треба самите да ја откријат Кент варијантата без да сигнализираат однапред.

Сите ќе ги исплашиме со новата варијанта, одговара Хенкок.

Советникот одговара „Да, тоа ќе доведе до соодветна промена на однесувањето“.

Министерот тогаш прашува:

Кога ќе ја откриеме новата варијанта?

Хенкок ја откри новата варијанта следниот ден.

Во тоа време, пораките од кои се гледа дека Хенкок сакал да предизвика страв кај населението во пресрет на празниците за да ги мотивира тие да ги почитуваат заклучувањата и мерките за изолација, како и носењето маски, испровоцираа бројни критики за Хенкок испровоцираа  Но, тоа не значи дека тој ја планирал пандемијата односно дека станува збор за пораки кои докажуваат „пландемија“, како што се тврди во постот што го рецензираме. Проблематично е тоа што Хенкок сакал да предизвика страв и се договарал за тоа со својот советник, но никако не значи дека тој на некој начин ја планирал варијантата. Впрочем, во моментот кога тој дискутира со својот советник, кент варијантата веќе постои и се дискутира само начинот на кој тоа ќе ѝ биде пренесено на јавноста.

Уште помалку, пак, има докази за тврдењето во постот дека „истата шема на планирана пландемија била организирана секаде низ светот“. Такво нешто не се случи. Имаше глобална пандемија на ковид-19 на којашто светот координирано одговори, но и поединечно секоја држава одговараше според своите способности и можности.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека постот е со пропуштен контекст. Од пораките не може да се заклучи дека станува збор за „пландемија“ односно планирана пандемија, туку во пораките се дискутира за тоа како да се соопшти нова варијанта на јавноста.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција