Порно актерка прикажана како Славица од Свети Николе

Со пребарување на Интернет никаде не може да се најде информација дека Славица од Свети Николе освоила прво место на олимпијада по физика во Пекинг. Ако имало нешто такво, сигурно медиумите ќе известиле за тоа. Како што покажа нашето пребарување на Гугл, на фотографијата не е Славица од Свети Николе, туку поранешната либанска порноактерка Миа Калифа

Пост на Фејсбук споделува лажна информација дека девојка од С. Македонија освоила златен медал на Олимпијада по физика која се одржала во Пекинг. Во прилог на информацијата е и лажна фотографија од наводната девојка.

Во постот се вели:

Оваа девојка Славица Николовска од Свети Николе пред една недела освои прво место на олимпијадата по физика во Пекинг. Оти никој ништо не пиши за девојката.

Дека постот е лажен може да се види од две работи. Прво, со пребарување на Интернет никаде не може да се најде информација дека Славица од Свети Николе освоила прво место на олимпијада по физика во Пекинг. Ако имало нешто такво, сигурно медиумите ќе известиле за тоа. Второ, како што покажа нашето пребарување на Гугл, на фотографијата не е Славица од Свети Николе, туку поранешната либанска порноактерка Миа Калифа.

Фотографијата од Миа Калифа може да се најде тука и тука.

Поради сето ова, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Инаку, не  е првпат на социјалните мрежи да се споделуваат лажни вести за наводно успешни Македонци кои се прикажани со лажни фотографии, па дури и со порноактери. Таков беше случајот со Михаил од кичевско кој откри лек за коронавирус, за кој Вистиномер веќе пишуваше. И во овој случај, на фотографијата беше прикажан порно актер.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција