Порно актерот од Шпанија стана и македонски врвен кардиохирург

Фото: Videoplasty.com, CC BY-SA 4.0, Link

Кога ќе ја побарате фотографијата од наводно младиот хирург на Гугл, ќе видите дека таа се појавува на некои Фејсбук страници на шпански јазик и таму е посочено дека станува збор за доктор кој е осомничен за злоупотреба на некакви медицински лиценци, односно дека издавал лажни медицински лиценци. Фотографија, односно видео со истиот млад човек најдовме и на Твитер. Во ова видео, тој рекламира душеци за спиење

Кога ќе ја побарате фотографијата од наводно младиот хирург на Гугл, ќе видите дека таа се појавува на некои Фејсбук страници на шпански јазик и таму е посочено дека станува збор за доктор кој е осомничен за злоупотреба на некакви медицински лиценци, односно дека издавал лажни медицински лиценци. Фотографија, односно видео со истиот млад човек најдовме и на Твитер. Во ова видео, тој рекламира душеци за спиење

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Врвен кардиолог, кој одлично знае како треба да чука срцето на една жена, и многу битно да се одржува тој ритам во континуитет се враќа во Македонија за да работи тука.

Треба да се грижиме за младината да остане тука.

Посебно вакви врвни хирурзи.

Но, неговата способност не застанува тука.

Можете да го видите како водоинсталатер, чистач на базени, хаус мајстор. Не се срами од работа.

Има работа за тој што сака да работи.

Во прилог на објавата има и фотографија од млад човeк облечен во бел мантил на кој има значка со македонското знаме.

Објавата не содржи информација кој е младиот доктор, како се вика, од каде е, каде работи и слично.

Кога ќе ја побарате фотографијата од наводно младиот хирург на Гугл, ќе видите дека таа се појавува на некои Фејсбук страници на шпански јазик и таму е посочено дека станува збор за доктор кој е осомничен за злоупотреба на некакви медицински лиценци, односно дека издавал лажни медицински лиценци.

Фотографија, односно видео со истиот млад човек најдовме и на Твитер. Во ова видео, тој рекламира душеци за спиење.

Жорди „Ел Нињо Пола“ сега снима реклами за душеци. Ако не го знаете, побарајте го. Не на Порнхаб, туку на Гугл, стои во описот на едно од видеата.

Сепак, нашата проверка покажа дека личноста во белиот мантил всушност е порноактер од Шпанија.

И не е првпат тој да се појавува на социјалните мрежи во разни улоги, за што Вистиномер веќе има пишувано. Тој и претходно е споделуван во објави на македонски јазик и претставуван како Стојанче од Стајковци, успешен студент по медицина , но и како Михаил од кичевско кој нашол ефикасен лек против коронавирусот.

Ваквите измами на социјалните мрежи се многу честа појава, а луѓето ги споделуваат овие лажни вести без претходно да проверат за што станува збор.

Вистиномер и претходно има пишувано за објави во кои се споделуваат фотки од порноактери кои лажно се претставени како нашинци со цел да се користат за манипулации со емоции.

Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како сатира.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција