Порталб: Ковид-19 не е обичен грип, луѓето не ги убиваат во болница

Пандемијата ковид-19 е нова состојба не само за институциите што се справуваат, без разлика дали се глобални или локални, туку и за самите граѓани. Справувањето со пандемијата не е лесно за ниту една од страните, но уште потешко ја прави збунетоста и хаосот што ја предизвикуваат дезинформациите во јавноста, пишува Порталб.мк.

Како што се очекуваше, вториот бран на ширење на ковид-19 силно пристигна на есен. Откривањето и спречувањето на ширењето на овој вирус во есенската сезона станува уште потешко поради сличноста на овој вирус со сезонскиот грип. Симптомите на ковид-19 и сезонскиот грип може да бидат слични, но научните факти појаснуваат дека станува збор за две различни заболувања.

Зошто ковид-19 и грипот не се иста работа?

Брзината на пренесување е важна точка што прави разлика помеѓу двата вируси. Грипот има пократок период на инкубација (од моментот на инфекција до појавата на симптомите).

Децата се категорија најпогодена од грип и најголеми пренесувачи на овој вирус. Во однос на ковид-19, децата се помалку погодени од возрасните. Податоците од студиите покажуваат дека децата се заразени од возрасни, а не обратно. Додека опсегот на симптоми за двата вируси е сличен, развојот на болеста варира. За ковид-19, досегашните податоци покажуваат дека 80 проценри од инфекциите се благи или асимптоматски, 15 проценти се тешки, инфекции кои бараат кислород и 5 проценти се критични инфекции кои бараат вентилација. Најризични се децата, бремените жени, старите лица и лицата со хронично заболување.

Што се однесува до ковид-19, најзагрозени се старите лица и лицата кои страдаат од хронични заболувања. Смртноста кај ковид-19 се чини дека е поголема отколку кај грипот, особено кај сезонскиот грип.

Написот со наслов: „СКАНДАЛ! Најпознатите италијански лекари откриваат шокантни детали, откриваат зошто коронавирусот е најголемата измама во историјата: Вирусот не уби ниту една личност. Еве кој носи смрт (ВИДЕО) “, е објавен на неколку портали на албански јазик во нашиот регион и е објавен стотиципати на приватни профили на социјалните мрежи. Според анализата на интеракцијата на Фејсбук, од страницата на која е објавен овој напис, тој бил дистрибуиран 300 пати.

По неколку дена, истиот напис е повторно објавен со некои дополнителни податоци на заговор. Само од личниот профил на еден поединец на Фејсбук, вториот дел од овој напис е дистрибуиран околу 120 пати, додека предизвикал дебата со десетици коментари.

Овие написи, без научна основа и без проверени извори, се објавуваат стотици пати на социјалните мрежи и манипулираат со јавното мислење.

И покрај ова, преовладува уверувањето дека новата пандемија со која се соочува целиот свет е само обичен грип. Скоро насекаде се слуша ваквата теорија, или пак, се среќава во многу коментари и објави на социјалните мрежи. „Нема нов вирус, тој е само обичен грип“, „никој реално не умира од вирусот“, „луѓето во нашите болници ги убиваат“.

Написот тврди дека некои италијански лекари откриле големо откритие, но во ниту еден момент не се споменуваат имињата на лекарите и нивното академско потекло. Написот не одговара  на петте новинарски прашања (зошто, каде, кога, како, што). Всушност, овој напис првично беше дистрибуиран во италијанските медиуми и предизвика многу полемики. Теоријата што ја пренесува овој напис е демантиран од италијанските медиуми.

 

Како се шират лажните вести?

Сите ние сме изложени на огромна количина на информации за ковид-19 на дневна основа, и не сите се точни. Затоа, многу е важно да имате предвид некои елементи кога читате статија. Не треба да станеме жртви на сензационални наслови, треба да ги провериме фактите, да ги разгледаме изворите користени во написот и да бидеме информирани од веродостојни медиуми за вести.

Дезинформациите се многу опасни за јавноста, има случаи кога дезинформациите можат да бидат причина за погрешни постапки на поединецот и последиците да бидат фатални. Затоа, задачата на новинарот во вакви околности е многу важна. Според етичкиот кодекс за новинари: „Начинот на обезбедување на информации во случаи на катастрофи, природни катастрофи, војни, семејни трагедии, болести, судски процеси мора да биде ослободен од сензационализам.“

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција