Портали го донесоа корона вирусот во регионот, а „носителот“ остана во Индија

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Најактуелната тема во медиумите во регионот, впрочем исто како и во целиот свет, е секако новиот корона вирус и ширењето на епидемијата, а медиумите се тркаат кој ќе привлече што е можно повеќе читатели на своите содржини на оваа тема, честопати и со манипулативни и заведувачки наслови, односно кликбејт.

Таков случај откри босанскиот сервис за борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“ во објави на три портали во БиХ и пошироко.

Текстовите биле со наслов „Прв случај во регионот: За државјанин на Србија има сомнеж дека е заразен со КОРОНАВИРУСОТ“, со што, оценува Raskrinkavanje.ba, се кажува дека случајот е забележан во регионот, во текстовите точно се наведува дека државјанин на Србија е ставен во карантин „во градот Гоа во Индија“, односно сомнителниот пациент воопшто не стасал во регионот.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција