Пост неточно споделува изјава на Папата за С. Македонија и за Бугарија

Фото: Zebra48bo, Википедија, CC4.0

При посетата на Папата на Македонија и Бугарија во мај 2019 година, тој изјави дека „Македонија е симбол на тоа како христијанството влезе на запад преку Апостол Павле кој сакаше да оди во Азија, но беше повикан во Македонија“. Од друга страна, изјавата што се пренесува во објавата на Фејсбук е без контекст и пренесена со нелогична и погрешна интерпретација

При посетата на Папата на Македонија и Бугарија во мај 2019 година, тој изјави дека „Македонија е симбол на тоа како христијанството влезе на запад преку Апостол Павле кој сакаше да оди во Азија, но беше повикан во Македонија“. Од друга страна, изјавата што се пренесува во објавата на Фејсбук е без контекст и пренесена со нелогична и погрешна интерпретација

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук, кој е доста вирален и кој со тон на навивање тврди дека Папата Франциск им одржал лекција по историја на Бугарите.

Папата во одбрана на Македонија, се вели во кратко во објавата.

Постот споделува линк од напис, кој, кога ќе го отворите, ќе видите дека содржи само една нејасна формулација, односно реченица и ништо повеќе.

Тоа се две различни нации. За нас христијаните Македонија е симбол на навлегувањето на христијанството во западната црква.

Од ова, не е јасно кој ја дал изјавата, ако ја кажал Папата, каде и кога го изјавил и кој е поширокиот контекст. Во насловот, иако стои дека веста има видео, такво нешто нема.

Вистиномер се потруди да открие дали и кога Папата Франциск изјавил вакво нешто. Според фотографијата објавена во текстот, а која ја пребаравме на Гугл, откривме дека станува збор за посетата на Папата на Македонија и Бугарија во мај 2019 година. Фотографијата е од прес-конференцијата за новинари која Папата ја одржа за време на летот од Скопје кон Рим.

Запрашан за неговите најсилни впечатоци од двата народи кои ги посети, папата Франциск тогаш рече дека „тие се две сосема различни земји“.

Бугарија, објасни тој, е нација со вековни традиции; додека Македонија има вековни традиции, но не како земја, туку како народ. Независноста на земјата е не многу одамна, но папата Фрањо ја пофали „добрата борба“ за таа цел. Македонија е симбол на тоа како христијанството влезе на запад преку Апостол Павле кој сакаше да оди во Азија, но беше повикан во Македонија. Народот во Северна Македонија никогаш не ја пропушта можноста да нè потсети дека христијанството влезе преку нивната врата, рече Папата, а пренесе Ватикан Њуз.

Според ова, Папата тогаш изјавил дека христијанството навлегло на запад преку Македонија, со пристигнувањето на Апостол Павле на овие територии. Постот што го анализираме, пак, тврди дека „Македонија е симбол на навлегувањето на христијанството во западната црква“, што е многу нелогична и воедно погрешна интерпретација на изјавата на Папата. Христијанството не може да навлезе во „западната црква“, се разбира. Ако „западната црква“ веќе постоела, тоа значи дека Христајнството веќе било навлезено на териториите на црквата. Црква без христјанство не може да постои – таа е резултат на веќе претходното постоење на христјанската религија на тој простор. А не обратно.

Имајќи го предвид сето ова, можеме да кажеме дека оваа три години стара изјава на Папата Франциск (за која не е јасно зошто сега се реобјавува), е толку неточно пренесена, што го прави неточен и целиот линкуван пост. Исто така, во изјавата на Папата Франциск нема никаква „одржана лекција по историја на Бугарија“, ниту, пак, тоа беше целта на посетата или целта на изјавата. Со оглед на сето ова, односно со оглед на неточните елементи во линкуваниот пост, може да се заклучи дека тој е невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција