Постот дезинформира дека 150 илјади луѓе биле убиени од вакцините
Написот што се споделува во постот се повикува на податоци од американскиот бизнисмен Стив Кирш за кого повеќе извори наведуваат дека е промотор на дезинформации за ковид-19. Кирш, пак, се повикува на американскиот систем за следење на несакани реакции после вакцинација – ВАЕРС, кој е за рано предупредување, а не за егзактно броење на смртност или ефикасност на вакцината. На веб-страницата на ВАЕРС системот пријава може да поднесе секој, без притоа да има какви било докази дека вакцината ја предизвикала несаканата реакција. Податоците за фаталните ефекти од вакцинацијата кои ги изнесува бизнисменот Кирш, се произволни, немаат медицинска поткрепа и се базираат на статистички грешки
Написот што се споделува во постот се повикува на податоци од американскиот бизнисмен Стив Кирш за кого повеќе извори наведуваат дека е промотор на дезинформации за ковид-19. Кирш, пак, се повикува на американскиот систем за следење на несакани реакции после вакцинација – ВАЕРС, кој е за рано предупредување, а не за егзактно броење на смртност или ефикасност на вакцината. На веб-страницата на ВАЕРС системот пријава може да поднесе секој, без притоа да има какви било докази дека вакцината ја предизвикала несаканата реакција. Податоците за фаталните ефекти од вакцинацијата кои ги изнесува бизнисменот Кирш, се произволни, немаат медицинска поткрепа и се базираат на статистички грешки
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека поранешен промотор на вакцинацијата кажал:
Со вакцината се убиваат 117 деца за да се спаси можеби еден живот.
150 илјади луѓе се убиени од вакцината
Во постот се споделува и линк од текст, а кога ќе се пристапи до написот се доаѓа до податокот дека лицето кое го изјавило ова е американскиот бизнисмен Стив Кирш кој има основано неколку големи компании во Силиконската долина, а познат е по тоа што е еден од двајцата изумители на оптичкиот глушец. За него повеќе извори наведуваат дека е промотор на дезинформации за ковид-19.
ПАУШАЛНИ ТВРДЕЊА
После 6 месеци следње на вакцинираните, и покрај трендот на намалување на ефикасноста на вакцината на „Фајзер“, таа сепак има поволен профил на безбедност и е високоефикасна во превенција на ковид-19.
Понатаму во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека се убиваат 117 деца со вакцините за да се спаси еден детски живот. Ова тврдење е невистинито и е побиено од проверувачите на факти на „Лид Сторис“.
Едноставно, не постојат докази за да се поддржи ова тврдење за 117 убиени деца со вакцините на едно спасено дете. До бројката се дошло според пријави на ВАЕРС, за кои не може да се каже дека се верификувани. И Американската агенција за храна и лекови и Центарот за контрола и превенција на болести ја имаат одобрено вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години. Кирш, пак, се повикува на антиваксерот Тоби Роџерс, кој има докторат во политичка економија,Но, и неговите и тврдењата на Кирш, според „Фајзер“ не се вистинити.
Кит Лонгли, претставник на „Фајзер“ за „Лид Сторис“ рекол дека овие тврдења се лажни и дека во документите на Агенцијата за храна и лекови се покажани бенефитите на вакцината кои се далеку поголеми од ризиците и дека и ФДА и Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години.
Марта Шаран, од Центарот за контрола и превенција на болести на САД, за „Лид Сторис“ вели дека има 28 милиони деца од 5 до 11 години во САД и барем 1.5 милиони случаи на ковид-19 во оваа возрасна група од 7 март 2020 до 13 септември 2021.
Со вакцинирањето на децата повозрасни од 5 години, може да им помогнеме да не се заразат со ковид-19, да ги заштитиме од хоспитализација или долгорочни компликации од ковид-19. Според студија од 14 држави која се однесува на хоспитализациите поврзани со ковид 19 кај деца и адолесценти, за време на бранот од јуни до август 2021 година, бројот на деца хоспитализирани со ковид- 19 се зголеми петпати, коинцидирајќи со рапидниот раст на делта варијантата која е многу заразна. Вакцините против ковид-19 се подложни на најригорозните и најинтензивните мониторирања за безбедност во историјата на САД. Децата може да имаат несакани ефекти од нив, кои се нормален знак дека нивното тело гради заштита, но тие несакани ефекти си заминуваат за неколку денови. Сериозни компликации после вакцинација против ковид-19 се ретки, но може да се случат. Меѓутоа, ризикот од сериозни компликации поврзани со ковид инфекција вклучително хоспитализација, мултисистемски воспалителен синдром или смрт од ковид, се поголеми отколку ризиците од миокардитис или перикардитис, хоспитализација или смрт од вакцина, вели таа за „Лид Сторис“.
Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години беше авторизирана на 29 октомври 2021 година и тогаш Агенцијата за храна и лекови на САД издаде соопштение во кое наведува дека вакциналната безбедност била испитувана на 3.100 деца на возраст од 5 до 11 години кои ја примиле вакцината без никакви сериозни несакани ефекти.
Понатаму во постот што го рецензираме се вели дека се спасува само едно лице на 22 илјади вакцинирани, што значи дека спасени годишно се само 10 илјади луѓе, а умираат 3 милиони од вакцината. За овие спасени и починати лица, нема ни извор, ниту пак, фигурираат како бројка во кој било официјален извештај на мединските институции во светот. За наводите на бизнисменот Стив Кирш, правени се повеќе исклучително комплицирани статистички побивања од страна на научници при што е констатирано дека се неосновани и се базираат на статистички грешки (погледнете ја оваа сериозна анализа на сите грешки во статистиките на Кирш кои ги откри Џефри Морис, директор а биостатистика на Универзитетот во Пенсилванија на факултетот за медицина).
Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме оценуваме дека е невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар