Постот манипулира дека американската администрација официјално потврдила лабораториско потекло на ковид-19

Фото: pixabay.com

Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш  предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала сигурност“ смета оти вирусот избегал од лабораторија. Овој извештај не е објавен во јавноста, а официјални лица во Вашингтон нагласуваат дека повеќето американски агенции не се согласуваат со него

Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш  предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала сигурност“ смета оти вирусот избегал од лабораторија. Овој извештај не е објавен во јавноста, а официјални лица во Вашингтон нагласуваат дека повеќето американски агенции не се согласуваат со него

 

Рецензираме пост на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека американската администрација официјално потврдила коронавирусот е креиран во кинеска лабараторија. Ова е дезинформација.

Во постот стои:

Официјално од американската администрација – Корона 19 вирусот е од кинеска лабораторија КАДЕ БИЛ КРЕИРАН.

Само пред една год. ваквата информација беше забранета и третирана како теорија на заговор, лажна информација….

квазиинтелектуалата вриштеше од мудрување со верба во науката и властите…

Од денес, официјално за зомбите-верници на квази науката и властите истата информација е факт.

“Ова е најголемиот криминал во историјата” – Tucker Carlson, Fox News

Во постот се споделува и фотографија од објава на Такер Карлсон, водителот на американскиот канал Fox News, со наслов дека администрацијата на Бајден официјално дека потврдила дека коронавирусот е произведен во кинеска лабараторија.

Потеклото на ковид-19 официјално сè уште не е потврдено. Три години по почетокот на пандемијата, сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно или истекол од лабораторија.

Кога станува збор за дезинформациите за ковид-19, секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш  предизвикува враќање на лажните вести, конспирациите и теориите на заговор поврзани со коронавирусот.

Тоа се случи и оваа недела откако од Одделот за енергетика протече информација дека последниот извештај, со мала доверба, утврдил дека вирусот избегал од лабораторија. За неколку часа на интернет просторот повторно одекнаа теории на заговор поврзани со ковид-19, при што многу коментатори велат дека класифицираниот извештај е доказ дека цело време биле во право.

Далеку од дефинитивен, извештајот на Одделот за енергетика е најновиот од многуте обиди на научниците и официјалните лица да го идентификуваат потеклото на вирусот, кој досега уби речиси седум милиони луѓе откако за првпат беше откриен во централниот кинески град Вухан кон крајот на 2019 година, пишува Apnews.

Овој Извештај не е објавен во јавноста, а официјални лица во Вашингтон нагласуваат дека повеќето американски агенции не се согласуваат со него.

Поголемиот дел од доказите продолжуваат да го поддржуваат природното потекло, изјави вирологот Ангела Расмусен за Асошиетед прес во средата (01.03.2023).

Јас сум научник. Треба да ги видам доказите, а не да се потпрам на изјавата на директорот на ФБИ, пренесе Apnews. 

Официјалните лица од Одделот за енергетика одбија да потврдат дека вирусот е создаден во лабараторија.

 Ние не можеме ниту да го потврдиме, ниту да го негираме околу приказната на ВСЏ (Вол Стрит Џрнал), изјавил портпаролот на Одделот за енергетика за Вокс.

Инаку, како што пишува Фокс њуз, со слично тврдење дека коронавирусот е лаборатириски производ излезгле и од Федералното биро за истраги (ФБИ).

ФБИ пред подолго време оцени дека пандемијата најверојатно потекнува од потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјавил директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, за „Фокс њуз“ во вторникот (28.02.2023).

Но, како што пишува  Вокс,  ова тврдење е спротивно на ставовите на четири други федерални агенции и националниот панел за разузнавање, кои заклучија дека вирусот САРС-КоВ-2 што предизвикува ковид-19 е пренесен кај луѓето  по природен пат од заразено животно.

Дискусиите околу потеклото на ковид-19 остануваат жестоки меѓу политичарите и научниците. Дури и во американската влада, различни агенции не можат да се договорат. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан за Си-Ен-Ен изјавил:

Во моментов нема дефинитивен одговор за ова прашање што се појави од разузнавачката заедница, пренесува Вокс.

 

Во 2020 година СЗО официјално кажа достапните докази покажуваат дека коронавирусот потекнува од животни во Кина и не бил манипулиран или произведен во лабораторија како што се тврди, соопшти Светската здравствена организација на брифинг со новинарите во Женева.

Веројатно, вирусот е од животинско потекло, рече тогаш портпаролката на СЗО, Фадела Чаиб.

Тим научници назначени од СЗО полетаа во Вухан на почетокот на 2021 година во мисија да го истражат изворот на пандемијата.

По поминати 12 дена таму, што вклучуваше и посета на лабораторијата, тимот заклучи дека теоријата за истекување од лабораторија е „исклучително неверојатна“, пренесе Би-би-си.

 

Голем дел од научната фела смета дека вирусот дошол од природата

Стандардниот одговор за повеќето научници е дека вирусот, САРС-КоВ-2, веројатно дошол до луѓето од лилјаци, преку директно прелевања. Тоа е она што се случи со коронавирусот одговорен за САРС и МЕРС, а таквите зоонозни настани се стандардни за патогени кои се појавуваат.

Експертски панел на Националната акадмеија на науките од Мелбурн во октомври минатата година (2022), заклучи дека САРС-КоВ-2 веројатно природно се прошири при зоонотички скок од животно на луѓе – без помош од лабораторија.

Нашиот труд препознава дека постојат различни можности за потекло, но доказите за зооноза се огромни,  вели коавторот Даниеле Андерсон, виролог од Универзитетот во Мелбурн Извештајот вклучува анализа која покажа дека рецензирана научна литература со огромно мнозинство ги поддржува зоонотичките хипотези…., пишува Science.org. 

Поради горенаведените факти оценуваме дека овој пост е манипулативен и ја дезинформира јавноста.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција