Постот манипулира дека страшна трагедија му се случила на Ѓоковиќ
На оваа објава ѝ недостига контекст, таа ја манипулира публиката за да привлече повеќе кликови. Постот преку насловот на текстот, во кој нагласува дека „се случила страшна трагедија и на социјалните мрежи „кружи ведео од Новаќ Ѓоковиќ“, кај читателите создава погрешна слика дека нему му се случило нешто лошо. Иако тоа не е случај, „трагедијата“ во насловната конструкција на текстот, се однесува на разорниот земјотрес којшто на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија
На оваа објава ѝ недостига контекст, таа ја манипулира публиката за да привлече повеќе кликови. Постот преку насловот на текстот, во кој нагласува дека „се случила страшна трагедија и на социјалните мрежи „кружи ведео од Новаќ Ѓоковиќ“, кај читателите создава погрешна слика дека нему му се случило нешто лошо. Иако тоа не е случај, „трагедијата“ во насловната конструкција на текстот, се однесува на разорниот земјотрес којшто на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија
Рецензираме пост на Фејсбук кој преку манипулативен наслов сака да привлече што е можно повеќе кликови. Постот споделува вест со наслов:
(ВИДЕО) CTPAШНА TPAГEДИJA: НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ДЕНЕС КРУЖИ ВИДЕО ОД НОВАК ЃОКОВИЌ
Кога ќе погледнете ваков наслов веднаш помислувате дека нешто страшно му се случило на најдобриот тенисер во светот и секако веднаш ве тера да кликнете на линкот за да видите за што станува збор. Но, кога ќе го отворите написот, ќе видите дека сè е во ред со Новак Ѓоковиќ и дека не му се случила никаква трагедија, како што се наведува во објавата.
Она на што се однесува „трагедијата“ е изјава на Ѓоковиќ за разорниот земјотрес што ја погоди Турција.
На видеото со Новак, кој на Фејсбук го сподели фудбалскиот клуб „Самсунспор“, е и еден турски државјанин, момче по име Јусуф, кој моментално се наоѓа во Белград. „Здраво на сите, еве ме овде со мојот пријател Јусуф во Белград и сакав да ги испратам моите најубави желби и поздрави до народот во Турција, кој поминува низ многу тешки моменти. Ги видов фотографиите, видеата од последиците по земјотресите, и моето срце оди со сите и се надевам дека луѓето ќе останат силни и ќе се опорават заедно многу брзо. Најубави желби и останете силни – порача Ноле, стои во текстот под објавата.
Очигледно е дека насловот нема никаква врска со текстот и истиот е манипулативен. Поради тоа има и бројни коментари и критики под самиот пост:
Не знаете ни еден наслов да напишете
Насловот ви е трагичен, катастрофален,
Насловот на текстот ви е нула,
Каде е тука трагедијата, па дури и страшна
Ова се само дел од коментарите под објавата која е доста вирална и очигледно е дека ја постигнала целта.
На постот што го анализираме му недостига контекст. Оваа објава нема намера да ја информира публиката, туку да ја манипулира, за да привлече повеќе кликови. Постот преку насловот на текстот, во кој нагласува дека „се случила страшна трагедија и на социјалните мрежи „кружи ведео од Новаќ Ѓоковиќ“, создава погрешна слика кај читателите дека нему му се случило нешто лошо. Иако тоа не е случај, „трагедијата“ во насловната конструкција на текстот, се однсеува на разорниот земјотрес којшто на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар