Постот шпекулира дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ договориле референдум за уставни измени

Фото: Официјална Фејсбук страница на Собрание на Р. С. Македонија

Изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски, ниту Ковачевски, досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема

Изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски, ниту Ковачевски, досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема

 

 

Пост на Фејсбук манипулира дека двете најголеми партии (се мисли на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) се договориле на ист ден со парламентарните и претседателските избори, да се одржи и референдум за уставни измени, со кој ќе се вметнат Бугарите во Уставот. Ова не е точно.

2те најголеми партии (неформално) договорија референдум за промена на Уставот, кој ќе се случи во ист ден со претседателските и парламентарните избори. Ова е лоша вест бидејќи нема да може да играме на картата на бојкот на референдумот, а партиите и амбасадорите може да направат фалсификат. Од друга страна не се знае дали СДСМ ќе остане на дадениот збор, како и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот поради можноста за изборна замка од СДСМ.
Борбата за Македонија е тешка, но мора да се бориме до крај! Не сакаме бугари во Уставот!, пишува во постот.

Тврдењето изнесено во постот не е поткрепено со никакви докази и факти, туку се заснова само на произволно толкување. Точно е дека премиерот Димитар Ковачевски потврди дека парламентарните избори во 2024 година ќе се одржат на ист ден со претседателските, но никој досега не спомнал никаков референдум за уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот.

Исто така, за датумот на изборите не постои никаков договор меѓу двете најголеми партии, а тоа особено се гледа по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој постојано бара предвремени избори.

Она за што се зборува во јавноста е потребното двотретинско мнозинство (80 гласа од пратениците) за да се пристапи кон уставните измени.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ досега во многу наврати повторил дека нема да поддржи уставни измени и повикувал на предвремени парламентарни избори кои на некој начин би биле референдум за тоа дали граѓаните поддржуваат Бугарите да се внесат во Уставот, на што тој се спротивставува.

Ние не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните промена на Устав, не излеговме на избори ветувајќи им на граѓаните потпишување на капитулација и предавство. Тој што тоа го потпишуваше треба да знае дека нема услови тоа да го испорача, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 7 јануари одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени.

Од друга страна, она што исто така е спорно во тврдењето на постот, е каков би бил тој референдум, дали обврзувачки или консултативен. И во двата случаи, и да биде успешен референдумот или неуспешен, за уставни измени потребно е двотретинско мнозинство. Мицкоски досега не спомнал дали би гласал во Собрание за уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот ако референдум по тоа прашање има и истиот е успешен. Ова од причина што досега референдумот, како што спомнавме и претходно, не бил воопшто спомнат како опција. Кога би имало таква понуда, тогаш очигледно е дека за неа треба прво да се изјаснат партиите.

Вистиномер праша во двете најголеми партии дали е точно дека тие се договорилие заедно со изборите да има референдум со цел уставни измени. Од СДСМ ни одоговорија дека тоа е шпекулација. Од ВМРО-ДПМНЕ не добивме одговор на нашето прашање.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски ниту Ковачевски досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени, кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема. Поради тоа, постот го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција