Повеќето градинки во Гегелија со заменети покриви

Повеќе гевгелиски градинки добија нови кровови Фото: Pixabay

 

Ветување: Промена на азбесните покриви во детските градинки

Градинките во општина Гевгелија се изградени одамна и имаат потреба од замена на сите покриви, кои се дотраени и од несоодветни материјали. Заради обезбедување здравствено исправни услови за престој на децата, ќе ги замениме покривите со соодветни материјали, кои ќе обезбедат и дополни- телна енергетска ефикасност (Рок: 2014-2017 година)

 

OБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: Промена на азбестните покриви во детските градинки“,  е најавен во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и на  градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов за локалните избори во 2013 година (во делот Социјална заштита и превенција стр .62). Според проверката на „Вистиномер“, ова изборно ветување на градоначалникот  Франгов, кој функцијата градоначалник ја извршува веќе втор мандат, е  делумно исполнето.

Во  ноември 2015 година медиумите информираа дека ќе се менуваат крововите на неколку детски градинки во Гевгелија, Негорци и Миравци. Во истата информација може да се прочита дека 2014 година  бил „заменет кровот на детската градинка Сончогледи“.

Со детално пребарување на интернет на сајтот на Општината се доаѓа до податок дека  во 2016 година била направена реконструкција и замена на покривите на три детски градинки во Гевгелија и околината:

Извршена е замена на азбестните покриви на градинката „Детска радост“ во Гевгелија и на градинките во Миравци и во Негорци.  За реализацијата на проектот од општинскиот буџет беа издвоени 4.432.000 денари. Со ова всушност  продолжи акцијата за замена на сите азбестни покриви во детските установи со цел да се обезбедат здрави и квалитетни просторни услови за најмладите. Наскоро ќе биде распишан тендер за реконструкцијата на покривот и на детската градинка „Цветови“ во Гевгелија со што овој проект целосно ќе биде реализиран.

Како што може да се види, за реконструкција бил оставен покривот на градинката „Цветови“. Ниту на сајтот на Општината, во делот јавни набавки ниту по локалните или централните медиуми, не можевме да најдеме потврда дека е распишан тендерот за замена на кровот на споменатата градинка или, пак, дека тоа е веќе сторено.

Поради ова, ветувањето на Франгов дадено во 2013 година за замена на покривите на градинките со материјали кои не се штетни по здравјето на луѓето, го оценуваме како делумно исполнето.

 

ИЗВОРИ:

Оценил: Тео Блажевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција