Повредената жена во сообраќајката на автопатот Велес-Скопје не се бори за живот

Објава на Фејсбук преку насловот на текстот: „Лоши вести во Маkедонија: Синот починал на лице место а неговата мајkа се бори за живот“, дезинформира дека во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје е тешко повредена возрасна жена. Овој дел од насловот е неточен, бидејќи жената имала само гребнатинки на главата и на десната потколеница, повреди кои се сметаат за лесни и не се животозагрозувачки

Објава на Фејсбук преку насловот на текстот: „Лоши вести во Маkедонија: Синот починал на лице место а неговата мајkа се бори за живот“, дезинформира дека во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје е тешко повредена возрасна жена. Овој дел од насловот е неточен, бидејќи жената имала само гребнатинки на главата и на десната потколеница, повреди кои се сметаат за лесни и не се животозагрозувачки

 

Постот што го рецензираме пренесува вест за сообраќајна несреќа во којашто животот го загубило едно лице на возраст од 60 години. Во сообраќајката била повредена и мајката на починатиот, 89 годишна жена, којашто спротивно на она што се тврди во насловот, не излегла од сообраќајната несреќа со тешки, туку со лесни телесни повреди.

Насловот на вестите претставува синтеза, односно сиже на најважните информативни аспекти. Во конкретниот текст, насловот и содржината на текстот не се совпаѓаат, односно дијаметрално се разликуваат. Насловот во секој случај е круната на новинарскиот производ, мора да е фактички точен, недвосмислен, да не манипулира и да не содржи информации кои самиот текст не може да ги издржи, односно кои  не се прикажани во текстот.

Во насловот се тврди дека мајката на починатиот син се бори за живот, а во текстот се тврди дека 89-годишната жена имала лесни повреди.

Дека станува збор за лесни телесни повреди кај жената потврдуваат и од велешката болница во следната изјава. 

Го реанимиравме повеќе од 5 минути, но реанимацијата не даде резултат. Откако констатиравме смрт ја забележавме жената во автомобилот, која со помош на патници кои се затекнаа во моментот на автопатот, успеавме да ја извадиме од автомобилот и да и укажеме помош иако таа беше во свесна состојба. Возрасната жена имаше само гребнатинки на главата и на десната потколеница. Автомобилот го затекнавме прописно паркиран иако имаше мали оштетувања на каросеријата. Екипата на Итна помош го организираше транспортот на повредената старица до Хирушки амбуланти на Општа болница Велес каде ја предадовме на дежурните колеги специјалисти, рече д-р Жарко Манасков од велешка Итна помош.

Следствено, неточно е дека 89 годишната жена се бори за живот, бидејќи таа имала само гребнатинки на главата и на десната потколеница, повреди кои се сметаат за лесни и не се животозагрозувачки.

Насловот на текстот го оценуваме како делумно невистинит, поради овој факт.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција