Повторно дезинформации дека корона вирусот е „американско оружје“

Фото: ЦДЦ

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите Faktograf.hr раскринкува една дезинформација што е долго присутна на социјалните мрежи – дека новиот корона вирус COVID-19 е биолошко оружје на САД против Кина и Италија. Непосреден повод е објавата на ваквите тврдења на Фејсбук-страницатa на хрватската политичка партија „Promijenimo Hrvatsku“ (Да ја измениме Хрватска).

Но, според последните податоци, во САД се идентификувани повеќе од 3.600 заразени, а заразата предизвика пад и на берзата во Њујорк, и тоа тврдења е крајно нелогично, пишува Faktograf.hr.

Исто така, има многу научни елаборации, вклучително и писма на значителен број научници во угледниот магазин „Лансет“, кои јасно ја отфрлаат ваквата шпекулација, пишува сервисот.

Босанскиот сервис за борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“ , пак, се зафати со оповргнување лажна вест дека Милорад Додик, српскиот член во претседателството на БиХ е заразен со COVID-19.

Дезинформацијата се појавила на порталот „Krvavi balkan“ (Крвав Балкан), кој нема импресум, а таа не била објавена на ниту еден друг портал.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција