Повторно се шират дезинформации за предците на европските политичари
Антизападната пропаганда сакајќи да ги претстави европските политичари и официјални лица на европските институции како „нацисти“, со месеци наназад се обидува да ги поврзе нив и нивните семејства со нацисти и фашисти. Но, семејните стебла на политичарите покажуваат дека станува збор за дезинформации
Антизападната пропаганда сакајќи да ги претстави европските политичари и официјални лица на европските институции како нацисти, со месеци наназад се обидува да ги поврзе нив и нивните семејства со нацисти и фашисти. Но, семејните стебла на политичарите покажуваат дека станува збор за дезинформации
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
9-ти мај, денот кога дедовците и татковците од Шваб, Урсула, Шолц, Мерц беа поразени. Ден незаборавник.
Антизападната пропаганда сакајќи да ги претстави европските политичари и официјални лица на европските институции како „нацисти“, со месеци наназад се обидува да ги поврзе нив и нивните семејства со нацисти и фашисти. Но, семејните стебла на политичарите покажуваат дека станува збор за дезинформации.
Во конкретната објава што ја рецензираме се споменува 9 Мај, којшто Русија го одбележува како Ден на победата над фашизмот кога била потпишана безусловна капитулација на нацистичка Германија (9 Мај 1945 година). Следствено, објавата тврди дека дедовците и татковците на Клаус Шваб, Урсула фон дер Лајен, Олаф Шолц и Фридрих Мерц биле на страната на нацистите односно биле „поразени на 9 Мај“.
Тоа дека наводно „таткото на Клаус Шваб бил генерал во нацистичка Германија“ не е точно и дебанкирано е од страна на проверувачите на факти на „Мит Детектор“. Тврдењето дека таткото на основачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб, бил член на нацистичката партија и бил во блискиот круг на Адолф Хитлер е дезинформација. Таткото на Клаус Шваб (Еуген Шваб) бил комерцијален менаџер на швајцарската компанија „Ешхер Вајс“ во Равенсбург, јужна Германија и не бил член на нацистичката партија, ниту пак, имал врски со Хитлер. Проверувачите на факти на „Франс Прес“ пронајдоа архивски документи за процесот на денацификација поврзани со Еуген Шваб.
Денацификацијата претставува програма на сојузниците после Втората светска војна чија цел е да се елиминира нацизмот во Германија и Австрија. Во рамките на програмата многу луѓе биле испрашувани за да ги објаснат своите поврзаности со нацистички организации. Досието на Еуген Шваб покажува дека тој бил интервјуиран двапати во 1946 година. Досието исто така покажува дека Еуген Шваб не бил член на нацистичката партија, ниту пак, имал врски со Адолф Хитлер. Треба да се забележи и дека за време на Втората светска војна „Ешхер Вајс“ како и другите фабрики во Германија ја користела принудната работа на затворениците, но тој процес бил „загарантиран“ и не зависел и не бил директно поврзан со менаџерот на фабриката, пишуваат проверувачите на факти на „Мит Детектор“.
Што се однесува на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, нејзиното сегашно презиме е од нејзиниот сопруг. Таа е родена како Урсула Гертруда Албрехт, ќерка на Ернст Албрехт (1930-2014) и внука на Карл Албрехт ( Карл Едуард Албрехт, 1902-1965). Карл Албрехт, таткото на Ернст и дедото на Урсула фон дер Лајен, бил лекар и психолог кој, според германска новинска агенција служел како лекар за време на Втората светска војна. Како што пишува „Еуроњуз“, во минатото се ширеле и невистинити фотографии за да ја поврзат фон дер Лајен односно нејзините предци со нацизмот и со Хитлер, за што нема апсолутно никакви докази. Во Disinfo Bulletin на Европската комисија за забележување на дезинформации се нотира дека наративот дека Урсула фон дер Лајен припаѓа на семејство поврзано со нацизмот е невистинит и создаден во насока да се претстават институциите на Европската Унија како анти-демократски.
Што се однесува до доскорешниот канцелар на Германија Олаф Шолц за него на разни Телеграм канали веќе се прошири дезинформација дека „Фриц фон Шолц, генерал-полковник на Вафен СС, му бил дедо“. Како што пишува „Дојче Веле“ повикувајќи се на портпаролот на германската влада ова тврдење е „апсолутна бесмислица“.
Таткото на Олаф Шолц е роден во 1935 година и неговите дедо и баба работеле во железници во Хамбург, како што е документирано во биографската архива Мунзингер. Презимето Шолц е рангирано на 47-то место на најчести презимиња во Германија и има над 30 илјади лица кои живеат во Германија со тоа презиме според страницата за генолошко следење „Геоген“, пишува „Дојче Веле“.
Новиот германски канцелар Фридрих Мерц, тој е роден на 11 ноември 1955 од татко Јоаким Мерц (роден во 1924) и мајка Паула Совињи. Јоаким Мерц е роден во 1924 година во градот Бреслау, сега Вроцлав, Полска. На 17 години, бил регрутиран во Вермахтот и завршил како воен заробеник четири години. По враќањето во Германија, станал судија и претседавал со случаи во кои биле вклучени поранешни нацисти. Нема информации што укажуваат дека бил член на Нацистичката партија. Дедото по мајка на Мерц, Јозеф Пол Совињи, првично член на десничарската Католичка централна партија, и градоначалник на Брилон од 1917 до 1937 година. Тој бил член на нацистичката партија. Според весникот Таз од Германија, кога тие пишувале за дедото на Мерц, тој ги тужел. На весникот „Таз“ во Германија судот му забрани да тврди дека дедото на Мерц е негов „најголем модел“ или „политички пример“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар