Повторно се шират невистини за ковид вакцинацијата и смртноста
Статистиката за починати луѓе во изминатата година, прикажана во текстот од објавата што ја рецензираме, претставува стандардна статистичка операција – се објавува секоја година и нема врска со ковид пандемијата и вакцинацијата. На сајтот на ДЗС може да се најдат извештаи за смртноста во претходната година (2024) заедно со главните причинители, како и извештаи за други години. На пример, за 2023 година може да го прочитате овде
Статистиката за починати луѓе во изминатата година, прикажана во текстот од објавата што ја рецензираме, претставува стандардна статистичка операција – се објавува секоја година и нема врска со ковид пандемијата и вакцинацијата. На сајтот на ДЗС може да се најдат извештаи за смртноста во претходната година (2024) заедно со главните причинители, како и извештаи за други години. На пример, за 2023 година може да го прочитате овде
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Особено од 2020 година па до сега, медиумите цело време презентираат дезинформации и лаги за наводната „пандемија“, односно „пландемијата“ за „вакцинирањата“ и последиците од истите. За жал изгубена е вербата во „медиумите“ кои што се корумпирани, платени од фондациите на Сорош и Бил Гејтс и се поставува прашање за точноста и вистинитоста на презентираните сознанија и податоци! Вакцинација, една од најголемите гревови и злостори вршени над човештвото!
Во склоп на објавата се презентира и фотографија од медиумски напис само со насловот кој гласи „Лани во Македонија починале 20.201 лице, повеќе мажи од жени“. „Вистиномер“ го пронајде оригиналниот напис и од него произлегува дека смртноста што е наведена во насловот, поточно бројката од 20.201 починати лица во 2024 година, воопшто не е поврзана ниту со ковид, ниту со вакцинација против ковид. Бројките што се изнесени во текстот што се споделува во објавата се официјални бројки за починати лица од различни причини во 2024 година, а нивниот извор е единствениот официјален и веродостоен извор за информирање околу смртноста – Државниот завод за статистика (ДЗС)! Не е точно наведеното во објавата дека вакцинацијата против ковид-19 придонела за овие бројки на смртност од 20.201 лице во 2024 година.
Јасно е наведено дека главните причинители за смртноста во 2024 година статистички се точно определени здравствени состојби, односно направен е статистички пресек и според Меѓународната класификација на болестите.
Според Меѓународната класификација на болестите, најголемо учество во вкупно починатите лица (кои се 20.201 лице во 2024 година во Северна Македонија), имаат починатите од болести на циркулаторниот систем со 36.7 проценти, потоа неоплазмите со 19.6 проценти, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.7 проценти, а болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1 проценти.
Вакцинацијата против ковид-19 не е причинител за смртност.
Не е точно наведеното во објавата дека ковид пандемијата била „пландемија“. Пандемија која зафаќа територија на буквално сите држави на земјината топка, не може да се планира. Станува збор за дотогаш непознат вирус кој целата планета ја стави во состојба на неизвесност, со голем број на починати луѓе.
Наспроти изнесеното во објавата, не медиумите, туку други струи и застапници на теории на заговори и непоткрепени, медицински неиздржани тврдења – беа тие што ширеа дезинформации во текот на ковид пандемијата и во текот на вакциналната кампања која спаси милиони животи ширум светот.
Во објавата во наводници е ставен зборот вакцинацијата, со цел да се каже дека тоа не била вистинска вакцинација – стар дезинформациски наратив присутен во целата пандемија, кога со цел да се намали довербата во здравствениот систем и во ефикасноста и безбедноста на самите вакцини против ковид-19, антивакцинални движења ширеа невистини дека вакцинацијата била штетна, а имаше и невистини дека била „генска терапија“, нешто што е многупати дебанкирано.
Статистиката пак, претставена во текстот од објавата што ја рецензираме, за починати луѓе во изминатата година, претставува стандардна статистичка операција – се објавува секоја година и нема врска со ковид пандемијата и вакцинацијата. На сајтот на Државниот завод за статистика може да се најдат извештаи за смртноста во претходната година (2024) заедно со главните причинители, како и за други години. На пример, за 2023 година може да го прочитате овде.
Во врска со наведеното во објавата дека Џорџ Сорос и Бил Гејтс плаќале медиуми да шират дезинформации, не е презентиран ниеден доказ. Медиумите во текот на целата пандемија и вакцинална кампања се држеа претежно и во најголем дел до официјалните споделени информации од официјалните здравствени власти во државата, како и меѓународните тела во кои учествуваат медицински експерти и пренесуваа препораки, моментални сознанија повикувајќи се на официјални извори.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар