Повторно се шират невистини за Пактот за иднината
Документот Пакт за иднината е презентиран со низа дезинформации за сите негови аспекти, а додадени се и дезинформации дека тој од Северна Македонија барал да го смениме Уставот, што воопшто не е ниту предмет на документот ниту пак некаде во него се споменува. И оние аспекти кои навистина се споменуваат се спинувани, изместени од контекст, невистинити и имаат за цел да го претстават овој документ кој е заложба за подобар и поправичен свет како нешто што е против човештвото.
Документот Пакт за иднината е презентиран со низа дезинформации за сите негови аспекти, а додадени се и дезинформации дека тој од Северна Македонија барал да го смениме Уставот, што воопшто не е ниту предмет на документот, ниту, пак, некаде во него се споменува. И оние аспекти кои навистина се споменуваат се спинувани, изместени од контекст, невистинити и имаат за цел да го претстават овој документ кој е заложба за подобар и поправичен свет како нешто што е против човештвото
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Агенда 2030 е преименувана во Пакт за иднината, усвоен е од власта пред само месец и претставен во твит со два збора во обланда. Усвојувањето на овој Пакт воедно и услов за влез во ЕУ значи: Воведување санкции кон Русија, индоктринирање на деца во Зелената агенда и LGBTQ+ идеологијата преку образованието, родова рамноправност, истополови бракови, отфрлање на готовина и воведување на дигитални пари и услуги, биометрија, целосна контрола и цензура, прифаќање на мигранти, откажување од културата, традицијата, суверенитерот, историјата.. менување на Уставот, спроведување на Зелената агенда – рационализација на храната, ограничен внес на месо, уништување на земјоделието и органската храна со Green New Deal. А преку наметнатата сиромаштија и депопулација, за уништување на православието.
Во објавата се изнесени бројни невистини. Ќе почнеме од онаа дека „Пактот за иднината има цел да се уништи православието“. Имено, ниту православието, ниту некоја друга религија не е спомената во пактот за иднината конкретно, а особено не во контекст на „уништување“.
Во пактот на страница 8 е наведено дека „ќе се промовира и поддржува интеркултурниот и интер-религиозниот дијалог за да се зајакне социјалната кохезија и да се придонесе за одржлив развој. Делови од Пактот за иднината многу јасно наведуваат и се залагаат за „искоренување на дискриминацијата врз основа на религија“, „борба против религиозната нетолеранција“. Исто така, во пактот постои залагање да се почитува и заштитува културниот диверзитет и наследство, јазиците, традициите, интеркултурниот и интер-религискиот дијалог, историските вредности на земјите, спомениците, музеите, документите итн.
Во Пактот за иднината се изразува голема загриженост за бавното темпо на напредок во справувањето со климатските промени, за растот на емисиите на стакленички гасови како и за зголемената фреквенција, интензитет и обем на негативните влијанија на климатските промени, особено врз земјите во развој, особено оние кои се особено ранливи на негативните ефекти од климатските промени.
Тоа што Пактот за иднината ги адресира заедничките акции на земјите во справување со глобалниот проблем со климатските промени и глобалното затоплување не значи дека „децата ќе бидат индоктринирани во зелената агенда и ЛГБТ идеологијата“. Пропагандниот јазик кој се користи во објавата, всушност стреми кон тоа сите цели на слобода, еднаквост и европски вредности да ги сатанизира. Исто така, во Пактот за иднината Русија не се споменува ниту еднаш, меѓутоа се зборува за тоа дека Европа ќе се стреми кон тоа да добие пристап до евтина, достапна, одржлива и модерна енергија за сите, вклучително и напори за сигурна прекугранична енергетска инфраструктура за обновлива енергија.
Во објавата се претставува дека Пактот за иднината некако ќе придонесе за голем број на мигранти и тоа се претставува во негативно и дискриминаторско светло. Но, како што е наведено во самиот документ, државите се обврзуваат да ја зајакнат соработката за безбедна и регуларна легална миграција, за транзит и за финална дестинација, преку креирање патишта за регуларна миграција и препознавање на позитивните придонеси на мигрантите врз инклузивниот раст и одржливиот развој.
Во текстот од документот миграцијата е претставена во позитивно светло поради тоа што со документот целта на земјите е да го максимизираат позитивниот придонес на мигрантите на одржливиот развој да им се овозможи безбедност, дигнитет и сите човекови права, без разлика на мигрантскиот статус.
Во пактот за иднината воопшто не се споменува менување на Уставот на земјава, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме. Исто така, тој не се залага за воведување цензура, ниту пак за отфрлање на готовината.
Не е вистина ниту наведеното дека со документот членките се залагаат за уништување на земјоделието и органската храна. Во документот има заложби да се стави крај на гладот, да се елиминира небезбедноста околу храната и сите форми на потхранетост.
Остануваме длабоко загрижени дека една третина од светската популација останува во статус на небезбедност околу тоа дали ќе има храна, и ќе одговориме и ќе се справиме со сите фактори што го предизвикуваат ова и што предизвикуваат потхранетост. Решаваме да ги поддржиме земјите ширум светот што се афектирани од несигурност околу тоа дали ќе имаат храна, преку координирана акција, преку доделување на храна, финансирање на програми, заштита на земјоделието, градење на национална отпорност против шокови околу храната, како и пазарите да останат слободни и достапни. Ќе им помогнеме на земјите во долгови, ќе ги поддржиме земјите во развој кои се погодени околу несигурност со храната. Ќе промовираме еднакви, отпорни инклузивни и одржливи системи за земјоделие така што секој да може да има пристап до безбедни, достапни и хранливи производи, пишува во документот.
Тој се застапува за елиминирање на гладта и тоа во земји каде има војна, како и преку меѓународните хуманитарни закони. Документот се залага за отстранување на небезбедната храна, крај на сиромаштијата во сите форми за идните генерации, за светот да биде безбеден, мирен, еднаков, инклузивен, одржлив и просперитетен и каде достоинството, сигурноста и дигнитетот ќе бидат достапни за целото човештво.
Вистиномер и претходно има дебанкирано невистини поврзани со овој документ.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар