Пожарникарите на Лос Анџелес не се борат против огнот со женски чанти

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Претставниците на ЛАФД изјавиле за ТМЗ дека платнените торби се дел од опремата на пожарникарите и наместо да ги поврзуваат цревата со хидрантите, за што е потребно време, пожарникарите би се одлучиле за вреќи кои може брзо да се наполнат при мал пожар

Претставниците на ЛАФД изјавиле за ТМЗ(tmz.com) дека платнените торби се дел од опремата на пожарникарите и наместо да ги поврзуваат цревата со хидрантите, за што е потребно време, пожарникарите би се одлучиле за вреќи кои може брзо да се наполнат при мал пожар

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува видео од пожарите во Лос Анџелес и тврди дека пожарникарите интервенирале така што го гаселе огнот со женски чанти.

Истовремено, пожарите се гаснат и со женски чанти. Вториот по големина град во најбогатата земја во светот…, стои во објавата.

Малите платнени ќеси што пожарникарите на Лос Анџелес (LAFD) ги користеа како импровизирани контејнери со вода за брзо гаснење на пожар во канта за отпадоци, погрешно се опишани како женски чанти, сакајќи да се прикаже дека ЛАФД се недоволно опремени поради буџетските кратења и донации на средства за гаснење пожари во Украина, пишува Ројтерс.

Но, претставниците на ЛАФД изјавиле дека пожарникарите ги користат ќесите со вода како поефикасен начин за гаснење мал пожар наспроти поставувањето црева што одзема повеќе време.

Клипот одговара на времето 00:24 во 20-минутното видео, поставено на Јутјуб каналот на OnScene.TV што го прикажува шумскиот пожар во населбата во Лос Анџелес во Пацифик Палисадес.

Снимката одблиску на времето 00:34 од видеото објавено на 8 јануари покажува дека ќесите се генерички платнени ќеси кои се користат како импровизирани контејнери за вода, наведува Ројтерс.

Претставниците на ЛАФД изјавиле за ТМЗ (tmz.com) дека платнените торби се дел од опремата на пожарникарите и наместо да ги поврзуваат цревата со хидрантите, за што е потребно време, пожарникарите би се одлучиле за вреќи кои може брзо да се наполнат при мал пожар.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека видеото покажува како пожарникарите од Лос Анџелес користат мали платнени торби, а не женски чанти, како импровизирани контејнери со вода додека гаснат мал пожар. Поради тоа оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција