Познатиот нутриционист д-р Митов злоупотребен во видео реклама за медицински препарат
Нема докази дека наводниот препарат „куркум актив“, кој се претставува како природен, делува и помага при лекување на зглобови. Лажните реклами за лекови со измислени изјави на познати личности, искуства и видеа на социјалните мрежи станаа секојдневие. Граѓаните треба да бидат исклучително внимателни да не купуваат непроверени лекови и медицински препарати со сомнително потекло без консултација на лекар.
Нема докази дека наводниот препарат „куркум актив“, кој се претставува како природен, делува и помага при лекување на зглобови. Лажните реклами за лекови со измислени изјави на познати личности, искуства и видеа на социјалните мрежи станаа секојдневие. Граѓаните треба да бидат исклучително внимателни да не купуваат непроверени лекови и медицински препарати со сомнително потекло без консултација на лекар
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која, познатиот нутриционист д-р Александар Митов е злоупотребен во видео реклама за лек против болки во зглобови.
Во објавата стои:
Болка во зглобовите? Не ја игнорирај — може да доведе до губење на подвижноста!
Природна крема: го намалува воспалението, ја отстранува болката, ги обновува рскавиците.
Акцијата од –75% важи сега!
Нарачај додека има залиха!
Споделено е и видео, изработено со помош на вештачка интелегенција, во кое докторот Митов, на мешан бугарско-македонски јазик рекламира препарат наречен „куркум актив“.
Во видеото се повикуваат корисниците на социјалните мрежи да го остават својот контакт телефон и наводно ке ги контактира специјалист за да им помогне.
Ова е лажна реклама, подготвена со новите алатки на вештачка интелегенција.
Прво, страницата која што го рекламира кремот кој се претставува како чудотворен лек е сомнителна, креирана на 1 мај годинава, има само 16 допаѓања. Пишува дека има седиште во Колумбија, а споделен е и непостоечки телефонски број.
На официјалната Фејсбук страница на д-р Митов не постои ваква реклама, ниту се продава ваков препарат кој се претставува како магичен лек. За препаратот, за кој се тврди дека лекува болки во зглобовите, нема ниту состав, ниту производител. Под тоа име нема одобрен лек во Регистарот на лекови во земјава.
Кога станува збор за болки во зглобовите на официјалната страница на д-р Митов има препораки за суплементи, но таму не се препорачува „куркум актив“.
Важни фактори при лекувањето, но и превенцијата од артритис се и: физичка активност (притоа грижа да не се нанесува непотребен дополнителен стрес на зглобовите), губењето на телесната тежина преку правилна исхрана, усвојување на антивоспалителна исхрана (Медитерански начин на исхрана), суплементирање, редовни прегледи, добар биоритам, сé на сé, работи кои зависат од здравствената едукација на една индивидуа, стои на официјалната страница на д-р Митов.
Нема докази дека наводниот препарат „куркум актив“, кој се претставува како природен, делува и помага при лекување на зглобови.
Лажните реклами за лекови со измислени изјави на познати личности, искуства и видеа на социјалните мрежи станаа секојдневие. Граѓаните треба да бидат исклучително внимателни да не купуваат непроверени лекови и медицински препарати со сомнително потекло без консултација на лекар.
Поради изнесените факти оваа објава ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар