Пратениците во Унгарија, а не во Македонија, си ги намалија платите
Фејсбук-објавата намерно го пропуштила тој дел, наведувајќи ги следбениците да помислат дека пратениците во С. Македонија си ги намалиле платите, што е видливо и од коментарите под објавата
Фејсбук-објавата намерно го пропуштила тој дел, наведувајќи ги следбениците да помислат дека пратениците во С. Македонија си ги намалиле платите, што е видливо и од коментарите под објавата
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
СЕКОЈА ЧЕСТ: Пратениците си ги намалија платите за 40 %
Објавата споделува и напис кој кога ќе го отворите ќе видите дека станува збор за вест која се однесува на Унгарија.
Унгарскиот Парламент едногласно донесе одлука за драстично кратење на пратеничките плати за дури 40 проценти. Мерката, која беше усвоена со акламација од сите 189 присутни пратеници, има за цел да го намали притисокот врз јавните финансии и да демонстрира политичка одговорност пред граѓаните, стои во написот.
Но, Фејсбук-објавата намерно го пропуштила тој дел, наведувајќи ги следбениците да помислат дека пратениците во С. Македонија си ги намалиле платите, што е видливо и од коментарите под објавата.

Очигледно е дека објавата немала за цел да информира, туку да манипулира за да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. И успеала во тоа имајќи предвид дека е доста вирална.
Но факт е дека пратениците во Унгарија си ги намалиле платите, а не во Македонија.
Поради тоа оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар