Православни свештеници не благословуваат проектил наречен „Сатана“, туку постар проектил во 2015 година

Фото: СС-27 Јарс. Извор: Министерство на одбрана на Руската Федерација

Иако информацијата дека руски свештеници благословиле ракета за масовно уништување Сатана, стана вирална во мај 2022 година, по руската инвазија врз Украина, сепак, фотографијата е постара и не датира од 2022 година, туку од мај 2015 година. Експерт за Ројтерс потврдил дека оружјето презентирано на фотографијата, не е ракета „Сатана“

Иако информацијата дека руски свештеници благословиле ракета за масовно уништување Сатана, стана вирална во мај 2022 година, по руската инвазија врз Украина, сепак, фотографијата е постара и не датира од 2022 година, туку од мај 2015 година. Експерт за Ројтерс потврдил дека оружјето презентирано на фотографијата, не е ракета „Сатана“

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук,  во кој се вели дека „свештениците на руската православна црква благословуваат со света крстена водичка ракета за масовно уништување која може да убие милион луѓе наречена „Сатана“.

Тоа се тие православни руски традиционални вредности кои се борат против нацизмот на Западот, се вели во постот кој е придружуван со фотографија.

Иако оваа информација дека руски свештеници благословиле ракета за масовно уништување Сатана, стана вирална во мај 2022 година, по руската инвазија врз Украина, сепак, фотографијата е постара и не датира од 2022 година, туку од мај 2015 година. Експерт за Ројтерс потврдил дека оружјето презентирано на фотографијата, не е ракета „Сатана“.

Фотографијата се јавува на серија фотографии објавени на 6 мај 2015 година од страна на руската аенција Moscow Municipal News Agency.

Описот на фотографијата гласи: Ритуал на благословување на учесниците во парадата на победата во Ходинка поле.

Ројтерс објавува дека и геолокациски, фотографиите се снимени во Ходинка поле, севернозападно од Москва.

Фотографијата е објавена во магазинот Еуромаиден во 2017 година.

Оружјето кое што е претставено на фотографијата не претставува проектил „Сатана“ како што се тврди во постот кој го рецензираме. Ова за Ројтерс го потврдила Маријана Буџерин, професорка на Харвард.

Според неа најверојатно се работи за SS-27 “Јарс”.

Ова оружје се транспортира на голем камион.

Ројтерс и претходно има известувано за православни свештеници кои попрскувале со света вода подморнци, балистички проектили, ракети и други парчиња муниција како дел од ритуалот на осветување.

За руската ракета Сатана, се пишува дека е едно од помоќните оружја било кога направени, и дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета.

Како што објавува Ројтерс, за време на владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, руската православна црква развила блиски врски со Министерството за одбрана на државата, па руските свештеници веќе подолго време се појавуваат на фотографии со попрскување света вода на муниција. И проверувачите на факти на Политифакт, оценуваат дека на фотографијата што е предмет на оваа рецензија, не се наоѓа проектилот Сатана. Политифакт исто така потенцира дека фотографијата не потекнува од руската инвазија врз Украина, односно дека се работи за постара фотографија.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека во постот што го рецензираме, споделена е фотографија на која се наоѓа проектилот Сатана кој добива благослов од православни свештеници.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција