Празникот 1 Мај нема никаква врска со Илуминатите
Не постојат никакви поврзаности меѓу Илуминатите и масоните со фактот што во 1889 година, Втората интернационала, тело на социјалистичките и работничките партии, на конгрес во Париз предложиле 1 мај да се одбележува во спомен на убиените демонстранти во Чикаго. Илуминатите се формирани повеќе од 100 години пред 1 Мај да биде одбележуван како ден на трудот, односно во 1776 година од страна на Адам Ваисхаупт, професор по право на Универзитетот во Инголштат. Ваисхаупт бил протеран и се преселил во Регенсбурнг каде предавал на Универзитетот од Готинген, каде останал до смртта на 18 ноември 1830. Сепак, идејата за тајно друштво кое протестира против државата, е дел од бројни фантазии и теории на заговор оттогаш, бидејќи уште има луѓе што веруваат дека Илуминатите никогаш не биле уништени
Не постојат никакви поврзаности меѓу Илуминатите и масоните со фактот што во 1889 година, Втората интернационала, тело на социјалистичките и работничките партии, на конгрес во Париз предложиле 1 мај да се одбележува во спомен на убиените демонстранти во Чикаго. Илуминатите се формирани повеќе од 100 години пред 1 Мај да биде одбележуван како ден на трудот, односно во 1776 година од страна на Адам Ваисхаупт, професор по право на Универзитетот во Инголштат. Ваисхаупт бил протеран и се преселил во Регенсбурнг каде предавал на Универзитетот од Готинген, каде останал до смртта на 18 ноември 1830. Сепак, идејата за тајно друштво кое протестира против државата, е дел од бројни фантазии и теории на заговор оттогаш, бидејќи уште има луѓе што веруваат дека Илуминатите никогаш не биле уништени
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
ДАЛИ ЗНAЕМЕ ЗОШТО СЕ СЛАВИ ПРВИ МАЈ?
… Први мај не е само социјалистичко – комунистичко – анархистички и антимонархистички празник, туку и празник на Новиот Светски Поредок кој во својот корен е окултен па дури и сатанистички.
Пред официјалната приказна која се учи во училиштата дека првомајскиот празник на трудот е посветен на сеќавањето на демострациите на Чикашките работници (на 1-ви мај 1886 г.) кои биле предводени од комунистичкиот пролетеријат, револуционери и антихристи, општо познато е дека на истиот тој фамозен датум 1776 година бившиот германски језуит Adam Weishaupt го основал тајното друштво на Илуминатите чија задача била и останала да го воспостават Новиот Светски Поредок кој подразбирал укинување на сите Монархии и Религии.
Меѓутоа, заднината на славењето на први мај има корени и во древните пагански празници на природата чие почитување го преживеало и до денешен ден.
Илуминатите, масонски ред кој е во служба на Луцифер, и кои се формирани на 1-ви мај 1776 година, одредиле дека целиот свет треба да го слави 1-ви мај под маската на “хуманизмот и заштита на правата на работниците”!
Мошне брзо сите влади во светот (а во сите влади главниот збор го имаат масоните) го прифатиле овој “празник” и го вовеле во своите држави празнувањето “1-ви мај – празник на трудот”.
Со тоа Илуминатите успеале во својата намера сите народи во светот да му се поклонат на Луцифер празнувајки го “1-ви мај” а мислејки дека го празнуваат со цел обележување на борбата на чикашките работници за своите работнички права.
Не е точно дека 1 Мај се одбележува поради создавањето на Илуминатите, како што тоа сака да го прикаже објавата, туку поради настан кој се случил подоцна во историјата и тоа сосема на друга локација споредено со формирањето на групата на Илуминатите. Имено, одбележувањата на 1 Мај се проследени со протести за работничка солидарност.
Конотацијта за 1 Мај потекнува од 1886 година, кога 200 илјади Американски работници почнале протести за да им биде овозможен работен ден од 8 работни часови.
Но, овој протест кој почнал како борба за осумчасовен работен ден, прераснал во Хејмаркетски немири.
На 1 мај 1886, во Чикаго имало масовни демонстрации со барање работниот ден да трае 8 часа. Овие протести на 4 мај прераснале во немири каде била фрлена бомба врз полицијата по што загинале најмалку 7 полицајци и 4 работници. За смртните случаи во Хејмаркетските немири се осудени осум анархисити и тоа на смрт и на 15 годишна казна затвор.
Во 1889 година на Меѓународниот работнички конгрес во Париз било објавено дека во спомен на Хејмаркетските немири 1 Мај ќе биде интернационален празник на трудот, кој сега во светот на многу места е познат како Меѓународен ден на трудот.
Во 1889 година, Втората интернационала, тело на социјалистичките и работничките партии, одржале конгрес во Париз, откако францускиот синдикалист Рејмонд Лавињ изнел предлог со кој повика на светски протести на годишнината од демонстрациите во Чикаго.
Хејмаркетските немири во Чикаго го создадоа Први мај, симбол на вечната работничка борба за поголеми права и подобар живот со најбитниот актер во сето тоа – работникот.
Точно е дека 1 Мај бил историски поврзан со рурални пагански фестивали, дека е денот кога биле формирани Илуминатите (во 1776 година), но тоа значење на денот не е исто со денешното поврзување на 1 Мај со работничкото движење, туку е чиста коинциденција.
Илуминатите се формирани повеќе од 100 години пред 1 Мај да биде одбележуван како ден на трудот, односно во 1776 година од страна на Адам Ваисхаупт, професор по право на Универзитетот во Инголштат. Основачот на редот на Илуминатите формирал тајна организација за да им се спротивстави на религиозните влијанија врз општеството и на злоупотребата на моќ од страна на државата, со создавање на безбедно место за критика, дебата и слободен говор.
Ваисхаупт верувал дека општеството не треба да биде диктирано од религијата, туку сакал да создаде состојба на морална еднаквост каде знаењето не е ограничено од религиски предрасуди, пишува Би Би Си.
Не постојат никакви поврзаности меѓу Илуминатите и масоните со фактот што во 1889 година, Втората интернационала, тело на социјалистичките и работничките партии на конгрес во Париз предложиле 1 мај да се одбележува во спомен на убиените демонстранти во Чикаго.
Основачот на Илуминатите Ваисхаупт бил протеран и се преселил во Регенсбурнг каде предавал на Универзитетот од Готинген, каде останал до смртта на 18 ноември 1830.
Сепак, идејата за тајно друштво кое протестира против државата, е дел од бројни фантазии и теории на заговор оттогаш, бидејќи уште има луѓе што веруваат дека Илуминатите никогаш не биле уништени.
Дури и денеска теоретичарите на заговори велат дека организацијата заткулисно работела да ги тргне авторитетите, па ги обвинуваат за Француската револуција, убиството на претседателот на САД Џон Ф Кенеди, па дури и за терористичкиот напад на 11 септември 2001, пишува Би Би Си.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар