Предлог-законот усвоен во Аризона забранува одредени климатски интервенции и нема врска со „кемтрејлс“

Фото: Txemi LópezPixabay

Предлог-законот што се посочува во објавата, а кој е усвоен од страна на Комитетот на Претставничкиот дом на Аризона, нема никаква врска со „кемтрејлс“. Со овој нацрт-закон, како што пишува Азмирор, се забранува сеењето на облаците и истражувањето за климатските интервенции, а теоретичарите на заговор веднаш го искористиле за да ја шират теоријата на заговор за „кемтрејлс“, наведувајќи дека „злобните актери веќе го претвораат небото на Аризона во лабораторија и ги третираат нејзините доверливи жители како заморчиња“

Предлог-законот што се посочува во објавата, а кој е усвоен од страна на Комитетот на Претставничкиот дом на Аризона, нема никаква врска со „кемтрејлс“. Со овој нацрт-закон, како што пишува Азмирор, се забранува сеењето на облаците и истражувањето за климатските интервенции, а теоретичарите на заговор веднаш го искористиле за да ја шират теоријата на заговор за „кемтрејлс“, наведувајќи дека „злобните актери веќе го претвораат небото на Аризона во лабораторија и ги третираат нејзините доверливи жители како заморчиња“

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Сенатот на Аризона штотуку усвои предлог-закон SB1432 со 16 за и 11 против со кој се забранува Chemtrails, поформално познат како „Геоинженеринг и промена на времето“

Тие се приклучуваат на долгата листа на држави кои преземаат идентични мерки, а Америка наскоро повторно ќе има јасно небо откако законот ќе помине во Домот.

И замслете – сè уште има луѓе кои мислат дека тоа било теорија заговор.

Предлог-законот што се посочува во објавата, а кој е усвоен од страна на Комитетот на Претставничкиот дом на Аризона, нема никаква врска со „кемтрејлс“. Оваа добро позната теорија на заговор долго време се шири на социјалните мрежи и за неа Вистиномер има пишувано во повеќе наврати.

Со овој нацрт-закон, како што пишува Азмирор, се забранува сеењето на облаците и истражувањето за климатските интервенции, односно се забранува „геоинжинерингот“, а теоретичарите на заговор веднаш го искористиле за да ја шират теоријата на заговор за „кемтрејлс“, наведувајќи дека „злобните актери веќе го претвораат небото на Аризона во лабораторија и ги третираат нејзините доверливи жители како заморчиња“.

Геоинженерингот е практика на намерен обид да се измени атмосферата. Во последниве години, тоа беше истражено како можен начин за борба против сè поекстремните ефекти од климатските промени, се наведува во написот.

Многумина оваа практика ја нарекуваат климатска интервенција, бидејќи научниците ја проучуваат како средство за борба против климатските промени. Овие напори вклучија проучување работи како модификација на сончевото зрачење, што е процес кој има за цел да ги намали температурите на површината со рефлексија на сончевата светлина подалеку од планетата.

Минатата година, пратениците од Тенеси донесоа закон со кој се забранува геоинженерството, при што пратениците за време на дебатата алудираа на добро познатата теорија на заговор, позната како „хемиски кемтрејлс“. Онлајн теоретичарите на заговор долго време укажуваат на кондензацијата што ја оставаат авионите како дел од поголем заговор за менување на временските услови или за труење на населението, иако нема докази за такви програми.

Законодавството од Аризона, спонзорирано од бруцошката на републиканската партија, Лиза Финк, ќе забрани низа геоинженерски практики, вклучително сеење облаци, распоредување на аеросол честички во стратосферата, ослободување плева во атмосферата, модификација на сончевото зрачење или какви било други обиди за менување на времето. Законот 2056 е сличен на неколку други поднесени во други држави оваа година.

Авионското засејување на облаците на пример, нема никаква врска со „кемтрејлс“ и е систем за заштита од елементарни непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови, со што се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град преку реагенси како сребрен јодид. Со оваа метода зрната град што се формираат во засеаниот облак ќе имаат помала димензија, а при паѓањето во топлиот сектор на облакот ќе се стопат пред да паднат на земјата.

Во изјава за Азмирор, Финк рекла дека предлог-законот бил моделиран според законодавството во другите држави. Таа не одговорила на дополнителни прашања во врска со нејзините верувања околу геоинженерството, климатските промени и загриженоста на научниците дека овие типови на забрани може да им наштетат на легитимните истражувања.

Значи, овој предлог-закон не се однесува на никакви „кемтрејлс“ и не е доказ дека некој нѐ прска со авиони од небото, како што поддржувачите на оваа теорија на заговор сакаат да го прикажат тоа. Исто така, тврдењето дека некој нè прска со отрови од авиони е неточно и претставува една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер.

Како што многупати досега пишувавме, трагите од авиони коишто сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението и природата со отрови и тие не предизвикуваат климатски промени. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Поради сето ова, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција