Предлогот за брачна возраст од 14 години во Украина би важел само во исклучителни случаи и со судска одлука
Со овој предлог се предвидува општата брачна возраст да остане 18 години, брак на 16 години да биде можен само со судска одлука, а брак на 14 години да биде можен само во исклучителни случаи – ако девојката е бремена или веќе родила и повторно само со судска дозвола. Објавата пропушта да каже е дека ова НЕ е закон што стапил на сила – туку иницијатива/предлог
Со овој предлог се предвидува општата брачна возраст да остане 18 години, брак на 16 години да биде можен само со судска одлука, а брак на 14 години да биде можен само во исклучителни случаи – ако девојката е бремена или веќе родила и повторно само со судска дозвола. Објавата пропушта да каже е дека ова НЕ е закон што стапил на сила – туку иницијатива/предлог
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
ПРВО ЈА СНИЖИЈА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ОДЕЊЕ ВО ВОЈСКА..А СЕГА ЈА СНИЖУВААТ СТАРОСНАТА ГРАНИЦА КАЈ ДЕВОЈЧИНАТА ЗА ДА СТАПУВААТ ВО БРАК ДО 14 ГИДИНИ..УКРАИНЦИТЕ НАПРЕДУВААТ ЗРЕЛИ СЕ ЗА ЕУ ..СИТЕ ВО ЕУ ЌЕ ГИ ПРИМАТ ПРЕКУ РЕД…П.С.СО ЕДЕН ЗБОР ЕПШТАЈН Е МРТОВ ДА ЖИВЕАТ НОВИТЕ УКРАИНСКИ ЕПШТАЈНЦИ…ВО СЕКОЈА ДРЖАВА ДРЕМИ И ВРЕБУВА ПО НЕКОЈ ЕПШТАЈНЕЦ….СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОВА НЕМА ДА БИДЕ РЕАЛНОСТ НА МИЦКОВАТС ЏЕМЈА..СО ОГЛЕД ШТО УЧАТ ДЕЦАТА ВО ОДНОВНО.
На почетокот на февруари оваа година (2026), украинскиот парламент (Врховна рада) поднесе нацрт на нов Граѓански законик кој предизвика големо внимание во медиумите поради предложените измени на брачната возраст.
Со овој предлог-закон се предвидува општата брачна возраст да остане 18 години, брак на 16 години да биде можен само со судска одлука, а брак на 14 години да биде можен само во исклучителни случаи – ако девојката е бремена или веќе родила, и повторно само со судска дозвола.
Објавата пропушта да каже е дека ова НЕ е закон што стапил на сила – туку иницијатива/предлог. Тој мора да помине низ јавна расправа, комисии и гласање во парламентот. Во моментов, важечкото правило останува: 18 години општо за брак, 16 години со судска дозвола.
Она што, исто така, е важно да се напомене е дека во предлог-текстот на новиот Граѓански законик на Украина НЕ се предлага намалување на возраста за сексуална согласност. Предлогот се однесува само на брачната возраст.
Возраста за законска сексуална согласност е: 16 години. Сексуален однос со лице под 16 години е кривично дело според Член 155 од Кривичниот законик на Украина, без разлика на согласноста на малолетникот.
Со предлогот за новиот Граѓански законик, Кривичниот законик не се менува. Возраста за сексуална согласност останува 16 години. Нема предлог за легализација на сексуални односи со лица под 16 години, така што овој предлог може да биде неусвоен.
Брачната возраст и возраста за сексуална согласност се две различни правни области: Бракот е уреден со Граѓански законик, а сексуална согласност е уредена со Кривичен законик.
Значи, дури и ако ваков брачен исклучок биде усвоен, сексуален однос со лице под 16 години без правен брачен статус би останал кривично дело.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека на објавата ѝ недостига контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар