Префарбаниот мурал на Камала Харис не се наоѓа во Приштина

Фото: Принтскрин видео

Краткото видео на коешто се гледа како се кречи муралот на претседателската кандидатка Камала Харис не е снимено во Приштина, како што тврди Фејсбук објавата која што ја рецензираме. Видеото нема никаква поврзаност ниту со Косово, ниту со Балканот, тоа е снимено на американско тло односно во градот Аталанта во сојузната држава Џорџија.

Краткото видео на кое се гледа како се молерисува муралот на претседателската кандидатка Камала Харис не е снимено во Приштина, како што тврди Фејсбук објавата што ја рецензираме. Видеото нема никаква поврзаност ниту со Косово, ниту со Балканот, тоа е снимено на американско тло, односно во градот Атланта во сојузната држава Џорџија

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео кое прикажува бришење на мурал на Камала Харис и се тврди дека е снимено во Приштина, главниот град на Косово. Ова не е точно.

Вчера во Приштина „малку“ им се брзаше. Oтстрануваа се што треба што побргу да се заборави… како никогаш и да не постоело.

Арнаутска вековна константа:

– Фати го за гуша – г’з дава, пушти го од гуша – г’з бара!, пишува во објавата.

Неколку дена по изборите за претседател во Соединетите Американски Држави, на коишто републиканецот Доналд Трамп ја победи претставничката на демократите Камала Харис, на социјалните мрежи сè уште трае дебатата за тоа кој кандидат бил подобар и кој повеќе заслужил да победи и зошто. Дел од таа дебата се и објави коишто се манипулативни и шират невистини.

Една таква објава е видео на кое се гледа како човек со канта боја и четка фарба врз мурал на претседателската кандидатка Камала Харис. Видеото што трае само неколку секунди е без звук, па не може да се слушне дали некој нешто говори додека се случува ова. Но објавата, без никакви докази,  тврди дека ова се случувало во Приштина, главниот град на соседно Косово. Нема никакво објаснува зошто се тврди вакво нешто, ниту пак, има какви било докази на самото видео коишто упатуваат на потврда дека ова навистина се случувало во нашето соседство.

Вистината е дека овој мурал и неговото кречење не се случувало во Приштина, ниту пак, каде било во близина. Ова се случувало во Атланта, главниот град на сојузната држава Џорџија во САД.

Муралот, прикажувал портрет на потпретседателката Харис опкружен со розови рози на сина позадина. Овој мурал бил насликан кон крајот на октомври и бил еден од четирите мурали во градот нарачани од кампањата на Харис, кои ги повикувале луѓето да гласаат на денот на изборите.

Молерисувањето на муралот предизвика голема реакција откако ТикТок видео што го прикажува ова стана многу вирално. Со реакција се јави и авторот на муралот Крис Кларк, кој истакна дека целта на муралот бил да биде привремен:

Пред да почнам да добивам 100 милиони ознаки, муралот на Камала секогаш требаше да биде привремен. На интернет кружи видео на кое се гледа како се молерисува муралот, што беше планот цело време. Тоа е истиот ѕид каде што неколку месеци претходно го направивме муралот на Fight Night. Муралите се наменети како привремени реклами, а не да траат вечно. Троловите веќе почнаа да ги посетуваат моите страници на социјалните мрежи. Тие се толку среќни и радосни што гледаат како исчезнува. Но, знаете ли што ме радува? Можам да се будам секој ден и да го правам она што го сакам. Колку луѓе можат да го кажат тоа? Без разлика кој победи или за кого гласавте, тој мурал е дел од историјата и јас сум горд што работев на него. Да продолжиме понатаму.

Она што е нејасно од Фејсбук објавата предмет на оваа рецензија е како и зошто е донесен заклучок дека ова се случувало во Приштина, кога всушност се случувало на американско тло и нема некаква поврзаност со нашите простори.

Бидејќи она што се тврди во објавата не е точно, односно муралот не бил насликан и префарбан во Приштина, туку во Атланта во САД, оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција