Премиерот не би требало да одредува ничија вина или невиност, па ни онаа на Папазов
Факт е дека во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски оцени дека градоначалникот на Кочани кој поднесе оставка Љупчо Папазов нема никаква одговорност во врска со трагедијата во Кочани. Тоа е во спротивност со ветувањето дека секој ќе одговара, без оглед од која партија и да е и недоследно во однос на почитување на поделбата на власта на извршна законодавна и судска. Зашто истиот ден по изјавата на премиерот Јавното обвинителство кажа дека се уште не е одреден статусот на Папазов во постапката
Факт е дека во изјава за медиуми премиерот Христијан Мицкоски оцени дека градоначалникот на Кочани кој поднесе оставка, Љупчо Папазов, нема никаква одговорност во врска со трагедијата во Кочани. Тоа е во спротивност со ветувањето дека секој ќе одговара, без оглед од која партија и да е и недоследно во однос на почитување на поделбата на власта на извршна, законодавна и судска. Зашто истиот ден по изјавата на премиерот Јавното обвинителство кажа дека сѐ уште не е одреден статусот на Папазов во постапката
Претседателот на Владата на РСМ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите по посетата на дел од пациентите од несреќата во Кочани, даде изјава околу истрагата, при што може да се забележи недоследност:
Градоначалникот без никаква одговорност е доблесен и поднесе денеска оставка бидејќи ништо не зависи, во овој случај, од него.
[Извор: Фокус, Курир: датум – 17.03.2025]
Образложение:
Премиерот Христијан Мицкоски во изјава оцени дека сега веќе ексградоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднел доблесно оставка поради чувство на морална одговорност, иако кај него немало никаква вина за трагедијата во Кочани, што е недоследно по два аспекта.
Давајќи изјава за делот од истрагата, вклучително и евентуалната одговорност на градоначалникот, Мицкоски изјавува најпрво дека градоначалникот е доблесен и поднесе оставка без никаква одговорност. Малку подоцна запрашан за објектот, тој изјавува дека во 1999 г. почнал да се гради, а во 2014 година била дооформена парцелата и бил легализиран согласно закон, па продолжува:
Општината има ингеренции во делот на комуналните инспектори да проверат ако има тераса дали е соодветна на елаборатот (во 7:45 мин. од снимката).
Но, истиот ден кога Мицкоски ја даде изјавата, Јавното обвинителство ја информираше јавноста дека поранешниот градоначалник, којшто е од ВМРО-ДПМНЕ, бил повикан на распит и дека за неговиот статус дополнително ќе се одлучува.
Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на Општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираат од Обвинителството.
Всушност, Папазов двапати бил на распит, при што во неделата и со претставниците на МВР. Ова го соопшти министерот Панче Тошковски при вчерашниот (17.03.) прес одржан пред изјавата на Мицкоски.
Оттука, сосема е логично доколку два пати е викнат на разговор и доколку обвинителството и после тоа остава време за да се реши неговото својство во постапката, не би требало премиерот да се става во улога на истражните и правосудните органи и да проценува дали некој е виновен или не, колку била неговата одговорност во случајот – на ниво на надлежен врз комуналната инспекција да проценела дали објектот е во рамките на урбанистичкиот план, итн, итн.
Поради овие аргументи изјавата на Мицкоски може да се оцени како недоследна. Зашто и тој (мора да има кривична одговорност за секој што е одговорен без разлика од која институција, партија, итн – после 8 мин.) и министерот за внатрешни работи, неколку пати изјавија дека никој, ама баш никој што имал директна или индиректна вина за трагедијата во Кочани нема да биде поштеден од правдата во смисла на истрага, обвинение и судски процес, односно пресуда. А второ, недоследно е затоа што не се почитува поделбата на власта во демократските општества.
Извори:
- (17.03.2025): Тајм.мк – агрегирани вести/Мицкоски – [18.03.2025]
- (17.03.2025): Фокус – Градоначалникот без никаква одговорност покажа доблест и поднесе оставка, рече Мицкоски – [18.03.2025]
- (17.03.2025): Курир -Мицкоски за оставката на Папазов: Градоначалникот е доблесен и поднесе оставка – [18.03.2025]
- (17.03.2025): МКД.мк – Одлуката за статусот..– [18.03.2025]
- (16.03.2025): Вонредна прес конференција на Претседателот...– [18.03.2025]
- (17.03.2025): 360 Степени – Интегрално-Тошковски/Прес – [18.03.2025]
Оценил: Теофил Блажевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар