Претседателот има ограничени компетенции во економијата
Претседателскиот кандидат Блерим Река за време на дебатата со претседателските кандидати на МРТ, меѓу другото, го искажа и следниот став којшто е вистинит:
Компетенциите на претседателот во економскиот дел се ограничени.
[Извор: ТВ дуел на претседателски кандидати, МРТ1 – датум: 12.04.2019]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ова тврдење на кандидатот за претседател на државата, Блерим Река е точно. Неговата вистинитост може да се провери доколку се погледнат Правата и должности на Претседателот утврдени со Уставот, каде се гледа дека шефот на државата нема механизми во економскиот дел. Па така, во Член 84 е наведено дека:
Претседателот на Република Македонија:
-
го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија;
- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство;
- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;
- предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија;
- именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;
- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
- дава помилување во согласност со закон и
-
врши други функции утврдени со Уставот.
ИЗВОРИ:
- Веб-страница на Собранието: УСТАВ [Пристапено на: 12.04 2019]
- Веб-страница на Претседателот: Права и должности на Претседателот утврдени со Уставот и законите[Пристапено на: 12.04 2019]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар