Пријавете дезинформации – еве како и каде

Властите во Северна Македонија, паралелно со вирусот КОВИД 19 (вирусот Корона), се борат и со инфодемијата – дезинформациите поврзани за вирусот. За ова, ангажирано е Министерството за внатрешни работи (МВР), кое тужбите ги проследува до Јавното обвинителство

 

Пишува Фатбарда Цури

МВР има посебна електронска адреса: [email protected] . Тука граѓаните можат да испраќаат е-пошта или пораки ако се сомневаат дека станува збор за лажна вест или дезинформација, може и „print screen“ или фотографија од веста или дури и самиот линк или врската каде е објавена информацијата. Значи првиот чекор е дел од гореспоменатите елементи или сето тоа да го испратите горенаведената е-пошта.

После ова, Министерството за внатрешни работи ја разгледува пријавата и носи одлука. Доколку пријавата се потврди дека е вистинита, таа се проследува како поднесок за кривично дело до Јавното обвинителство.

На 23 март 2020 година, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, информираше дека до тој датум одделението предводено од него доставило 15 поднесоци до Јавното обвинителство за лажни вести.

„Досега Министерството за внатрешни работи преку одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика достави 15 претставки до Јавното обвинителство. Која е содржината на вестите? Станува збор за лажни вести, утврдување на какво било поместување и објавување на податоци. Даваме детални информации според пријавата за тоа како е поднесено.

Како сте постапиле на пријавите: „Ако е забележано кривично дело, сме го доставиле до Јавното обвинителство“, одговори Чулев на прашањата на „Критинк“.

Не смееме да заборавиме дека до пријавата на МВР до Обвинителството за одредени медиуми и страници кои ве дезинформираат, вие, граѓаните, исто така имате важна улога.

ПРВ ЧЕКОР – Треба да ги верификувате информациите. Ова ви овозможува да бидете сигурни дека информациите што ги добивате се точни и не сте дезинформирани, но од другата страна ви овозможува да го поминете филтерот за да може МВР да има основа за дејствување. Информацијата може да се потврди со испитување на изворот на информацијата. Во овој случај, статија што пренесува информации за КОВИД-19 треба да се повикува на институции како што се: Министерството за здравство, Владата, Институтот за јавно здравје, Светската здравствена организација и самите општини во случај информациите да се однесуваат на која било општина.

ВТОР ЧЕКОР –  Ако сметате дека статијата не се повикува на горенаведените извори и проследува дезинформации, тогаш пријавете ја. Но, како можете да направите пријава?

ТРЕТ ЧЕКОР – Фотографирајте од местото каде што ги гледате информациите, ако е ТВ, сликајте го ТВ-екранот, а доколку е портал, направете „print screen“ или копирајте ја адресата.

ЧЕТВРТ ЧЕКОР – Откако ќе го набавите материјалот, испратете го истиот на е-пошта: [email protected].

За да видите како се верификуваат информациите, можете да кликнете:ТУКА.

После тоа, како што појасни министерот Чулев, Министерството за внатрешни работи ја испитува пријавата и ако смета дека има повреда на Кривичниот законик или написот претставува кривично дело, случајот се проследува до Јавното обвинителство.

Еве ги постапките што ви ги опишавме погоре, претставени и во инфографик:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инфографик: Како да пријавувате дезинформации за Ковид-19 (Коронавирусот)

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција