При фотографирањето на „Акаба“ самитот немаше други знамиња, освен на домаќините – Бугарија и Јордан
Освен со Сиљановска-Давкова, Радев има споделено фотографии и со други претседатели на земји од регионот. Од фотографиите може да се види дека сите се направени на истото место и со истите знамиња во позадина – бугарското и на кралството Јордан. Тоа е така затоа што овие две земји се домаќини на самитот и нивните лидери ги пречекувале гостите со кои се фотографирале. Северна Македонија и кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема зашто да реагираат, бидејќи ова не е официјална средба, туку пречек на гости на самитот
Освен со Сиљановска-Давкова, Радев има споделено фотографии и со други претседатели на земји од регионот. Од фотографиите може да се види дека сите се направени на истото место и со истите знамиња во позадина – бугарското и на кралството Јордан. Тоа е така затоа што овие две земји се домаќини на самитот и нивните лидери ги пречекувале гостите со кои се фотографирале. Северна Македонија и кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема зашто да реагираат, бидејќи ова не е официјална средба, туку пречек на гости на самитот
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
ПРИ СЛИКАЊЕТО СО РАДЕВ НА АКАБА САМИТОТ ВО СОФИЈА ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА..ПОВТОРНО ЗА ГОРДАТА ГОРДАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СЕВЕРНА НЕ БЕШЕ ПОСТАВЕНО ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ ПРИ ОФИЦИЈАЛНОТО СЛИКАЊЕ..СО ТАА РАЗЛИКА ШТО И НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ И СЕВЕРЏАНИСТАНЦИТЕ ОВОЈ ПАТ НЕ ИЗРЕАГИРАВМЕ КАКО ПРВИОТ ПАТ…ВЕЌЕ ПОЧНАВМЕ ДА СЕ НАВИКНУВААТ ..НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ГО ПРИЗНАВАМЕ ТОА ЗНАМЕ ..А ЗА СЕВРЏАНИСТАНЦИТЕ ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА КОЈ ТРЕБА ДА СЕ НЕРВИРААТ.
Објавата споделува фотографија од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев и јорданскиот крал Абдула Втори.
Бугарскиот претседател Румен Радев и јорданскиот крал Абдула Втори на 4 април беа домаќини на средбата на високо ниво „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.
Процесот Акаба е серија меѓународни состаноци кои првпат ги иницираше кралот Абдула Втори во 2015 година. Нивната цел е да се одржи меѓународната и регионалната координација и соработка во борбата против тероризмот, екстремистичките идеологии и радикализацијата преку сеопфатен пристап.
Претседателката Сиљановска-Давкова беше во Софија за да учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.
Фотографијата што е споделена во објавата, доколку ја побарате ќе видите дека е преземена од официјалниот Фејсбук профил на бугарскиот претседател Румен Радев.
Освен со Сиљановска-Давкова, Радев има споделено фотографии и со други претседатели на земји од регионот.
Република Бугарија и Хашемитското Кралство Јордан се домаќини на состанокот на високо ниво „Акаба процес за Балканот III“ во Софија. Балканот е особено чувствителен на темата безбедност, бидејќи директно ги сносиме последиците од воените конфликти околу нашиот регион. Конфликти кои поттикнуваат трговија со луѓе, миграција, радикализација и тероризам, пишува меѓу другото во објавата на Радев.
Од фотографиите може да се види дека сите се направени на истото место и со истите знамиња во позадина – бугарското и на кралството Јордан. Тоа е така затоа што овие две земји се домаќини на самитот и нивните лидери ги пречекувале гостите со кои се фотографирале.
Па така, на пример, позади српскиот претседател Александар Вучиќ не стои српското знаме.
Позади претседателката на Косово Вјоса Османи не стои косовското знаме.
Позади претседателката на Словенија Наташа Пирц не стои словенечкото знаме.
Според ова, Македонија и кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема зашто да реагираат, бидејќи ова не е официјална средба, туку пречек на гости на самитот. Токму затоа и во позадина стојат само знамињата на домаќините.
Очигледно е дека во објавата не се објаснува убаво како и каде е настаната фотографијата со цел политички да се манипулира и да се поентира.
Поради тоа, оценуваме дека на истата ѝ недостига контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар