Причините зошто нема намалување на невработеноста во време на пандемија во Косово

Фото: Калзо

 

Пишува: Емирјета Влахиу

 

Актуелниот министер за финансии и трансфер во Косово, Бесник Блисими, на Фејсбук објави информација за невработеноста што предизвика многу реакции. Бислими тврдеше невработеноста за еден месец падна за 6,6 проценти. Тој ја заснова оваа изјава на фактот дека бројот на нови регистрирани работници, благодарение на владините мерки, беше околу 10 илјади луѓе.

Досега, во нивните апликации за мерките 3, 8 и 14 од пакетот за итни случаи на Владата на Република Косово, претпријатијата во земјата имаат регистрирано вкупно 9.946 нови вработени, додека објавуваат дека отпуштиле 1268 вработени, напиша Блисими.

Бислими го минусирал бројот на нови регистрирани работници од бројот на невработени според официјалната статистика.

Според официјалната статистика на крајот на минатата година, 130.228 лица се регистрирани како невработени, а официјалната стапка на невработеност е 25,9%. Разликата помеѓу новите пријавувани и оние кои ја изгубиле својата работа предизвикало намалување на бројот на невработени за 6,6% за само еден месец, што е најголем пад во последните 20 години. Ова значи дека официјалната стапка на невработеност би паднала на 24,1%. Од 1999 година, стапката на невработеност во Косово никогаш не била пониска од 24,5%, напиша Бислими.

Сепак, бројот на официјални вработени не може да се минусура со бројот на невработени, бидејќи Агенцијата за статистика во својот извештај вклучува и неформални работници. Значи, се смета дека овој број на нови регистрирани работници во извештајот на КАС веќе биле такви, вработени.

За сите лица кои имаат договор за работа или имаат работено без договор КАС ги вклучува во истражувањето, се вели во одговорите на Авни Кастрати, шеф на Агенцијата за статистика.

Кастрати, во објаснувањата, покажува дека може да се зголеми бројот на невработени бидејќи имаме голем број работници кои не работеле во ова време.

Лицата кои привремено отсуствуваат од работа и добиваат најмалку половина од платата, се сметаат за вработени. Меѓутоа, доколку добиваат помалку од половина од нивната сума од работодавачот или кој било донатор (влада во овој случај), тие се сметаат за невработени.

Значи, сите луѓе што привремено се отсутни, имено во отсуство продолжуваат да примат 50% или повеќе од платата од работодавачот. Со оглед на тоа, сите лица кои имаат договор за работа или работеле без договор  КАС ги вклучува во истражувањето и доколку тие во текот на референтната недела не работеле (не се ангажирани) и не се платени од работодавачот се сметаат за невработени, рече Кастрати за KALLXO.com.

Значи, ако некое лице има договор за работа со плата од 450 евра, но не работел во текот на двата месеци на пандемија и имаат добиено само 170 евра обештетување од владата, тогаш тој се смета за невработен.

Изјавата на министерот беше опишана како „манипулативна“ и „дезинформативна“, но никогаш не се засноваше на податоците на КАС, туку само на различни макроекономски теории.

Министерот, Бесник Бислими, како одговор, рече дека не тврди дека невработеноста во Косово се намалила благодарение на пандемијата, додавајќи дека пресметката е направена со „формулата за пресметување на стапката на невработеност“.

Од друга страна, претставници на бизнисите и работниците во Косово, велат дека последиците од коронавирусот ќе влијаат не само на економскиот пад, туку и на зголемување на невработеноста.

Авни Ајдини, претседател на Сојузот на независни синдикати на Косово, изјави за KALLXO.com дека нема намалување на невработеноста во ова време на пандемија.

Едноставно, тогаш го фледаме на поинаков начин. Намалување на невработеноста нема, но има зголемување на невработеноста. Сметам дека според статистиката што ја имавме по 30 проценти, јас велам дека над 40 до 50 проценти достигнал бројот на невработеност.

Ајдини додава дека пандемијата ја оштети не само косовската економија, туку и глобалната економија.

Во меѓувреме, претседателот на трговската комора на Косово (ТКК), Берат Рукиќи за KALLXO.com изјави дека не може да се направат проценки за краток период од еден месец, без да се утврди трендот со економските показатели.

Треба да се чека подолг временски период и да се видат ефектите за да може да се процени како сме со најголемите економски индикатори. Но, врз основа на првите индикации за економскиот пад во земјата, очекуваме да има зголемување на невработеноста, дури и на краток рок, истакна Рукики.

KALLXO.com испрати и прашања до Агенцијата за вработување на Република Косово, во врска со бројот на нови вработени кои се регистрирани за време на КОВИД-19, но до четврток, 14 мај, нема добиено одговор.

Во меѓувреме, фискалниот пакет за вонредната состојба одобрен од Владата за помош на работниците кои не успеале да добијат плата заради затворање на деловни активности и граѓани на кои им е потребна, е злоупотребени од страна на некои работодавци, обидувајќи се да имаат корист од овие мерки.

Претставникот на работничките синдикати, Авни Ајдини смета дека имало злоупотреби од фискалниот пакет за итни случаи.

Што се однесува до пакетите, јас сум изненаден од фактот што тука има елементи на злоупотреба, треба да се срамат работодавците кои прават измама. Сметам дека имало злоупотреби од страна на одредени лица затоа што не можам да ги ставам сите во една кеса. Жал ми е што има такви, затоа што тие треба да бидат фер и да работат за доброто на работниците. Слушнав дека и членовите на семејството ги вклучиле во пакетот, рече тој за KALLXO.com.

За злоупотребите зборуваше и вршителот на должноста министер за финансии и трансфери, Бесник Блисими.

Постојат супермаркети, аптеки или пекари што се отворени и равотат и сепак тие го пријавија скоро целиот персонал за помош (во повеќето случаи тоа е злоупотреба, на пример има мрежа на супермаркети која цело време е отворена и сепак ја исполни побарувачката за обештетување на над 1.100 работници, а јас ги стопирав) , напиша Бислими на Фејсбук.

Има такви кои се пријавиле за компензација повеќе од еднаш, што не е идеја за пакетот (на пример, неодговорен сметководител се стави на списокот на работници во 23 бизниси, и секако овие тенденции за злоупотреба на пакетите нема да бидат дозволени), додаде тој, меѓу другото.

 

Невработеноста во Косово околу 26 проценти, останува родовиот јаз

KALLXO.com во март оваа година, објави напис за стапката на невработеност во Косово, што ги покажуваат податоците на Косовската агенција за статистика (КАС).

Според резултатите од Анкетата за работна сила (LFS), во последните три месеци од минатата година стапката на невработеност изнесува 25,9 проценти.

Највисока стапка на невработеност е кај жените со 36,6%, во однос на мажите, 22,0%. Најизразена стапка на невработеност е во возрасната група од 15-24 години со 49,1%, се наведува во извештајот на Агенцијата за статистика.

Резултатите на АФП исто така покажуваат дека во последниот квартал од 2019 година, неактивната работна моќ е доста висока на 58,6 проценти, со посебен фокус на жените на 77,6 проценти, во однос на мажите, 39,8 проценти.

Овие податоци ги објави косовската агенција за статистика (КАС) со објавување на „Анкета на работната сила (ЛФС), за четвртиот квартал (Q4) 2019“.

Во последниот квартал од 2019 година, трговскиот сектор се водеше како главен работодавач на Косово, додека затворањето на сите бизниси освен храната заради коронавирусот, заканува да ја погоди трговијата.

Според резултатите од оваа публикација, две третини од населението на Косово е работоспособно население.

Населението во работоспособна возраст вклучува 15-64 години. Кај популацијата на работосбособна возраст, стапката на учество на работната сила е 41,4%.

КАС покажува дека стапката на вработеност во Анкетата за работната сила, за четвртиот квартал на 2019 година е 30,7 проценти.

Највисока вработеност има кај мажите 47,0%, додека вработеноста кај жените е 14,2%. Жените се вработени, главно во секторите образование, трговија и здравствена заштита, со 53,5% од нив, додека мажите главно се вработени во секторите: трговија, градежништво и производство, со 43,8%“, се вели во соопштението.

Економските сектори, што водат во вработување, продолжуваат да бидат: трговија со 16,0 проценти; градежништво за 11,8 проценти; производство за 11,7 проценти; како и образованието за 10,2 проценти.

Додека другите сектори учествуваат со помал процент во вработеноста. Понатаму се наведува дека во однос на вработените во договор, се покажува дека 54,0 проценти од вработените имаат долготрајни договор во работа, додека 46,0 проценти имаат привремени договори.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција