Приказната на Путин со неговата мајка можеби е целосно измислена од него, рускиот претседател неколку пати излажал

Фото: скриншот

Должност на новинарите е да ги информираат читателите врз основа на факти и да ја претстават целосната слика за некоја вест, а не само деловите што го претставуваат убаво и будат некакви емоции за одреден политичар. Во „InfoShqip“ е објавена приказна за рускиот претседател Владимир Путин, која е најверојатно измислена од самиот Путин. Ова го велат експертите за комуникации врз основа на фактот што истата приказна, тој ја раскажувал во различни верзии, пишува Порталб.мк.

Должност на новинарите е да ги информираат читателите врз основа на факти и да ја претстават целосната слика за некоја вест, а не само деловите што го претставуваат убаво и будат некакви емоции за одреден политичар. Во „InfoShqipе објавена приказна за рускиот претседател Владимир Путин, која е најверојатно измислена од самиот Путин. Ова го велат експертите за комуникации врз основа на фактот што истата приказна, тој ја раскажувал во различни верзии, пишува Порталб.мк

 

Од Ардит Рамадани

Во „InfoShqip“ на социјалната мрежа Фејсбук, преку лична приказна на рускиот претседател Владимир Путин, е претставен негов портрет во кој тој е прикажан како емотивна и позитивна личност.

„За време на Втората светска војна, руски војник добил дозвола да го посети своето семејство. Кога се доближил до својата населба, видел дека воени камиони превезуваат десетици трупови до масовната гробница и сфатил дека неговата населба била бомбардирана“, се вели меѓу другото во текстот што го рецензираме.

 

Ова не е сосема точно

За сето ова да изгледа што е можно поверодостојно, искористен е авторитетот на Хилари Клинтон, но, нејзината изјава не е цитирана целосно и точно, туку се избрани само зборовите што му одговараат на авторот.

Вистина е дека Хилари Клинтон рекла дека оваа приказна и ја кажал рускиот претседател Владимир Путин во 2012 година, но додала дека не ѝ верува целосно истата и дека нема шанси некој да ја потврди нејзината вистинитост.

„Секако немам начин да ја проверам приказната на Путин, но често размислував за тоа. За мене, тоа фрла малку светлина за човекот кој станал и земјата со која тој управува. Тој секогаш те става на тест, секогаш поместувајќи ги границите“. Рекла Клинтон.

 Постои можност оваа приказна ќе биде мит, Путин ја раскажал неколку пати – во различни верзии!

 

Во автобиографијата на рускиот претседател Владимир Путин, во 2000 година, истата приказна ја раскажал во многу поинаква верзија,.

Наспроти првата верзија каде вели дека неговиот татко ја спасил мајка му, која по грешка била ставена заедно со други трупови, Путин во својата автобиографија вели дека татко му цело време бил во војна и дека немал шанса да ја види мајка му или да се грижи за неа.

Постојат и други противречности меѓу она што го кажала и напишала Клинтон, во нејзината автобиографија од 2000 година, и јавните изјави на Путин за приказната. За да прочитате повеќе за тоа, кликнете ТУКА.

И покрај тоа, порталите кои ја објавија оваа сторија не се заинтересирале да ја потврдат нејзината веродостојност, а тоа не е во согласност со професионалните новинарски стандарди бидејќи прикажува неточна слика за одредена приказна.

Во колумна за Тајмс во 2014 година, Британскиот публицист и историчар Бен Мекинтајр фрла сомнеж врз тврдењата на Путин, велејќи дека тоа би можело да биде „полувистина што ја кажуваат политичарите кога сакаат да манипулираат со минатото за да ја создадат сегашноста“.

 Ова не е прв пат Путин да лаже

Неодамна, пред само неколку недели, Владимир Путин излажа во врска со инвазијата во Украина, тоа го потврди и поранешниот портпарол на рускиот претседател во интервју за БиБиСи.

За време на интервјуто за БиБиСи, Сергеј Марков изјави дека „Путин престанал да ја кажува вистината“ за Украина, бидејќи одлуката за инвазија веќе била донесена.

Путин лажеше и за фактот што агресијата врз Украина и нападот врз цивилите во Киев и другите градови ги нарекува „специјална воена операција за спасување на Донбас“.

 Новинарите треба да внимаваат да не станат плен на пропагандата на политичарите

Информациите што не се објективни и се користат за да се влијае на размислувањето или однесувањето на луѓето за исполнување на некоја агенда, главно политичка, но не само тоа, се сметаат за пропаганда.

Во пропагандата најчесто се користат емотивни и ирационални пораки, ако забележите, целата лажна приказна за Путин се базира на емоции, така што ќе се допре до чувствата на читателите за да не се активира мозокот.

Честопати, новинарите стануваат плен на разни пропаганди на политичарите бидејќи немаат доволно информации, и дека всушност информациите што ги објавуваат немаат врска со вистината. Оваа практика би била спречена доколку новинарите ги проверуваат своите информации пред да одлучат да ги објават.

Инаку, бидејќи Путин и неговиот ПР тим често се поигрувале со оваа приказна и ја раскажувале во различни форми, ова може да се смета и како искривување или во Прирачникот Crithink познато како „СПИН“, што е пропагандна техника која вклучува прикажување приказна според интересот на едната страна.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција