Независни, стручни медицински обучени центри и медицински професионалци се децидни – примањето повеќе вакцини одеднаш кај бебињата е безбедно. За тоа се правени научни медицински истражувања кои ја покажале оваа безбедност наспроти невистините кои се споделуваат во објавата дека вакцинирањето со повеќе вакцини одеднаш кај бебињата било „злосторство“
Независните стручни медицински центри и медицинските професионалци се децидни – примањето повеќе вакцини одеднаш кај бебињата е безбедно. За тоа се правени научни медицински истражувања кои ја покажале оваа безбедност наспроти невистините кои се споделуваат во објавата дека вакцинирањето со повеќе вакцини одеднаш кај бебињата било „злосторство“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од бебе кое одеднаш прима повеќе вакцини и пишува:
Еве од прва рака, како изгледа вршење злосторство врз мали дечиња, преку вакцини. Колку „вакцини” прими наеднаш ова мало душиче дали знаете???
Имуниот систем на вашето дете е многу силен. Да прими повеќе од една вакцина во исто време, не претставува оптоварување на нивниот имунолошки систем. Ако вакцините се одложени или давани на поголем временски период, вашето дете ќе биде незаштитено подолго време. Вакцинацијата навреме, му дава на детето најдобра заштита. Ако неодамна сте преселени во Австралија, вашето дете можеби ќе треба да прими некои дополнителни вакцини. Безбедно е да прими повеќе од овие вакцини во исто време, наведуваат оттаму.
Повеќето несакани ефекти се благи и се решаваат во текот на неколку денови. Вакцините содржат само мал број на антигени. Децата доаѓаат во контакт со голем број антигени во нивната средина секој ден. Да се примат повеќе вакцини одеднаш може да биде помалку вознемирувачко за вашето дете, но и да ви заштеди време, бидејќи така ќе ви бидат потребни помал број на закажани состаноци, додава Националниот центар за вакцинални истражувања и надзор.
Научните податоци покажуваат дека примањето неколку вакцини во исто време не предизвикува никакви хронични здравствени проблеми. Направени се голем број студии за да се разгледаат ефектите од давањето различни комбинации на вакцини, и кога секоја нова вакцина е лиценцирана, таа е тестирана заедно со вакцините кои се веќе препорачани. Препорачаните вакцини се покажаа како ефикасни во комбинација како и поединечно. Понекогаш, одредени комбинации на вакцини дадени заедно може да предизвикаат треска која е привремена и не предизвикува трајна штета. Врз основа на овие информации и Советодавниот комитет за практики за имунизација и Американската академија за педијатрија препорачуваат навреме да се добијат сите рутински вакцини за децата, стои на сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар