Прислушувани разговори – сет 31: Новиот мерцедес за премиерот
Како функционирала коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, посебно кога станува збор за меѓусебна заштита и покривање на незаконско однесување, како се местени тендери за милионски суми и како се испумпувани пари од приватни компании, коишто потоа завршувале во ВМРО-ДПМНЕ, кој стои зад купувањето мерцедес вреден речиси 600.000 евра од страна на МВР, откриваат разговорите од денешниот сет.
Првите два разговора се помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков. Од нив слушаме дека Мијалков се нафаќа да му заврши работа на близок човек на Џафери, односно компјутерите запленети од неговата бензинска станица, да бидат „пуштени“ побргу. Дознавме дека Мијалков ургирал во Финансиска полиција тоа да се случи, а слушаме и дека проблемот настанува со истражниот судија од Кичево, кој, вели Мијалков „го проверив јас тој бил некој криминалец, што зимал пари ваму-таму“. Сепак, Мијалков ветува брзо решавање на проблемот.
ТОДОРОВ ГИ ОТКРИВА КРИМИНАЛИТЕ НА ПРЕТХОДНИКОТ ОСМАНИ
Следуваат два разговора на Никола Тодоров и Гордана Јанкулоска. Тодоров ја информира Јанкулоска за криминал со набавки на Министерството за здравство, за огромни исплатени суми со потпишани од Бујар Османи, поранешен министер за здравство од коалициската ДУИ. Тодоров вели дека криминал правеле и тие што биле задолжени за надзор. Вели дека за реконструкцијата на болницата во Охрид, Бујар Османи бадијала потрошил дури 400.000 евра пари на граѓаните, коишто не се знае каде завршиле, или како што се слуша во разговорите, завршиле “во бунар“.
Тодоров ѝ признава на Јанкулоска дека со реконструкцијата на болницата има проблем и во документацијата и реално на теренот и дека толку е сериозен проблемот со стабилноста на објектот, што се размислувало болницата да се руши. Тоа и ревизијата го потврдува.
ТЕНДЕРИТЕ „НА ИБИЦАТА, НА ДЕБЕЛИОТ“
Следуваат разговори помеѓу Влатко Чингоски, тогашен директор на државната енергетска компанија ЕЛЕМ и Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата на РМ. Слушаме како се местат милионски тендери во ЕЛЕМ и тоа по директен налог на Никола Груевски. Се договара кои фирми – „на Ибицата, на дебелиот…“ колкав дел од бизнисот да добијат.За тоа што избраните не можат да го обезбедат во моментот, ќе им се овозможи да формираат конзорциум, па така да настапуваат. Заедничко им е тоа што се многу блиски до власта и што мора да ги добијат зделките.. Како што напомена Заев на прес-конференцијата на која ги презентираше снимките, станува збор за тендерот од 2011 година, за ископ на јаловина и јаглен од свлечиштето во рудникот Суводол – РЕК Битола, со дотур на јаглен до ТЕ Битола. Бизнисот е вреден 1,2 милијарди денари, односно 19,5 милиони евра!
Потоа во разговори на тие двајца, слушаме и како се собираат пари од фирмите со рекет и изнуда од оние компании што добиваат работа на претходно наместените тендери. Притоа ги слушаме и имињата на „среќните“ фирми. Се зборува во шифри, за „документи“ и „материјали“ наместо за пари, а во еден од разговорите слушаме дека „материјалчињата“ завршуваат во ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев на прес конференцијата. Слушаме и дека висината на „документот“ се одредува според зделката, односно работата којашто овие компании ја добивале од државните фирми. „Немој да се замараш со мали такви цифри, 100-150 минимум“, вели Чингоски во еден од разговорите.
АВИОНИТЕ ЛЕТААТ НА „ДОБРОВОЛНО“ СПОНЗОРСТВО
Потоа следува разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, во која слушаме како се организирал авионскиот превоз за гласачи од дијаспората што би го дале гласот за ВМРО-ДПМНЕ, а потоа слушаме и кои фирми треба да ги платат „аранжманите“.
Следува разговор на Кирил Божиновски со Драган Павловиќ – Латас, гледаме како се реализираат партиските реклами во „Вечер“ – направен е договор дека ВМРО-ДПМНЕ треба да пушта реклами таму, ама кај Божиновски има недоумици како сето тоа изгледа во документацијата, па Латас му објаснува дека „се е средено“.Во продолжение слушаме како фирми преку фиктивни фактури, ги плаќаат огласите на ВМРО-ДПМНЕ во провладините медиуми за време на избори.
Потоа следуваат разговори кои расветлуваат како партијата, во трите месеци до распишувањето на претседателските избори, се стекнала со имот од над 1,6 милиони евра. Од разговорот помеѓу Миле Јанакиески и Кирил Божиновски слушаме како во тајност се подготвува анкета од која треба да се види за кои Општински комитети ќе се купат имоти. „Ова ако се расчуе ќе биде многу катастрофално, да не се кажува, целта е што повеќе да купиме“, вели Божиновски.
МЕРЦЕДЕС СО САРАУНД, МАСАЖЕРИ, ТЕЛЕВИЗОРИ…
Потоа следуваат разговори со кои дознаваме за новиот луксузен мерцедес за Груевски платен речиси 600.000 евра. Во првиот разговор слушаме како Груевски на Јанкулоска ѝ дава налог да започне постапката за набавка преку МВР. “Да биде фул“ и „позади да има екрани“ бара Груевски. Тој нагласува до завршување на локалните избори (2013 година) за мерцедесот, купен од парите на граѓаните, МВР да одглуми дека е набавен за потребите на министерството, а не лично за него. Се прави и план кој „да го задолжи“ новиот автомобил. Слушаме и како се планира тендерот, за да биде одлуката за набавка дадена на точно одредена фирма, а слушаме и дека работите се вршат во крајна дискреција и во премиерскиот кабинет. „Бидејќи е 100% електронски да направиме да не ни улета некој друг“ советува Јанкулоска и прецизира дека нарачала како треба да се реализира електронската аукција.
Груевски направил и шема за да не се открие каков автомобил е купен – ќе го користи само кога ќе оди некаде на пат, а ако на дестинацијата го чекаат повеќе новинари, во колоната ќе биде и стариот мерцедес, па некаде пред стасување Груевски ќе се префрли во стариот автомобил, за да не го видат новинарите.
Последниот разговор од овој сет е помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Мијалков разбрал дека мерцедесот стасал, па сака да го види. Јанкулоска му вели дека веднаш го скриле „у гаража кај премиерот, знаеш, да не го гледаат овде кај нас ко циркуз“. Луксузниот автомобил со сараунд систем, климатизери за секое седиште, масажери, телевизори, греење на седишта, по цена од 575.000 евра, од фабриката го земал возачот на Јанкулоска, а од „Мерцедес“ рекле дека таков примерок дотогаш не продале никаде во Југоисточна Европа.
АВТОБУСИТЕ ДА ВРТАТ, НАРОДОТ ДА ГЛЕДА
Од скапиот „мерцедес“ до превоз за обичниот народ. Но тоа мора да се се прикаже, дознаваме од разговорот на Груевски со Јанакиески, за автобусите од Украина за ЈСП Скопје. Груевски наложува кога ќе стасаат, веднаш да се измијат и исушат и потоа да тргне колона од гаражата во Ѓорче Петров до Центар, а Јанакиески да тргне со нив од Ѓорче – а по презентацијата да „ извртат едно 10-15 круга, едно 4-5 саата нека возат… За да ги глеа народ“.
Сите „бомби“ се тука.
Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ, во Скопје, 13.05.2015
По оваа прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение за јавноста, кое може да го прочитате тука.
Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков
МЏ: Здраво.
СМ: Муса здраво, како си?
МЏ: Вака, ајде да те прашам…Добар сум, уште на Влада, катастрофа.
СМ: Ха, ха, ха.
МЏ: А бе ова катастрофа.
СМ: Ти завидувам да ти кажам искрено. Јас знаеш колку би сакал да сум таму.
МЏ: Да!?
СМ: Ха, ха, ха. Се шалам бе.
МЏ: Еј ај да те прашам малку, малку на чисто.
СМ: Да.
МЏ: Ме прашуваше тој човекот. Компјутерите се уште во Скопје. И тој е во Скопје. Види, да ги чека да ги зема, ќе им ги дадат…
СМ: Зборев јас со нив. Ми кажаа вака: поради некоја најава ова-она и поради тоа што со наредба треба да се направи некоја копија, вика утре сабајле 9-10 да дојдат, да си ги земат.
МЏ: Ама се извинувам, нема да ти свртам телефон, пошто и тој ми досади.
СМ: Не, не, не. Ја зборев пред саат време и тоа ми рекоа, пошто мене и Абдулаќим ми се јави…
МЏ: Кажи ми чисто…
СМ: Абдулаќим ми се јави пред саат време. Она што ми пушти порака, прво ми се јави, па ми пушти порака. Пошто он ми се јави, јас проверив. Се јавив таму, викам што е работата. Вика све е уреду, дојдоа луѓето, си отидоа, се договоривме. После тоа ми пушта Абдулаќим, зборел со луѓето, луѓето рекле не е договорено. Па јас проверив накнадно. Сега го барав него, он е недостапен. Тебе ти кажувам дека утре 9-10 си ги зимаат.
МЏ: Океј.
СМ: Иначе, иначе они ве мафтаат вас малце. Таму се им функционира.
МЏ: Не бе не, ова телефонски. Може и тоа. Ќе го видиме тоа.
СМ: Ве мафтаат и нека не прават притисок, нема смисла сега. Кај им правиме попуст, они…
МЏ: Не, не. Јас, јас кога ми рековте Вие, им реков дека ќе ги пуштат.
СМ: Ќе ги пуштат утре 9-10 да ги земат.
МЏ: Океј, така ќе им пренесам. Важи.
Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков
МЏ: Здраво.
СМ: Здраво Муса, што правиш?
МЏ: Па еве те барам уште порано. Можеби спиеше.
СМ: Одмарав малку да ти кажам искрено. Нешто бев овие денови не одморен.
МЏ: Знам, знам.
СМ: Па малку одмарав.
МЏ: Види, ама, ај кажи ми кај кого да оди тој? Ми спомна тие во Кичево, протестираат уште во суд.
СМ: Вака сега. Сакав да те барам тебе уште синоќа. Сакам да ти кажам овај…ќе биде се океј. Него сакам да ти ја отсликам ситуацијата реално.
МЏ: Ма ако сакаш…
СМ: Значи вчера…Молим?
МЏ: Ако сакаш покасно, некако и така на некој начин, на кратко да се видиме. Не само за овој случај, него општо вака.
СМ: Ама види, у 1 саат имаме ние Унија на млади сили, сега е 12 више. Додека се спремам, да отидам у 1 да сме таму. Тоа сигурно ќе трае до кај 3, а после има овој Орце Камчев прави роѓенден на децата од 1 саат. Ќе каснам ја таму едно 2 саата,
МЏ: Океј. Ај кажи ми…океј, што почнавме.
СМ: Па ќе се видиме ние можеме приквечер да се видиме. А вечер јас, мене ми е денеска, имам некое така фамилијарна обврска.
МЏ: Не, не, не. Не мора, не мора, не знаев ако си толку под притисок, ама ај кажи ми за овој случај.
СМ: Вака сега, јас сакав да те барам јас уште синоќа. Нели вчера они кога рекоа ќе ги вратат компјутерите, значи они рекле дека чекаат наредба од истражен судија за да они направат копија. И која што копија…
МЏ: Од кичевскиот.
СМ: Да, кичевскиот истражен судија и таа копија одма да им ја дадат на нив. Тоа е тоа што на нив им требало. Со тоа се они задоволни. Меѓутоа, најверојатно некои од нивна страна влијаел на кичевскиот истражен судија. Кој што во случајот е Македонец, а го проверив јас тој бил некој криминалец, што зимал пари ваму-таму, не е битно. И тој не сакал да даде наредба. И затоа овие вчера малце ги…
МЏ: За враќање?
СМ: Слушај ме сега. А?
МЏ: Да, да. Ај те пратам.
СМ: Да, да. Прати ме до крај, ќе ти биде јасно пошто јас многу јасно и едноставно ќе ти кажам. И тој не сакал да даде наредба. А они без наредба не смеат да направат копија, зошто тоа е повреда на постапката. Да ја дал таа наредба уште вчера, уште вчера ќе им било на овие направена копија и дадена на нив и завршена работа. Значи наредба за вештачење. Истиот судија дал наредба за претрес и сега не сака да даде наредба за вештачење, што нема логика. Значи ти ако даваш наредба за претрес,
МЏ: Да.
СМ: Која е логиката да не дадеш наредба за вештачење на предметите кои се изземени од претресот…
МЏ: На документите, да.
СМ: Ме разбираш? Што значи јасно е дека некој таму влијаел. Дали вака, дали онака. Не знаеме како. И тој рекол: не давам наредба. И вчера, синоќа се јавивме таму, реков јас да се јават на тој, да кажат дека нема логика да не дава наредба, да даде наредба затоа што треба на луѓето да се…да им се врати.
МЏ: Наредба за вештачење.
СМ: Он им рекол: нека дојдат утре сабајле, ќе им дадам наредба. Овој им дал наредба дури сега, пред едно саат време,
МЏ: Да, ми спомна тој дека се во Кичево кај истражниот судија се.
СМ: И дал наредба. И он сега ќе трееба уште саат време да направат копија и ќе им дадат. Што значи дека…
МЏ: Океј, океј.
СМ: Ама не е тоа добро бе, така они сега да влијаат, да прават, знаеш. Кај им правиме ние попуст…
МЏ: Ај ќе го прашам, јас само телефонски преку нив. Тој тргнат беше уште во 10 саатот накај Гостивар и ме бараше, ми рече: ај кажи ми, ако ќе биде да дојдам до Скопје да ги земам или не. Истотака ми спомна нешто за судот, што Вие ми кажавте таму кај истражниот, кичевскиот…
СМ: Да, вака сега. Значи јас мислам дека они имаат контакт од нив и они сигурно ќе се спојат и ќе им кажат кај да дојдат. Таа работа е во тек, дадена е наредба и во процедура е, прашање е дали е саат, два, три, толку е прашање, таа работа е завршена.
МЏ: Д, да. Пошто тој не сака, ни ја да Ве замаварам на Вас, имате фамилија и приватни…
СМ: Ама тој Ве замара, и Вас Ве замара.
МЏ: Ааа бе види. А бе и јас не сум го видел, ќе го сретнам кога ќе дојде да ги земе тука тој, со Исмаил. И претпоставив дека тие се шушкаат горе-долу под притисок, паника…Кој е истажниот судија, како се вика?
СМ: Некој Македонец, не знам кој е. Некој Б,Б…на Б му е презимето.
МЏ: Да му кажам на овој да дојде да чека во Скопје?
СМ: Па не знам јас сега каде. Ај јас сега ќе се јавам, од финансова полиција, они имаат контакт од нив…
МЏ: Тој ми рече дека копмјутерите се во Скопје.
СМ: Вака сега. Сега ќе му се јавам на Љупчо, они ми се јавија мене сабајле да ме известат, односно не сабајле, сега се јавија пред пола саат и ќе му кажам да се спојат, да ги викнат, да си завршат работа.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров
ГЈ: Да
НТ: Горде, Нино е што праиш?
ГЈ: Добро бе Нино си работам…ти шо праиш?
НТ: И ја шо да ти кажам ххаха..
ГЈ: Шо да праам у петок навечер
НТ: Да бе да нема да шетаме сеа глупости…
ГЈ: Да де да ее хах коа си иаме канцеларија…
НТ: Да бе да, слушај знаеш за шо те барам
ГЈ: Кажи
НТ: Многу сериозна работа ми е тука со проектов за реконструкција, она што го спомнав на Влада…
ГЈ: Мхм..
НТ: Тоа е овака и не е најтешкото, тоа ми се гледа мене као најлесно што го кажав тогаш, тука ситуацијата е многу покомлицирана , значи има анекси што се праени и се набивани цени на пример сијалица од 20 илјади денари стаена е 70 илјади денари и плус наместо 10 стаени се 20 или 30 и количина и цена е зголемена…
ГЈ: Да бе да…
НТ: Шо да ти кажам, страшно.. плус договарани се со овие како се викаат изведувачите и надзорот, не праеле надзор на фактурите, не праеле проверка на времени ситуации, ништо што доставиле,тоа исплатиле тука кај нас и тоа е сеа ја пуштив ревизија све и овие моиве гледаат дека прво се платени работи што не се уште изведени..
ГЈ: Не се завршени фактички…
НТ: Не се изведени, нема а јас сум платил ти текнува…
ГЈ: Да де да ти немаш ни времена ситуација ни ништо..
НТ: Мислам јас сум платил, јас не сум платил времена ситуација уште ниту една… платило министерствово сеа ја…
ГЈ: Добро де не е битно сеа дали си бил ти министер или некој друг…
НТ: Да…
ГЈ: Тие се парите, купот е истиот…
НТ: Е така истиот е ама не е истиот знаеш хахах е тоа е поентата сеа имам ситуација во Охрид многу сериозна, веројатно и гледаш по телевизии…
ГЈ: Да, да, да па јас мислев за тоа ќе збориш некни…
НТ: Објектот е напраен руина и сега мислам дека ќе, објектот ќе не може да се санира…до таму е доведена ситуацијата, јас излеа ќе треба да го срушам…сеа зборев со ИЗИС, ИЗИС беа на лице место у понеделник ќе идат пак и ќе ми дадат дефинитивно дали треба да се руши или може да се санира по се изгледа дека ќе треба да се руши а јас таму имам 400 илјади евра платено за да дојдам до оваа ситуација…
ГЈ: Лелеее…
НТ: Тие 400..мислам пак коа ти зборам ја зборам министерство…
ГЈ: Да де да…те разбирам..
НТ: Да и тоа ти е 400 илјади евра во…
ГЈ: …во бунар
НТ: Во бунар а ти знаеш тие за 100 илјади евра два саати на Влада расправаат
ГЈ: Ние не за 100 илјади евра за 100 илјади денари очи си вадиме…
НТ: Е тоа е поентата и сеа имам сериозна ситуација и ми треба од кај тебе да ми даеш еден тим, ја веќе имам тука прилично луѓе коишто можат да им помогнат од аспект на тоа што е, од стручен аспект, што е најдено значи…да им даеме документација да си се тера цела работа…
ГЈ: Е па ај вака ќе напраиме, ја да ти кажам ми текна, ги глчеам белешкиве шо ми се од Влада…
НТ: Мхм…
ГЈ: Ама ај викам некако тогаш и така беше дискусијата демек ај…
НТ: Не бе тогаш тоа го кажав за да ја извадам работата…немаше да го кажам
ГЈ: … напрај ај ваму напрај, викам ај да не дигам тензија пошо знам овие како реагираат си премолчив викам па се запнеме ќе пуштам луѓе и таму и ваму ама да ти кажам иницијално не мислев да пуштам ама шом е ваква работава…
НТ: Многу сериозна
ГЈ: Ај понеделнички, дека сеа заминати си се…ќе ги организирам моите и ќе ти кажам да речеме да видам ако е Драги Златанов ќе ти се јавам Нино Драги доаѓа он е главен нормално зависно од тоа шо ќе најдат и други луѓе ќе си уклучат. Драги ми е иначе началник на економски во СВР Скопје, само најверојатно ваму како што кажувашнема само на Скопје да се ограничи ама не е битно…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров
ГЈ: Ало
НТ: Се исклучи нешто бе…
ГЈ: Нешто се исклучи… значи идејата ми е некој да види и после ќе напраиме екипа ќе си го работи предметот
НТ: Пошто овдека ќе има сеа на пример тие сеа во Охрид се бунат 8 месеци застој ќе има, не 8 2 ипол години ќе биде застојот ако ја срушиме а мора да ја срушиме пошто болница е не можеш ти..да ти падне…
ГЈ: Да бе да… ако си открил такви аномалии не можеш да се праиш дека не знаеш
НТ: И тоа не ја ИЗИС а поврвна институција од ИЗИС нема
ГЈ: …ИЗИС нешто ако се деси ќе рече јас му кажав, не превзеде ништо
НТ: Така е…
ГЈ: Нишо понеделнички јас ќе ги организирам моиве и ќе договориме…
НТ: Организирај ги и само пушти ми порака…
ГЈ: Ќе се издоговориме да и после ќе видиме зависно од тоа колку документи шо документи има ќе ја тераме работава…
НТ: Зашо тука има дело како да ти кажам и од аспект на процедура и од аспект на терен реални оние забрљотини што ги праеле намерно на пример шо ти кажувам изведена работа уствари не е изведена…
ГЈ: Да де да
НТ: Значи има и во документацијата проблем ама имаме и реално на терен проблем, значи требаат два типа на истрага…
ГЈ: Е па затоа викам, нашиве ќе видат што е па после ќе процениме кои све луѓе да се вклучат…
НТ: Е така, оокеј Горде па се слушаме
ГЈ: Важи Нино ајде поздрав чао
Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски
ВЧ: Кажи Кире
КБ: Еј Чинго овој во 7 кај мене ќе дојде
ВЧ: Во 7
КБ: Да неможел порано
ВЧ: Двајцата или само тој
КБ: Па не мислам ја прво да го примиме овој па овој да го викнам некаде нема многу да седиме некаде 7 и 15 или 7 и 20 да го викнам Сеат, ама ќе им кажам на обезбедувањето во друга просторија да не се видат знаеш па кога ќе си отиде овој ќе дојде тој така да завршиме за пола сат
ВЧ: Добро значи да не бегам јас дома за јадење него да стигнам до 7 со вас
КБ: Сега колку ти е 6 и 15
ВЧ: 6 и 15 додека да одам до дома 6 ипол, ако не да каснам набрзина па да дојдам таму
КБ Па може така најпаметно да не се знаеш…
ВЧ: Да, да така ајде ја ќе дојдам 5 минути покасно
КБ: Важи, важи
ВК: Ајде
Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски
ВЧ: Ало
КБ: Чинго
ВЧ: Кажувај
КБ: Знаеш ли каква варијанта треба да се обидеме да спроведиме
ВЧ: ха,ха,ха ајт
КБ: Малце е невозможно ама тоа е …три еднакви дела
ВЧ: Аха
КБ: Со тоа што во третиот дел да го поделат дебелиот и Ибицата
ВЧ: Уф, уф, уф
КБ: Малце ќе биде сложено никој нема да биде задоволен
ВЧ: Да КБ: Ама мислам дека треба да се обидеме со тоа што на Ибицата и на Дебелиот, на Дебелиот не толку, на ибицата може да му напраиме филм еве следи Проп Неготино дека нови можности и.т.н а сега за сега да се задоволи со ова по што таква е ситуацијата
ВЧ: Да и кој ни гарантира дека после тоа ќе имаме најдобра понуда од нив? Па што ако се јави некој трет со пониска понуда од сите четири
КБ: Тоа никој не ни гарантира
ВЧ: Тогаш ќе изгубат сите четворица и тогаш ќе останеме со прстот во уста
КБ: Да тоа може да биде незгодно
ВЧ: Значи во таква варијанта прво треба да се договориме дали прифаќаат сите три по триста по 30% значи по 1/3 (една третина) за тоа си го направил муабетот?
КБ: Види ја начелно веќе зборев со оние двајца што се веќе там, они не го прифаќаа велат дека тоа е нереално ама повеќе аргументи им се базираа на тоа дека овој неможе да постигне третина да заврши
ВЧ: ДА
КБ: Е сеа нормално задниот мотив им е што им се намалува профитот
ВЧ: Така сигурно
КБ: Меѓутоа реално е дека овој неможе сам да постигне една третина по што неможе сам да се организира и.т.н…. знаеш ти подобро меѓутоа со убацување на овој тој аргумент веќе им пага во вода им останува само профитот и сега ние тука со притискање ќе ги натераме нив е сега мене проблем ми се овие двајцата они па нема да бидат задоволни со делење на една третина ме разбираш…
Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски
ВЧ: Ало
КБ: Еј што правиш
ВЧ: Еве да ти кажам само што дојдов дома
КБ: А така…види да те прашам овде покрај цената кои се други параметри кои можат да влијаат за личниот избор за ова у понеделник
ВЧ: Дали ќе има доволно механизација, значи треба да има соодветен број на машини што ги бараме ние дурбилица да има..да има камиони да има итн потоа требад а има одреден теронограф што го бараме за да може да..ми се чини дека во последните десет години треба да има околу 10 милиони евра и така нешто
КБ: А дали тоа го испунува Ибицата со овој дебелиот
ВЧ: Па тој рече дека 80% исполнува, нели вчера ми рече така, рече неможам сам ама со некого можам да го исполнам тоа
КБ: По што он веројатно ќе оди на варијанта Ибицата со дебелиот
ВЧ Добро ако неможат нека го вклучи тој третиот Рудкоп и готово
КБ: Да ама мене ми е тоа прашањето дали ќе можат, да не ги извисиме на тој начин ја да ги спојам да им речам терајте и на крај и двајцата да извисат
ВЧ: Епа они си знаат што се бара бре Кире, они треба да си видат во податоците да си ги знаат своите карактеристики КБ: Да, да
ВЧ: Вчера ми се чини дека Ибицата рече јас сам нема да можам да исполнам ама со уште некого можам, плус прашав тие машините што му се нему под лизинг можат да му се важат како негови, значи нема да има проблем од тој аспект
КБ: А трновер дали има толкав
ВЧ: Рече дека има 80% од тоа што се бара, што значи 20% овој ги има зашто тие по исто работеа исти количини имаа до сега кај нас и едниот и другиот
Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски
ВЧ: Ало
КБ: Еј Чинго
ВЧ: Кажи
КБ: Сега бев кај шефот
ВЧ: Да ми кажа тој
КБ: За тоа што сте збореле како да организираме да ни дае насока да се видиме со овие двајцава
ВЧ: Е па како да направиме ајде кажи јас сум уште кај мене на работа
КБ: Епа да го викнам овој сега да улета и ти да улеташ така нешто
ВЧ: Ајде бе кој ќе го викаш Страшо или другиот
КБ: Не Горан и Сеат
ВЧ: Добро ајде викни ги тогаш ја да дојдам до таму
КБ: Да чекај прво со нив да зборам и одма ти се прејавувам
ВЧ: Ајде, ајде
Разговор помеѓу Кирил Божинов и Влатко Чинговски
ВЧ: Ало
КБ: Само што завршив со двајцата
ВЧ: Добро
КБ: Значи овој шпанецот и дебелиот
ВЧ: Добро
КБ: Им кажав битни два услови да испуните технички услови, цена и плус цена
ВЧ: Добро, добро
КБ: Технички услови исполнуваат, се значи бонитет, број на машини итн
ВЧ: Добро
КБ: Евентуално таму кај бројот на ставка по ставка да се осигурам значи ме збунуваат 80% како што е таму наведено
ВЧ: Да едниот барем да исполнува 80%
КБ: Да едниот, носителот треба да исполнува, овој другиот они заедно имаат ама носителот на носителот само се гледаат знаеш
ВЧ: Да, да
КБ: Така да се испунува освен не тоа освен камиони било наведено 27 незнам какви а они имат 20 ама имаат 7 некои многу слични на тие со иста силина, капацитет итн, така да тука може ќе треба да видиме тој од комисијава знаеш коста и слично за да…
ВЧ: Добро тука ако е до тоа проблемот мислам дека нема да биде проблематично
КБ: И цената ќе ја дават им потенцирав дека мора да иде пониска дека мислам дека ќе идат со екстра ниска цена од 50 и нешто денари
ВЧ: Добро сега да не збориме за цена да не не слуша некој ха, ха
КБ: Да, да
ВЧ Како ќе си понудат нека си понудат важно нека се изборат и немаме ништо против да ја тераат работата
КБ: Е така тоа е тоа јас се консултирав и со човекот значи дефинитивно одиме на оваа варијанта ти само твое е да е во комисијава овака на тој што ти е подоверлив да му кажеш од старт нешто да не направи и слично
ВЧ: Добро
КБ: А овие двајцата ќе се налутат ама тоа е тоа ќе ги смируваме после тоа
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Ало?
КБ: Што правиш Чинго?
ВЧ: Патувам, ха, ха.
КБ: Ооо.
ВЧ: Од Ранковце за Пробиштип.
КБ: А бе не се видовме денес сабајлечки.
ВЧ: Е па немојме да се видиме бе Кире. Јас тргам од сабајле и врвам, бев денеска ваму, во Крива Паланка, па сега Ранковце, и сега Пробиштип на телевизија, што да правам.
КБ: Утре?
ВЧ: Утре сум Гевгелија, Дојран, Валандово.
КБ: Кога тргаш?
ВЧ: Па, кога тргам…во 9, во 11 треба да бидам Гевгелија.
КБ: Ооооффф.
ВЧ: Во петок.
КБ: Петок, ајде.
ВЧ: Да. Ама ај спремими ти што ми рече тоа, фактури.
КБ: Да, да, да, да.
ВЧ: Друго немам нешто, тешко. Ситно ми даваат. Она што се договоривме, не е тоа-тоа.
КБ: Добро, глеј колку можеш, собери и дај ми ги овие папкиве.
ВЧ: Добро.
КБ: Да вакво, ја ќе ти дадам за фа…ти донеси ми за фактури лимити, да пуштиме и тоа.
ВЧ: Добро.
КБ: И тоа е тоа, тоа е тоа.
ВЧ: Добро.
КБ: Петок значи се гледаме. Сабајлечки, здравје Боже, 10 саат.
ВЧ: Петок таму, да, да… кај 10 имам еден краток состанок, после тоа сум слободен. Значи 11 може да се видиме.
КБ: Е па заврши со состанокот и улетај у штаб.
ВЧ: Добро.
КБ: Ајде. Чао, чао.
ВЧ: Ајде, поздрав.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Ало, ало.
КБ: Што правиш?
ВЧ: Ево на терен сум во Камник, изборна единица 2. Ѓорче Петров.
КБ: Ааа, браво.
ВЧ: Кажи.
КБ: Ааа, за овој вчера ти јавив, така?
ВЧ: Да, ми јави и ние направивме тоа, поделивме. Првите 2 месеци моравме да ги затвориме, затоа што неможеме да ризикуваме. А вторите два ги поништивме, па има право да се јави. Во јули месец таму ќе имаме нов тендер.
КБ: Добро, добро, добро.
ВЧ: Така го решивме тој проблем.
КБ: Он ќе заврши работа.
ВЧ: Добро.
КБ: Тоа е тоа. Кажи ми, ако можеш да направиш напор до петок да се видиме уште еднаш, би било добро. Да го ангажираш таму…
ВЧ: Да се видиме, ама немам ништо, немам ништо.
КБ: Па нека поврти Коста-моста…ако може да донесе…
ВЧ: Добро, ајде. Ќе видиме, ќе направиме некој напор, ама тешко да ти кажам, сега вака при крај, многу е тешко, сите се растрчани лево-десно. Ќе видиме, добро.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Ало?
КБ: Еј Чинго.
ВЧ: Кај си бе Кире?
КБ: Еве бе на работа, ти?
ВЧ: И јас да ти кажам н аработа, ево привршувам за денеска.
КБ: Што има?
ВЧ: Вака, значи јас се видов со овај, беше кај мене. Јас те побарав, ама ти не ми се јави, и си замина. Што правиме сега за човеков?
КБ: А прееска кога ме бараше, кај тебе беше?
ВЧ: Да, да.
КБ: Ааа, па јас само што ми отидоа луѓе у п__ матер. Му кажа?
ВЧ: Па ништо не му кажав специфично, му реков дека треба да со затвориме прашањето.
КБ: Мхм.
ВЧ: И да се видиме.
КБ: Мхм.
ВЧ: И сега не знам што да правиме, јас да ти кажам сум скапан. Нешто сум настинат, и сношти ова ме здроби, сакам да се прибирам дома. Даали ќе одговара…
КБ: Е па ај да оставиме за утре тогаш, сакаш за утре.
ВЧ: Е, утре може. Ама јас сум до 12. После пошто патувам.
КБ: Аха.
ВЧ: Кога ќе дојдеш ти на работа?
КБ: А бе добро, ја немам проблем. Еве во 11 кај мене, одговара?
ВЧ: Може. Ај во 11 да му се јавам јас кај тебе да дојди,
КБ: Да.
ВЧ: И јас ќе дојдам, имам некои документи да ти донесам.
КБ: Имаш документи?
ВЧ: Имам, да.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Да.
КБ: Еј, што правиш?
ВЧ: Ево, дома сум.
КБ: Дома си? Види, сега сум јас во партија.
ВЧ: Мхм.
КБ: Тоа сакав прво да ти кажам. Овие ги, знаеш, материјалчињата…
ВЧ: Добро.
КБ: Значи кај овие што се од исток,
ВЧ: Добро.
КБ: Е океј. 189.400.
ВЧ: Добро.
КБ: А, кај овие што се на Г…
ВЧ: Домашните, добро.
КБ: 10.100
ВЧ: Колку?
КБ: 10.100
ВЧ: 10.100!?
КБ: Да. А пишува 14 на ковертот.
ВЧ: Мхм. Добро.
КБ: Така да, не е, не лошо да го провериш тоа, знаеш.
ВЧ: Океј.
КБ: Кој таму ти донел, ваму-таму, знаеш, чисто да…Пошто ова е баш, знаеш…не е да фали…
ВЧ: Ептен, ептен е ова.
КБ: Да, да.
ВЧ: Важи.
КБ: Е така, тоа сакав да ти кажам, и следна недела да се видиме уште еднаш у партија кај мене.
ВЧ: Важи.
КБ: Помина први, да си фатиме цела година, да сублимираме.
ВЧ: Напиши ти тоа на страна, ја ќе дојдам…
КБ: Да де, ти со твоето, јас со моето и само да исчитаме.
ВЧ: Важи.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Кажувај бе Кире.
КБ: Што правиш?
ВЧ: Ево потпишав некои документи, кај мене сум на работа.
КБ: Да? Е види…
ВЧ: Кажи.
КБ: За овој човеков што треба да го видам.
ВЧ: Да, да, да.
КБ: Му пишав и на шефот, а јас мислев ќе те видам. Бев кај обезбедувањето сега, ми кажаа си отишол више.
ВЧ: Да.
КБ: Значи, јас му се јавив на него, прво беше недостапен…
ВЧ: Аха.
КБ: После ми се јави он. Ми вика: во Дебарца сум, во некоја планина, кај што ќе се гради тоа, централа некоја, бла-бла…
ВЧ: Да знам. Баба Мала, добро.
КБ: Да. И вика: сега тргам према Скопје, најрано што можам да дојдам е, директно ќе дојдам во Влада,е негде 6.30-7.
ВЧ: Да де, ми кажа шефот мене.
КБ: Е.
ВЧ: Ми кажа шефот мене, и ми рече да видиме, да продолжиме ова. И јас веќе го решив тоа, до понеделник ќе имаме информација. Значи ти ќе ми кажеш што ќе решите вечер, пушти ми една порака.
КБ: Добро.
ВЧ: И јас ќе си постапам по тоа.
КБ: Значи, ти како и да е, до понеделник ќе ја влечеш работава, така?
ВЧ: Да, ќе ја влечам до понеделник работата.
КБ: Е па добро, добро, одлично.
ВЧ: Е така да знаеш. Пошто вечер…
КБ: Подобро е…
ВЧ: Да, кажи.
КБ: Подобро е да не му спомињам ништо дирекно за тоа, така?
ВЧ: Не, не, ти ништо за тоа. Ти само ќе му речеш, вака и вака, она што му кажував на сите…
КБ: Да, да.
ВЧ: „Знаеш какво е времето, потребите и слично.“
КБ: Добро.
ВЧ: И да видиме што он ќе ти каже, како. Ти речи: добро, дај да видиме што можеш ти да направиш, па ние ќе гледаме да излеземе во пресрет и помогнеме.
КБ: Да. Ама да не му кажам директно со тебе, него кај што имаш потреба.
ВЧ: Не, не, не. Директно со тебе се нека оди, само ти речи: добро, тоа што ми го кажа ти е во ред, ние ќе се обидеме да направиме. Ако ние го направиме тоа, ти што ќе направиш?
КБ: Аха, значи да му посочам проблемот кај тебе што треба да го реши, така?
ВЧ: Да, да, да. Речи добро, ние ќе разговараме, да се реши тој проблемот, ама треба да видиме за што би разговарале.
КБ: Да, да, да. Кај него може јако да се нагази. Така?
ВЧ: Да, да, да. Немој да се замавуваш за мали…такви…цифри.
КБ: Колку вака документи, колку копии, отприлика според тебе ?
ВЧ: Па колку!? 100, 150.
КБ: Минимум, така?
ВЧ: Да, да, да. И да му кажеш дека тоа не е само за сега, него е општо.
КБ: За све до сега.
ВЧ: Дааа бе.
КБ: Добро, добро.
ВЧ: Е така.
КБ: Ај да се видам со човекот, па ќе ти јавам.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
КБ: Jас сум уште утре овде…
ВЧ: Добро.
КБ: Па после идам на пар денови надвор, па се враќам, да ова што разговаравме нели, почеток на август, има шанса нешто да се видиме, имаш ти нешто спремно…
ВЧ: Не, немам ништо.
КБ: Или да оставиме за после.
ВЧ: Немам ништо уште. Од она што ти донесов претходниот пат, од она поголемото немам ништо. И ти пуштив една порака за она другото.
КБ: Да, да, да.
ВЧ: За Трансмет. Тоа се виде со него?
КБ: Да, да. Телефонски зборев.
ВЧ: Завршивте нешто од тоа?
КБ: Да де да, да, да.
ВЧ: Е, добро, добро. Ако завршил и тоа, добро е. Пошто јас се слушнав со овој другиот човек преку кој требаше да се врши работата, и тој ми вика: вака и вака, таму оди кај него.
КБ: Мхм.
ВЧ: Тој вика ја зеде работата. Добро. И јас затоа ти пишав да имаш контрола.
КБ: Да, да, да. Ќе го превземам јас тоа да го терам.
ВЧ: А за ова поголемово уште немам никакви информации, веројатно кога ќе се вратиш од одмор, ќе биде.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Ало.
КБ: Чинго до кај си?
ВЧ: Еве, кај мене сум во канцеларија, се спремам да доаѓам кај тебе. Ама немам ништо документи.
КБ: Како бе ништо? Ич?
ВЧ: Не бе, ич. Па ти кажав уште тогаш. Немам од каде.
КБ: Па ми рече малце.
ВЧ: Е па малце, ама тие ги вратив јас. Ти ми рече под таа —-да не собирам.
КБ: Под која?
ВЧ: Под одредено ниво што се договоривме тогаш…
КБ: Не бе не, не. Се е значајно, све.
ВЧ: Е па тогаш треба да им кажам, ама денеска не можат да завршат работа. Од понеделник.
КБ: Сега и најситно ни е значајно.
ВЧ: Мхм, мхм.
КБ: Добро, ако можеш, можеш. Ако не помини онака да се видиме.
ВЧ: Ќе поминам, ај да видиме што е – како е, да направиме рекапитулација. И да ми дадеш на мене, тоа што треба да ми дадеш.
КБ: Што да ти дадам?
ВЧ: Фактури.
КБ: Да, да, да. Е па ајде. Те чекам.
ВЧ: Ајде. Идам таму, ајде.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Влатко Чингоски
ВЧ: Ало.
КБ: Кај си шефе?
ВЧ: Ево бе на работа кај мене.
КБ: На работа?
ВЧ: Со гости денеска, еден, друг, трет и така.
КБ: Така, утре ќе се гледаме?
ВЧ: Утре чекам нешто да добијам,
КБ: Добро.
ВЧ: Од горе, од овие, од ладниве предели.
КБ: Аха.
ВЧ: А овој од југов ми рече дека ќе дојде или утре или во понеделник. Така да, ако не ти е тешко, дај да соберам тоа што имам документација, па да се видиме во текот на идната недела.
КБ: Може, мое. Ако евентуално закокружиш утре јави ми. Ако не, понеделник-вторник, кога ќе заокружиш.
ВЧ: Важи. Тука сум јас, не одам никаде оваа недела. Па собирам такви работи што може, па ќе се догвориме.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска
ГЈ: Ти што правиш?
МЈ: Ништо, не можам да најдаам авиони, се нервирам.
ГЈ: Како бе не можеш? А најде еден или не најде ни еден?
МЈ: Два најдов.
ГЈ: По колку патници?
МЈ: Едниот 168, другиот 120 и нешто.
ГЈ: А кој ги плаќа?
МЈ: Спонзори.
ГЈ: Па добро, ама кои?
МЈ: 10-15 фирми, не знам, Гранит, Бетон…не знам…Зегин, Мите Макоил, многу фирми има наведено. Владо Тинекс.
ГЈ: Добро. А имаш уште еден за барање, а?
МЈ: Два.
ГЈ: Ауу, па добар си ти бе, ептен. Значи ќе ја напуниш цела сала.
МЈ: Ај молиме те…
ГЈ: А овие карти вечер што ќе се делат, само за двата ќе се делат или за четири?
МЈ: А бе за 500 луѓе се организираме, не можам карти да најдам. Имавме четири, ама видовме дека дупло сме ги резервирале двата
ГЈ: Aaa…
МЈ: Ајде чао.
ГЈ: Ништо, ајде бркај работа, ајде.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Драган Павловиќ Латас
ДПЛ: Директоре, што се дешава?
КБ: Директоре, што има?
ДПЛ: Ништо бе брат.
КБ: Е, оваа вторава фактура, сте има ја дале на ВМРО ама Тотал пишува.
ДПЛ: Како Тотал?
КБ: Па Тотал маркетинг.
ДПЛ: Па, да де.
КБ: Нели на Вечер тоа?
ДПЛ: Не бе, преку Тотал идат сите партиските.
КБ: Тотал е, не иде на Вечер?
ДПЛ: Ама пишува доле огласи во Вечер.
КБ: Што пишува?
ДПЛ: Огласување во Вечер.
КБ: Да, пишува, објавување на одлуката на весникот Вечер, да, да.
ДПЛ: Пишува, пишува, се е по пропис…
КБ: Ама ова е јули-декември.
ДПЛ: Па пишуе као овакво, као период, за да не го спомињаме оној пред јули, ме разбираш.
КБ: Па нели требаше за изборите ова да биде, или нема?
ДПЛ: Мене ми е сеедно.
КБ: Уствари да, се исто е, што има врска.
ДПЛ: И јас сум бил, како се вика, фирма е…у тој период и фактурите такви, други после ќе ти фактурирам, па ќе речам соопштенија од јули…како се вика… до декември и готово, толку е.
КБ: Добро
ДПЛ: Не бе тоа нема никакво значење. Битно е ти да имаш причина за плаќање, тоа се реално испорачани огласи кои може да ги види секој. Да ги провери, да ги контролира…ме разбираш? Освен што имаш ти медиа план, си постои..како се вика…физички доказ.
КБ: Добро. Значи, оваа ја пуштам утре.
ДПЛ: Е супер.
КБ: 20-кава друга што беше, можеби утре нема да биде, ама ќе биде следната недела.
ДПЛ: Да И тие 5 што ќе останат од овие 20 барем да ги завршиме ако можеш од неој извор барем до крајот на година. КБ: Па ќе гледам сеа, тие 5.
ДПЛ: Добро, ако можеш сеа, не те гушам. Некој пат ако ќе те потсетам, не го сфаќај као седење на врат.
КБ: Да, добро. И Жиле првата недела од јануари и
ДПЛ: Готови сме, освен некои ситни што имаше, оноа, после избори до нова година. Има таму некои, малце се тие, 20 години независност, ти реков, ми рече, тој тип.
КБ: Добро, ситно е.
ДПЛ: Да, да, да, ситно е.
Разговор помеѓу Кирил Божинов и Драган Павловиќ – Латас
ДПЛ: Те барав прееска
КБ: Да, да не се чувме, вака сега што треба да направиме
ДПЛ: Кажи
КБ: Ние имаме пред нова година едно расчистено Коста што беше претходно расчистено Рудкоп и Раде Кончар едно
ДПЛ: И немам податоци тоа
КБ: По колку беа тие …По милион и двеста со ддв, шо треба тука фактура за Рудкоп
ДПЛ: За Рудкоп ни треба податоци за ја да му дадам фактура
КБ: Така треба нова фактура
ДПЛ: Не нова воопшто немам дадено фактура
КБ: А воопшто нема дадено фактура
ДПЛ: Ама нема податоци
КБ: Ама нема податоци на фактура, бланко изгледа ја дал
ДПЛ: Да така е да
КБ: Да да ми врати од Раде Кончар…Значи наместо од Рудкоп платил Раде Кончар така…Наместо Раде Кончар платил Рудкоп
ДПЛ: Сега треба податоци за Рудкоп
КБ: Какви податоци
ДПЛ: Треба адреса, фирмата, сметка, копија од фактурата може да ми пратат со податоци
КБ: Коста копија од фактурата со податоци треба да му дадеме…Ама тоа не било тоа
ДПЛ: Кире во фактурата пишана е опис за некоја работа така
КБ: ДА
ДПЛ: Ме пратиш Кире, јас не се сеќавам што пишува во описот сега после толку време, затоа ми треба копија од фактурата за да направам нова со истиот опис со истиот износ, со истото све и со вметнати податоци
КБ: Така добро
ДПЛ: Значи едноставен е процесот тоа они што лани требало да го направат на милион и двеста на една фактура плус ддв и 5100 од заостаната сметка партиска не доплати, вети
КБ: Е ама таа милион и двеста неможеме да ја лоцираме сеа, таа беше оставена со фирма и со бланко
ДПЛ: Бланко нема фирма и ти тоа ми ја препраеше, првин ми рече дај ми ја па после ми ја враќаш
КБ: Бланко е да 1.200.000…значи една е пуштена Рудкоп и една е пуштена Раде Кончар
ДПЛ: Да ама една е платена
КБ: Една е платена?
ДПЛ: Една е… не не види пред нова година ние сме требале да платиме две од по 1.200.000, така а платена е една, едната не е по што ти ми рече ајде ќе биде децембар, ајде помина нова година ќе биде февруар, јануар и сега еве доагам до 20 февруар…
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Драган Павловиќ Латас
КБ: Ало може едно бројче да запишете?
ДПЛ: А да ми пуштиш на СМС пошто возам.
КБ: Ај ќе Ви пуштам на СМС. Ова е број на факс.
ДПЛ: Кај истиот?
КБ: Не кај истиот, кај друг.
ДПЛ: Добро. Ама треба да ми пуштиш и име пошто јас имам назив укуцано.
КБ: Име на фирма ќе биде.
ДПЛ: Е така.
КБ: Фирмата ќе ја пишам како име и под фирмата ќе пишам име на човекот од фирмата.
ДПЛ: Човек. Добро.
КБ: И Вие утре само пуштете ја, или денес ако може, пуштете ја фактурата…
ДПЛ: Не можам денес. Ама утре ќе пуштам.
КБ: Утре пуштете ја фактурата…
ДПЛ: И да пиеме кафе за вториот дел кој го зборевме. Значи сега ни е време…
КБ: Добро.
ДПЛ: Ти текнува?
КБ: Да, да, добро. Ќе, ќе се видиме. Само…
ДПЛ: Дигни телефон, ја не сакам да осеќаш како притисок…
КБ: Не, не.
ДПЛ: Јас работам работа, ти работиш работа, разбираш.
КБ: Не, не, не. Само вака, пуштете ја сумава да биде 1.200.000,оо плус ДДВ.
ДПЛ: А не е 1,9?
КБ: Не, не. 1.200.000,оо плус ДДВ.
ДПЛ: Добро. А оние 200.000 он што ги дужи како ќе ги најдеме у п___ матер?
КБ: Ќе ги најдеме тие. Ќе ги најдеме.
ДПЛ: Добро.
КБ: Сега ова да го расчистиме пошто ние овакво. И…
ДПЛ: Добро, тоа е ситно.
КБ: На фактурата пишете само за човекот што ќе Ви го пишам, да знаат демек, да знаат дека е за него.
ДПЛ: Аха, горе да.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Миле Јанакиески
МЈ: Ало
КБ: Шо праиш?
МЈ: Ништо бе, гледав документи, че потпишував досега па гледам фудбал че има.
КБ: Ааа, кога има фудбал, у 6?
МЈ: Сега бе, Шпанија-Италија.
КБ: Шо збориш бе. Ја а работа исто потпишувам, у п…у матер. Слушај…
МЈ: М.
КБ: …Да го направиш следново. Да напраиме една анализа, сите Општински комитети во каква просторија се, под кого е таа просторија и…
МЈ: Че му пуштам прашалник.
КБ: Не, не, не.
МЈ: Па како?
КБ: Не прашалник, ошто ова ако се расчуе, ќе биде многу катастрофално. Значи, не смее да се расчуе, треба тет-а-тет.
МЈ: Сме го праеле ова порано, да ти кажам, че ја напраам, по телефони че му ѕвониме.
КБ: Значи, шо е идејата. Да, по телефон, тет-а-тет со секој, и да не се кажуе дека е акција, него, еве, како е кај тебе ме интересира состојбата.
МЈ: Значи вака…
КБ: Целта е шо поише да напраиме анализа за да можеме што поише да купиме, ме разбираш?
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
ГЈ: Ало
НГ: Ало, Горде шо праиш?
ГЈ: Добро еве малку по дома весници и така…
НГ: За две работи те барам
ГЈ: Кажете…
НГ: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?
ГЈ: Да, да… јас да ви кажам не ви вршев притисок ама…
НГ: Тоа на М…на М…
ГЈ: Е добро океј…
НГ: Да не зборам сеа вака…
ГЈ: Да да…знам знам, точно…ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…
НГ: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се…тоа тебе не ти требаат другите
ГЈ: Не ми другите по, тој шо треба е кај вас….хахах
НГ: Да… ја ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…
ГЈ: Да де… па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах..пратете ми го вие…
НГ: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…
ГЈ: Да да да…нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема пробчем тој ќе го напраиме…
НГ Друго ќе видиш тој е фул као за….
ГЈ Да де да, не, не, не океј си е…
НГ: …се знае тоа…
ГЈ: Мислам таму не може да има промашај на таа варијанта…хахах
НГ: Да да
ГЈ: Така да супер…
НГ: Така да почни ја постапката, терај ја
ГЈ: Да да да, ние ќе го напраиме само вие пуштете ми го назад проспектов, за да…
НГ: Утре го добијаш…
ГЈ: Да, да, да, да биде ко шо треба работава…сеа да не зборам и ја многу…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…
ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја милам и кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот шо ми е таму мислам е..отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…
НГ: Да де да…
ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…
НГ: Да да…
ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не моеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…
НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се забораи кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…
ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…
НГ: Да, да…
ГЈ: Мислам не може да не дере нели…
НГ: Да да…Ова го примив што го остаи го видов… вчера и ми го најави тој човекот
ГЈ: Да да, добро јас сакав и му реков да напраи белешка знаете да си имаме да сме на чисто…
НГ: Да, па тие што викаш ти што останале работи нека ги пратат кај нас и така, кај Лена
ГЈ: Океј, па јас му реков викам остај ги кај тебе у каса негде дур не се договориме, да не ги шетаме оти они знаете, кај нас мислам без оглед шо максимално дискретно, они мора да напраат од кај е што е… ради нели, да се заштитат со процедура, уште денес ќе ги пратиме у некоја кутија кај Ленче…
НГ: Кај Лена на рака да…
ГЈ: Да да, океј договорено претседателе…
НГ: Пријатно…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
ГЈ: Ало
НГ: Горде здраво, шо праиш?
ГЈ: Здраво, добро еве на работа…со обврски вообичаено.
НГ: За ова се јавувам шо ми пиша…
ГЈ: Аха..
НГ: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото туку ќе глумиме дека е на МВР и вие ќеси го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова она, ќе го користите а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари…
ГЈ: Нема проблем претседателе, јас пошто…
НГ: Така да заради тоа ќе го задржиме… ќе комбинираме…
ГЈ: Да да добро нема проблем…
НГ Таму…кај шо ме чекаат куп новинари ќе си одам со старата
ГЈ Да де да…
НГ: …или ако е на пат ќе одам со новото а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го превземале од МВР и дека од сега…бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го превземале тоа и така…
ГЈ: Добро јас нема проблем пошо нели веќе се заврши све…
НГ: Така, до локални нека си биде на вас, на ваше како се вика тоа…
ГЈ: Не, може и после да си биде на МВР возилото, значи нема никаков проблем…
НГ: Нека си биде
ГЈ: Значи сопственик си е МВР нема никаков проблем, у принцип мислам кај нас се задолжува возило на име за… да си внимава некој да не не го оставаме така…
НГ: Ама ако го задолжиме на Мац па после да не се дознае, м?
ГЈ: Па… мислам дознавањето е тоа некој надвор ако види иначе нема друго дознавање, мислам нема проблем и вака ќе си биде задолжено на овој Влатко шо ми е од возен парк па кога треба ќе си го земе Марјан со патен налог…
НГ: Е па и на Влатко, може ли на неколку да се задолжи?
ГЈ: Не само на едно лице може
НГ: Е па на Влатко од возен парк задолжи го…
ГЈ: Пошо он е нели началник…
НГ: Кажи му дека многу често ќе го користиме и ние и секогаш ко ќе ни треба да ни го дава…
ГЈ: Да, да, да, го знаете Влатко некни шо ме прашавте за него, тој е ептен е океј дечково мислам нема проблем…
НГ: Кажи му ти , секогаш коа ќе ни треба, Мацко и тој другиот како се викаше Аце, двајца се…
ГЈ: Да де да…
НГ: Коа ќе го побараат да ни го даат…
ГЈ: Не е проблем, јас ќе го викнам Влатко ќе се договорам со него, јас сакав прво со вас да се… да знаете до кај е, шо е работава, пошо нели скроз ја завршивме, па да знаете дека е е во ред…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Ало
СМ: Горде шо праиш?
ГЈ: Ало?
СМ: Ме слушаш Горде?
ГЈ: Еј кажи
СМ: Ме слушаш?
ГЈ: Да да нешто ми се изгуби ама сега те слушам
СМ: Како ме слушаш бе, добро ме слушаш или лошо?
ГЈ: Па сега добро
СМ: Сега добро… Пошто нешто ми викаат у последно време не ме слушале добро…
ГЈ: Преѓе кога викав да да како да се прекинуваше, знаеш ко…
СМ: Да, да..
ГЈ :…ко да си у тунел ама сеа е океј…
СМ: Шо праиш?
ГЈ: Ништо бе еве со работа
СМ: Со работа а?
ГЈ: Ти шо праиш?
СМ: Еве ја до пред малце бев на работа па тргнав на пат да ти кажам…
СМ: Аа така… абе слушај знаеш дека ова мерцедесов стигнал, па чисто онака сакав да те прашам…
ГЈ: Е?
СМ: Стигна каде е што е да го видиме…
ГЈ: Хахаха..стигна, стигна и одма го стаивме у гаража кај премиерот, знаеш да не го гледаат овде кај нас ко циркуз ама мислам ти коа сакаш со нив не е проблем, знаеш оти кај нас овде ко… ќе биде ко панаѓур. Иначе Сашо не знам, ја неам такво нешто видено…
СМ Да, го виде ти?
ГЈ Го видов тој ден коа го донесоа пошо мојов возач отиде да го земе од Мерцедес знаеш пошо пат тоа ко авион да возиш е…
СМ: Да а?
ГЈ: Фантазија, немаш видено такво нешто… го стаија знаеш у Влада у таа гаража…
СМ: А све е регистриран све…
ГЈ: Се, се, се комплет, регистриан, таблички све е завршено…експресно завршивме знаеш сега да не..многу многу да не го шетаме овде низ МВР има еден куп комуњаришта ќе почнат да оговараат, да зборат, некој ќе го слика, ќе го гледа…фантазија е, коа ќе имаш простор, договори се со чоекот не си видел такво нешто…и овие од Мерцедес викаат ваква кола не сме продале у Југоисточна Европа
СМ: Да, а?
ГЈ: Пошо е најнов…мислам ептен вака, знаеш вака…
СМ: У некоја наредна прилика ќе го пробаме..
ГЈ: Да бе да, мислам јас знаеш сеа коа не знаеш, не си го видел викаш де бе што може да е толку пари…
СМ: Црна боја?
ГЈ: …ама коа ќе го видиш фантазија е..
СМ: Што боја е?
ГЈ: Црна…црна се е, абе види он од надвор не сега не е нешто, супер топ изгледа, мерцедес најнов како може да изгледа…Ама не, нема разлика нели у однос на другиве мерцедеси со таа класа…ама внатре коа ќе видиш шо све има… и самиот сараунд систем и она клими на секое седиште, масажери, чуда, телевизори…
СМ: Значи све живо шо постои има внатре а?
ГЈ: Тој беше од каталогот мислам знаеш така и ја праевме работава , се шо пишуеше у каталогот, све има…
СМ: Све а?
ГЈ: Фантазија…
СМ: Колку испадна цената?
ГЈ: 575 мислам дека со ДДВ дојде…
СМ: Со се давачки?
ГЈ: Да, да со се ДДВ да… така мислам дека беше 580, 575… види таа кола толку кошта сеа…
СМ: Да, да, да…
ГЈ: Може не знам ако е…
СМ: В7 ли е?
ГЈ: Да, да, да В7 мислам дека е В6 7 оти
СМ: Не, не Б Б она што е за блинд…
ГЈ: Да де да, епа со В е обележано, може на германски е некоја ознака меѓутоа тоа е тоа…нели 7 е највисоко ова е 6, 7 ваљда тоа е најголемо мерцедес шо го има… и ние прашувавме пошо ја знам 7ца е топ, ми вика нема мерцедес ова е највисокото шо го нуди…фантазија е
Сашо СМ: Аха, значи највисокото…
ГЈ: Највисокото мислам фантазија баш, не сме се виделе ја и ти, коа ќе имаш прилика, убаво вака да го разгледаш, нема поубава кола у Македонија…
СМ: Се има провозено некој?
ГЈ: Е па ваљда го пробалем од кај премиерот пошо Маријан го зема…
СМ: Аха…
ГЈ: … мислам он викаше знаеш подискретно сеа да не го гледаат ама претпоставувам некогаш навечер го извадиле коа нема многу луѓе…
СМ: Ама што да не го гледаат, што ќе го кријат…тоа треба да се вози сеа што
ГЈ: Е па добро сеа знаеш како он вика да не го гледаат, како ќе процени така, ние нашето…
СМ: Цела Македонија знае у весници пишуваше шо…
ГЈ: Абе пишуваше ама знаеш сега он нејќе него да го видат со колава, како ќе процени така…и ти викам Марјан вика абе знаеш вика ќе гледаме да не го забележат, викам како ќе го постигнете тоа коа нема друга кола у државава таква знаеш…не може да не го забележат ама добро да не им го расипувам меракот, но се си е океј, значи се расчистено и ќе го пратиме и на обука, двајца ќе пратиме, тоа бесплатно им следува така да…топ
СМ: Да…
ГЈ: Супер е, многу е убав…
СМ: Дообро, ништо тоа ме интересираше…
ГЈ: Да знаеш перфектен е…
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ало
МЈ: Молам
НГ: Миле шо праиш
МЈ: Добар, дома се спремам за спиење…
НГ: Се спремаш за спиење…абе автобусиве Миле
МЈ: Тргнаја денес…
НГ: Од кај тргнаја
МЈ: За Македонија, утре ќе бидат Будимпешта…
НГ: Аха…
МЈ: Треба вака динамичен план до 31 ќе стигнат…
НГ: Е па среда значи ќе дојдат, така?
МЈ: Да среда ќе дојдат…
НГ: Е па носи ги директно у гаража да ги исперат убаво, да ги светнат, да гии…убоо да се исушат…ии презентација ќе напраиш у Центар, а ти ќе се качиш таму од Ѓорче некаде…
МЈ: Претседателе нека дојдам само со ункаинциве нишо не, не… нека дојдат сите 15…
НГ: Чекај сеа збориме ако доаѓаат
МЈ: Добро, добро…
НГ: Значи…ти идеш у Ѓорче или од кај тргаат не знам од негде од подалеку, аа еден по еден наредени сите 15, презентација негде у Центар кај шо може да се паркираат, да не закочат све, мада добро е и за закочат малце, застануваат тука искачаш ти од автобусот или влагаат камерманите унатре те снимаат ова она, даваш изјава и после они да кружат пола ден да кружат низ цело Скопје така 15 по ред…
МЈ: Океј…
НГ: Може?
МЈ: Добро, добро…
НГ: Значи нека си продужат до Драчево па од Драчево накај Бутел, не знам накај Партизанска, па Илинденска, па не знам каде и така нека извртат едно 10-15 круга, едно 4-5 саата нека возат…
МЈ: Добро…
НГ: Напрај им траса, да знаат кај треба да одат…
МЈ: Океј, ќе го организирам утре…
НГ: За да ги глеа народ…
МЈ: Добро…овие денеска цел ден го изгубив со тие…
НГ: Викни го и Коце на отварање, на тоа на донесување…
МЈ: Да, да, и Коце и овај Мишо…
НГ: Мишо, Коце и така…
МЈ: Ќе биде то оти негде околу први втори…
НГ: Викни го и Зоки Ставрески
МЈ: Океј
НГ: Ајде
МЈ: Важи чао
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар