Прислушувани разговори – сет 35: Барокизацијата на Скопје
Како идеите и хировите на Груевски се претопувале во проектот „Скопје 2014“, речиси секогаш со огромни злоупотреби на државните инструменти, како и колку Груевски е вљубен во барокот слушаме во овој сет разговори.
Никола Груевски е наредбодавачот и „архитектот“ на прескапиот и беспотребен проект „Скопје 2014“, дознаваме слушајќи ги разговорите од овој сет. Првиот од разговорите е меѓу Груевски и Миле Јанакиески, а се однесува на новата зграда на Министерството за надворешни работи (МНР). На Груевски му се брза со вселувањето во неа, иако таа не е подготвена, па го прашува Јанакиески дали има можност да се даде времена употребна дозвола, за МНР да се всели, а во неговата дотогашна зграда кај Завод за статистика да се всели Министерството за транспорт и врски. Откако Јанакиески посочува на објективна пречка за такво нешто, Груевски предлага МНР на диво да се всели во зградата, а министерот за транспорт и врски веднаш се согласува со тоа. Прашан дали ќе неговото министерство ќе направи некаков проблем поради тоа, Јанакиески потсетува и дека Музејот на ВМРО бил вселен на диво. Груевски изгледа не е запознат со тоа, а Јанакиески потенцира оти не знае дали музејот сега има употребна дозвола, ама точно знае дека зградата била вселена диво.
Следно, Јанакиески фрла уште посилна „бомба“ – вели дека половина од објектите во кои има државна администрација не се впишани во катастар, односно се дивоградби. Потоа двајцата разговараат за последиците ако некој се повреди во дивовселената зграда.
ГРУЕВСКИ – АРХИТЕКТ И УРБАНИСТ
Од следните три разговора помеѓу Груевски и Јанакиески, гледаме кој е главниот архитект на „Скопје 2014“. Груевски преправа објект – на архитектот му дал напомени да додава балкони, да преправа скали.
Во вториот разговор слушаме дека Груевски сака зад новата зграда на МНР да се направи фонтана со обелиск, па го прашува Јанакиески дали може да им ја „утрапи“ на тие што ќе ја прават го прават зградата на таа парцела. Слушаме како Груевски калкулира со фирми што побарале да градат згради – Комерцијална Банка и ЕВН – па размислува да им ја утрапи ним фонтаната, за која тој веќе има идеја – односно фотографија на фонтана во Рим со обелиск. За да се исполни меракот на Груевски, ќе се менува и ДУП-от, за на парцелата за објектот да се додаде и фонтаната со 20 метри висок обелиск…
Потоа слушаме како Груевски договара Јанакиески „да се убаци“ на 10 минути меѓу состаноците на Груевски, па двајцата заедно со Мартин „и уште двајца“ да изберат идејно решение од неколкуте варијанти за кулата на Агенцијата за електронски комуникации под врвот на Водно. Потоа слушаме дека налага за катна гаража во Центар да се почитува идејното решение во барок или класицизам. Притоа е многу прецизен како да се подготви идејното решение, па го учи Јанакиески дека едно е барок а друго класицизам. Инсистира да се стави барок – да земе фотографии од Виена, од Прага, од Париз…
ВО АВТОБУСИТЕ ДА ИМА И ПОРТОКАЛОВО
Следува разговор за дизајнот за новите двокатни автобуси кои ќе се купуваат за ЈСП. Слушаме дека Јанакиески побарал измена на дизајнот кај моторот, а тој и премиерот на државата бираат дури и дезен на платното за столчињата. Груевски сака во ентериерот да има нешто портокалово „како симбол на времето во коешто се набавени“. Груевски е многу заинтересиран да има во автобусите и простор за реклами, како „у Лондон у метро, коа сме се возеле“. Бара и „телевизорчиња“, веројатно за реклами… Се интересира и дали ќе има музика и какво е озвучувањето, дали Миле го слушнал, „да не биде некад да крчи…“
Следува разговор на Јанакиески со Мартин Протуѓер, со натегање дали да се прави Аква парк кога веќе Пеце (Наумовски) планира да прави, Протуѓер дури предлага да се прави Дизниленд, за да има каде Миле да го носи синот кога ќе потпорасне. Слушаме како Јанакиески одговара дека Коце (Трајановски) има план за проширување на постоечкиот Луна парк на сметка на зеленилото.
Во разговорот потоа, Никола Груевски во присуство на поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, разговара со Миле Јанакиески и бира каква административна зграда треба да има општина Центар. Слушаме дека Јанакиески предвидел 15 катна барокна зграда, а Груевски се чуди како е можно 15-катница да биде во барок. Потоа премиерот му одржува кратка лекција на Јанакиевски за барок и колку видови на барок постоеле – имало и „шугав барок“.
ШПАНСКИ СКАЛИ ЗАГРОЗЕНИ ОД ПОБЕДАТА НА ЖЕРНОВСКИ
Потоа слушаме уште еден разговор на Груевски на Јанакиески – за Шпанските скали на плоштадот „Македонија“. Од овој разговор дознаваме која е причината што државата уште не му го дава на управување градежното земјиште на општина Центар. Тоа е заради Шпанските скали и барокниот хотел и деловен простор кој треба да се изградат на плоштадот Македонија. Разговорот се води во текот на локалните избори во 2013 години, во периодот пред новиот градоначалник и новиот Совет на општината да го почнат мандатот. На Груевски не му се испушта тој проект, а Јанакиески го уверува дека Жерновски не ќе може да ги закочи, оти „кај нас е власта“. Груевски вели да го држат „максимално“ земјиштето на плоштадот што ќе го побара Жерновски, а Јанакиески вели дека ќе стори сè како министер за да му застане на патот на Жерновски.
Слушаме и дека Стевчо Јакимовски ќе избрка 100 вработени во Општина Карпош, кои, како што чул Груевски, ќе оделе кај Жерновски, односно во Центар. Јанакиески вели дека нема да даде согласност за нови вработувања, а и Груевски му го налага тоа.
Следуваат уште два разговори. Првиот е помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески, но се вклучува и Елизабета Канческа – Милевска. Во него министрите на Груевски му откриваат дека на многу објекти коишто биле под заштита како споменици на културата им го одземале тој статус, за, како што самите велат, да прават што сакаат. Тоа било лесно додека прв човек во Центар бил Владимир Тодоровиќ. Но со смената на власта во Центар, им се создава проблем токму поради тоа, па сакаат повторно работите да се сменат по старо, за да продолжи барокизацијата на фасадите, со министерски потпис.
Во разговорот потоа Никола Груевски дебатира со Миле Јанакиевски околу тоа дали зградата кај Соборната црква треба да биде во барок или класицизам стил.
НЕ МЕРМЕР, ТУКУ МАЛТЕР – НЕМАМЕ ПАРИ
Следен е разговорот на Груевски и Јанакиески за тоа дали новите градби да се прават со мермер или со специјален малтер што е имитација на мермер, покрај тоа што дознаваме дека мермерот е подобар ама многу поскап, од устата на премиерот слушаме дека државата повеќе нема пари за да продолжи со градењето. Сепак, за зградата на АЕК, вели да се прави со мермер, оти АЕК имала пари да го плати тоа.
Во последниот разговор од овој сет, Груевски разговара со Силвана Бонева, со која подготвува стратегија за настап на неговите пратеници на седница за пратенички прашања во Собранието. На седницата се очекуваат незгодни прашања за министерката Елизабета Канческа – Милевска, во врска со парите кои се потрошени за Скопје 2014. Груевски одлучува Канческа – Милевска да не се појави на седницата, за да не треба да одговара за народните пари кои ги потрошилe на раскош и луксуз. Како што вели самиот Груевски, ако кажеле колку пари потрошиле на Скопје 2014, ќе губеле. Подготвен е на се, само за да ја скрие вистината.
Сите „бомби“ се тука.
Прес конференција на Дамјан Манчевски, попретседател на СДСМ, во Скопје, 29.05.2015
По оваа прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение за јавноста, кое може да го прочитате тука.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ало.
МЈ: Молам.
НГ: Миле.
МЈ: Да.
НГ: Збориме за ова зградата на МНР, дали може некако некоја условна, времена, слично нешто, дозвола употребна да се даде? Ако е за паркингот просторот да се оди на тоа дека има Холидеј Ин паркинг голем тука. За вие после да се вселите во старата зграда.
МЈ: Да проверам, ама не знам дали има такви услови во планот.
НГ: Еве Холидеј Ин рачунајте го. И нешто привремена, ваква, онаква, смислете нешто.
МЈ: Нема таква во законот.
НГ: А?
МЈ: Или даваш или не даваш употребна дозвола.
НГ: Е па тогаш да дадеш на база на Холидеј Ин паркингот, тој е огромен паркинг.
МЈ: Да, ама тоа треба во ДУП-от да се повика, па да направат измена во одобрението за градење, па после да му дадам употребна. Оти употребна се дава…
НГ: Што треба во ДУП-от да се направи?
МЈ: Па да се повика дека таму ќе се паркираат
НГ: Сега у ноември ќе го поминуваме пак ДУП-от, ќе се…у ноември ќе се повика.
МЈ: Така!? Да се повика дека може да реши паркирање во Мал ринг…
НГ: Да. Ама сега до ноември треба да чекаме 3 месеци.
МЈ: Оти сега планот, еве јас…
НГ: Ти најде ли просторија да се селиш?
МЈ: Да. Начелно да. Во петок ќе одам, во Сивиус кај што се сега, таму му се најефтини, има простор…тоа е кај… НГ: Колку пари?
МЈ: Па ми рече дека 10 евра ќе ми го даде. Вика да пресметам колку ќе ме чини, оти не му е направено него, дури трае конкурсот тој би го правел долу. Значи би ставал кошулица, такви работи…
НГ: И кога би се преселил ти?
МЈ: Па јас размислував некаде средина на октомври, така нешто, крајот на октомври да бидам преселен.
НГ: Средина на октомври…па и ова е ноември. Ноември ќе биде ова? Декември. Не во ноември, декември. А на диво да се селат овие, МНР?
МЈ: Па нека се вселат, што.
НГ: Вие ќе им направите нешто?
МЈ: Еее, Музејот на ВМРО работеше на диво.
НГ: Музејот на ВМРО на диво си работеше?
МЈ: Па не знам дали сега има употребна, ама работеше…Претседателе пола државна администрација не му се упишани објектите во Катастар…
НГ: Е па диво нека се вселат, а?
МЈ: Кој може да ги запре?
НГ: Ај ќе зборам со Никола, ај. А што може да бидат вака последици, ако се вселат на диво?
МЈ: Не дај Боже, нешто ако се случи, не знам, пожар…
НГ: Некој ако се сопне, скрши нога доле и…
МЈ: Не, не. Пожар, да падне зградата…
НГ: Пожар, а?
МЈ: Такви нешто…Па зошто се вселиле…
НГ: Или да падне зградата вика…Може да падне зградата? Трајче се смее, вика нема да падне.
МЈ: Не можи ништо да се случи. Не може да го запише во Имотен лист, тоа е вака проблем што…
НГ: Ај со Никола ќе зборам, ајде.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле?
МЈ: Молам
НГ: На Мето сега му беше кажано да ја поправи зградата.
МЈ: Добро
НГ: Знаеш, кога гледаш од реката Вардар према зградава, од бочниот дел, од страничниот дел
МЈ: Добро
НГ: Нели има едни како балкони, и внатре, високо, едно четири спрата треба да е високо, ти текнува како полукружни оние, како се викаат не знам,
МЈ: Куполи
НГ: Е, да направи барем едно метар и пол балкон, на тоа, тоа е едно 25 метри дугачко и метар и пол унатре длабоко. МЈ: Аха
НГ: Другото е горе-доле ок. И треба скалите малце да ги подобри. Имаат они една слика урнек, за скалите, таа е со многу скулптури, многу е убава, таа може
МЈ: Рокови некои му дадовте?
НГ: Дали му даво рок? Не му дадов.
МЈ: Оти ограничен е со рок тој, затоа. Ај јас
НГ: Знам. Ти нагази го за рокови
МЈ: Добро.
НГ: Кога ќе се видиме ќе ти објаснам точно вака, не знам сега дали ме свати.
МЈ: Отприлика
НГ: Од столбовите од страна што се, ги залепил до собите, за да искористат квадратура до даска. А се работи за, у суштина, за губење на само 150 квадрати. Од цела зграда, којашто е 20-25 илјади.
МЈ: Еркери може да пушти.
НГ: Како?
МЈ: Еркер да пушти може, како еркер да биде малку.
НГ: Не знам што е тоа еркер
МЈ: Од грдежната парцела како што е, малце нанапред да појде, да пушти
НГ: Не знам дали има земјиште за да пушти еркер
МЈ: Добро, ќе видам со него. Генерално разбрав.
НГ: Во секој случај барем метар и пол да има балкон унатре којшто е висок четири ката а широк е, иде 25 метри, едно 5 соби му фаќа да речеме од хотелот.
МЈ: Да ама ќе се добие на убавина така…
НГ: Многу ќе се добие на убавина И за скалите имам една слика ќе ти ја покажам, ќе ти пратам копија, слични се на оваа што е тука нацртано, не е како на она на Валентина, али и овие се океј. Ова на Валентина не може затоа што ние сме го предвидувале вториот кат, приземје па втори…
МЈ: Да..
НГ: Први па втори, а сега викаат дека ќе го дадат првиот кат, значи приземје па први и затоа мора вакви скали
МЈ: Добро, сабајле ко ми пишевте порака си вика шо з..овој Мето
НГ: Абе да го видиш тоа трирето што го направил, коса на глава ми се крена коа го видив
МЈ: Океј, ќе го притиснам јас за рокови
НГ: Притисни го за ракови
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Абе сакаме позади новата зграда на МНР
МЈ: Добро
НГ: Пред таа зградата на Алпине што ја викаме, да направиме една фонтана со обелиск. Имаме идеја точно како да ја направиме. Е сега, сакам да им ја утрапиме на тие што ќе градат зграда да имаат обврска да ја направат и фонтаната. Дали ние да отвориме конкурс, за да видиме како ќе изгледа или како да направиме?
МЈ: Вака, јас, нели се договоривме да објавам конкурс за хотелот, можам у пакет и за ова, значи хотел и фонтана, во конкурсот да влезат, двете во пакет.
НГ: Не знаеме дали ќе биде хотел. Може ќе, гледам, мене ми е битно убава зграда да биде. Комерцијална ми бара зграда, ЕВН ми бара зграда, може да биде и така, некој деловен објект, ама да биде у пакет со фонтаната. Е сега, како да изгледа фонтаната ние веќе имаме слика како да изгледа.
МЈ: За до, МНР
НГ: Една тука фонтана има во Рим, со обелиск, многу убава, сакаме тавка да биде, ама како тоа да го изведеме, дали претходно да направиме идејно решение или како?
МЈ: Аха, не сакате тука хотел да биде, тоа отпаѓа, тука сакате друга зграда? Оти до МНР, во продолжение…
НГ: Ќе видиме, значи не знам дали ќе биде хотел, може ќе биде ЕВН, може ќе е Комерцијална банка зграда, и двете сакаат да градат зграда. Битно ќе биде убава зграда, кој и да ја направи ќе му кажеме како да изгледа, ме сваќаш?
МЈ: Да, добро е да има минимум идеен проект, за да му се даде на идеен инвеститор, и во измената на ДУП-от да се стави во рамките на парцелата, за да има обврска тој да ја гради, да биде во рамките на неговата парцела, а ние да му дадеме …. и во самиот ДУП да го задолжиме, согласно идеен проект тој и тој. Ќе се слушнам јас со Аце да му го објаснам ова, да го стави во самиот проект.
НГ: Кој Аце?
МЈ: Овој од општина Центар нели се менува планот сега
НГ: Му кажав јас на Аце да го стави во ДУП, сега му се јавив. Ќе го стави во ДУП.
МЈ: Добро ама во рамките на самата парцела да има фонтана и да мора да ја гради.
НГ: Аха. Е, тоа кажи му го ти, важи.
МЈ: Ок.
НГ: И фонтана и обелиск. 20 метра висок обелиск
МЈ: Добро, ок.
НГ: Столб, знаеш она…
МЈ: Да да добро ајде
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле шо праиш?
МЈ: Добар, на работа сум.
НГ: Абе ова го забораивме, кулата на Водно
МЈ: Епа, ве потсетил и Боби коа бил кај вас…
НГ: Ме потсетил ама мене нешо ми се вртеше у глава дека ја и ти ќе имаме состанок и му икам еве утре се глеам со Миле имам состанок, после укапирав дека нема таков состанок
МЈ: Да ви ги пратам идејните решенија уште еднаш или ги имате?
НГ: Кој знае кај ми се по некои ќеси него да пројдеш некако да одбереме една и ај чао пријатно.
МЈ: Сега?
НГ: Па не сега, утре задутре…
МЈ: Ајде утре ќе поминам, важи…
НГ: На 10 минути, види со секретаркава убаци се…
МЈ: Важи…
НГ: Измеѓу состанок или нешо така. Ќе го викнеме и Мартин и уште еден двајца, Славе танге…
МЈ: Хахаха…
НГ: И, да пресече шо ќе му ја тупиме сеа ќе гледаме ќе праиме, ги видов тогаш не можев да се одлучам, ми треба малце вака лаф муабет со луге и да одличиме…
МЈ: Важи
НГ: И нека… и кажи Боби што мисли, неговото мислење да го чуеме, сигурно он повише време посветил…
Важи, Јас во сабота за катнава да го пуштам ова за идејно решение? Денеска…. утре ќе го средам ќе го пуштам… НГ: Која катна сеа извини?
МЈ: За ова што ми рековте, катната во Центар, нели ми се јавивте пред некој ден… нели ми рековте за идејно решение да пуштам за проект како да изгледа
НГ: Да, да, да, да….
МЈ: Добро…
НГ: Таа каде воо.. ваму кај…
МЈ: Во Центар
НГ: Јасно, да, идејен ама да пишува барок или класицизам
МЈ: Ми даде Славе слики, тие ќе ги стаам…
НГ: Хаха, какви слики ти даде?
МЈ: Од американ, вие ми рековте со Славе да се консултирам
НГ: Ама чекај, тие се згради, тие не се катни гаражи
МЈ: Добро ама како стил, да го видат стилот, чисто како пример
НГ: А, барок ти даде ли?
МЈ: Да, такви ми даде
НГ: Какви, барок или класицизам? Со столбови ли се?
МЈ: Барок мислам дека се
НГ: Барок ти е едно, класицизам е друго Миле. Тие од Вашингтон се класицизам. Тие со столбовите како оваа Уставен суд што е столбови
МЈ: Е такви да, такви се
НГ: Тие се класицизам. Треба и барок да стаиш ама како да напраиме…
МЈ: Ќе ги ставам и овие што се од проектов, цеклиот проект неколку.. ги иаме ние од порано
НГ: Стај ги тие од проектот и извади барок, извади од Виена од Прага од Париз, барок има сегде
МЈ: И ќе му напрам и на Чинго тендерската за да пушти и тој за неговата
НГ: Е па еве ко ќе доеш да ги видам и сликите
МЈ: Важи
НГ: И да ги пуштиш после…
МЈ: Важи, океј…
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ги гледав овие на цедето, ми изгледаа океј
МЈ: Океј, океј се само јас имам една забелешка кај предната гума, многу е големо то како, то моторот кај шон е внатре па естетски им реков да го направат инаку океј е
НГ: Шо е многу?
МЈ: Вака визуелно многу лошо изгледат, по естетски можат да направат да не изгледа многу, да не бидат многу големи рабовите и така натаму…то во целина
НГ: Ама да личи као што било
МЈ: Не, не не, долу кај… не се гледа тоа значи… каросеријата напред, не се менува во формата само напред, предната гума има едно квадратче големо не знам дали го видовте…
НГ: Не го видов да ти кажам, до толку не… е сеа унатре дали да биат такви со платно столициве, тоа не знам
МЈ: А, му реков да направат на ЈСП дизајн унифициран да биди и за украинските и за овие, да не се разликуваат внатре..и очекувам до крајот на неделата да да ми го дадат тој, околу внатре околу столчињата зошто…
НГ: Малку ми е така многу…
МЈ: Селски…
МЈ: Ми е материјалот…
НГ: Значи поубаво по естетски убаво нешто…
МЈ: Да, пласитиката значи да биде, треба да биде пошто е таа е… најзидржлива е таа како таква…
НГ: И да удриме нешто портокалово вака да, како симбол на времето, во коешто се набавени Внатре тапацирот?
НГ: Па не знам сеа да… не мора ама така ми текна сеа…
МЈ: Можи рачките…а ова за држење што се тие тука.. внатрешно ќе има време да се доработува од дизајнот тоа е најмал проблем
НГ: Телевизор ќе има ли?
МЈ: Уф не знам, мислам дека не. Има камери 100 посто, има радио…
НГ: Зошо се камерите?
МЈ: Камерите од безбедносни причини, се ќе можи да гледа шоферот и можи да се напрај систем за снимање внатре, две камери има
НГ: Аха…Значи камери има, друго што има?
МЈ: Шоферот долу за да може да ги гледа тие горе. Клими има, музика има табли ќе има информативни…
НГ: Какви табли?
МЈ: Нешто ако сакаме да… ова што се договоривме и тоа одма му кажавме денеска да можи да се брендираат, телевизор мислам дека нема
НГ: А дали ќе може унатре да се ставаат реклами?
МЈ: Е па тоа напред ќе, ќе….
НГ: Не само од надвор него и од внатре, знаеш у Лондон у метро коа сме се возеле, цело е унатре горе у ќошевите над таквото има реклами
МЈ: Тоа можеме да го стаиме…ќе има за шоферот тоа како информативна табла има еден простор тука, рачките можи исто така ама тоа…
НГ: Ама, кој ќе ја чита таа информативна, а? Каква ќе биде таа? Со некои ситни букви?
МЈ: Па информативна што сакате можете да ставите исто како мини…така има еден
НГ: Аха…Значи за некои телевизорчиња нема можност а?
МЈ: Мислам дека нема во тендерот такво нешто
НГ: Добро
МЈ: Убај се вака…
НГ: Музика има?
МЈ: Има има то има…
НГ: Какво е озвучувањето? Го слушна?
МЈ: Не, не, не тоа не го слушнав
НГ: Тоа е исто битно да не биде некад да хрчи
МЈ: Можам да ја видам спецификацијата
НГ: Океј
МЈ: Го видовме како наместено
НГ: Добро, добро, поздрав
МЈ:Чао
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер
МП: Миле.
МЈ: М?
МП: А бе зошто Аква парк да правиме? Нели Пеце прави?
МЈ: Нема да го прави Мартин. Тој ќе го прави во фази, не знам што ќе прај таму.
МП: Што ќе прави Пеце?
МЈ: Па не знам, во фази сакал да го прави, не знам. Ивица ги знае деталите, оти кај него треба да добие одобрение за градење.
МП: Миле ништо не те разбрав, извини, стварно не те разбирам.
МЈ: Ивица ги знае деталите, оти кај него има поднесено барање за одобрение за градење. Ама не знам како ќе изгледа неговиот Аква парк. Можеме да го видиме проектот, кај Ивица е.
МП: Побарај му го проектот. Ако е доволен тој, ние да направиме Дизниленд таму бе. Разбираш? Подобро Дизниленд да направиме. Нема Скопје…има…ти оди…ќе видиш Михаил ќе ти потпорасне, здравје Боже, ќе треба да го носиш во Луна парк, нема кај да го однесеш. Или главен град сме, немаме Луна парк.
Ама Мартин, нели Луна парк Коце ќе прави ваму?
МП: Кај ќе прави Луна парк Коце?
МЈ: Па тој ќе прави Луна парк кај што е сега постоечкиот, ќе го зголемува. Планот помина кај мене, јас дадов согласност.
МП: Аха. Веќе помина, се зголемува постоечкиот…
МЈ: И зголемен е накај паркот, и Коце ќе прави Луна парк таму, договаравме и колку Владата ќе инвестира, колку Коце…
МП: Ааа, више договорено е колку ќе инвестира Владата…добро.
МЈ: Знаеш кај е сега Луна паркот, таму. Само со проширување.
МП: Таму со проширување према паркот. Добро.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ало
МЈ: Да
НГ: Миле?
МЈ: Ало, да
НГ: Абе гледам на порталите оваа зградата во општина Центар 15 ката сме ја направиле
МЈ: Не не, тоа се, не не претседателете, тоа се максимални параметри, нема да биди 15 ката
НГ: Колку ќе биде?
МЈ: Мислам дека е три или четири, 5 илјади метри квадратни е три или четири максимум, можам да проверам
НГ: Зошто сме ја стајле 15 ката?
МЈ: Не, тоа се максимални параметри, тогаш го остававме повеќе за да, бидејќи беше компатибилни намени, за да може да извади повеќе деловен простор, за да биде поатрактивна. Оти сега
НГ: Не разбирам.
МЈ: Сега целокупниот простор е општинска зграда. И нели им рековме дел да биде општинска зграда а дел да биде комерцијален дел.
НГ: Еве Владо ми потврди дека 15 ката е направена зградата. И му викам ќе искористи ли, теоретски може да се искористи.
МЈ: Теоретски може, точно. Значи неговиот дел. А општинската зграда е три или четири ката.
НГ: Не општинската, за таа те прашувам јас. Што е 15 ката. Како ќе ја направи барок, барок стил, а 15 ката
МЈ: Не, има проект, можам да прашам колку, колку
НГ: И фасадата барок ли ќе биде?
МЈ: Барок барок
НГ: Вие му ја дадовте каква да биде?
МЈ: Не, значи мора тој да го достави проектот на одобрување.
НГ: Па ќе ни се качи на глава некој шугав барок да ни достави. Зашто не му стаивте каков барок треба да биде?
МЈ: Па немаме такво…
НГ: Како нема, има цртеж кај Владо Тодоровиќ
МЈ: Сега да проверам, јас немам, да проверам
НГ: Во самата тендерска документација да биде фасадата. Каква да биде, фотографија да има. Како вие така ја пуштате, барок. И он сега има милјарда врсти на барок што ќе ги направи и ќе ја земе најефтината Владо. И на глава ќе ни се качи.
МЈ: Не, вака претседателе, идејното решение, идејното решение, сега не знам дали во идејното решение фасадата дали е ставена, во идејното решение за проектот, значи има идејно решение, тој мора да изведува по него. Затоа ви реков да проверам. Идејното решение беше дел од…
НГ: Ај пушти ми го прво идејното, дали е прво дел од тендерската, и дали
МЈ: Дел од теднерската е, идејното је, само да проверам дали е фасадата
НГ: И прати ми фотографии од идејното да видам што е.
МЈ: Ќе би го пратам цело идејно
Како?
МЈ: Цело идејно ќе ви го пратам, сега ќе им кажам
НГ: Како сакаш, дали целото дали фотографии, се исто ми е. Ииии, а таа што му е 15 ката зграда, ќе ја гради 15 ката?
МЈ: Да проверам со него. Го достави некна аут, точно имаше предвидено колку е, мислам аут е разработка на целиот план, и тоа го спрема, да проверам
НГ: Провери па кажи ми, и уште една работа, ако е 15 ката, како барок ќе биде? Не постои барок од 15 ката.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Да те прашам, со ова сега што ни остана, скалите на плоштад…
МЈ: Добро
НГ: Има две опции, една е да го пуштиме сега со ниската висина со старата висина, старата верзија, да го купи некој па после да бара да се зголеми, ако тоа е можно, втората е да чекаме да видиме овој Андреј како ќе реагира, ако биде он а ќе биде изглеа, ааа… дали ќе ни дозволи зголемување. Што мислиш која да ја тераме?
МЈ: Да видиме со Советот што ќе се случува ако не за првата варијанта сум јас, во делата ќе стаиме дека ен смее намена да менува…
НГ: Аха…
МЈ: …и нема да
НГ: А, висина смее?
МЈ: Дека немаа.. и дека ние ќе го одобруваме проектот и после ова со Бети шо го праи ние ќе и даваме одобрение и така ќе го тераме…
НГ: А коа ќе го напраиме тоа со Бети?
МЈ: Вејче и кажав јас на Бети
НГ: Вејче и кажа…
МЈ: Рече дека ќе ги запне максимум работите…
НГ: Ако не и прекажеш на Бети нема да напраи
МЈ: Не, не ќе запнам за ова
НГ: Треба да ја запнеш убаво да
МЈ: Важи
НГ: Не ми се испушта тој проект, многу јака работа е
МЈ: Видете нема да не закочи, ќе напраиме се, кај нас е власта не можи да не закочи, можеби малку ќе не успори ама нема да не закочи. Ќе мислиме, ќе смислиме, не е…
НГ: Он сеа прво шо ќе напраи ќе побара да му го даеме земјиштето, да го про…ја мислам да го држиме максимално колку што можеме…
МЈ: Нее, ќе го држам до максимум. Само да видиме таму кој има положено мислам Александар или некој има положено, да видам колку души имаат положено и да си ги вратат лиценците и да нема, па на полагање да го зафркаваме, така некако…
НГ: Кога ќе има полагање пак?
МЈ: Ко ќе организираме ние. Ќе организираме во година, во март
НГ: Во година во март, а? Ама ако земи он од некоја друга општина? Со положени? Од Охрид од ваму од таму?
МЈ: Е па немаа…
НГ: Од Карпош сеа ќе брка Стевчо над 100 луѓе се збори. Сите ќе прешле кај овој…
МЈ: Па нема да му дадам согласност за вработуење…Не знам сеа…
НГ: Не треба да му даваме, не, не на општина не се дава согласност
МЈ: Е да не се дава. Ние ќе го стопираме тој…
НГ: Размисли, во понеделник да ми кажеш дали сеа ние да го пуштиме тоа да се продава, да си го купи некој и после да бара зголемување. Смее ли после он да рече барам да ми го качите уште 5 метра, 10 метра…
МЈ: Да ама мора тоа со ДУП да се напраи а со ДУП пак оди…
Смее да бара и смее ли после откако е продадено ДУП-от да му го дадат овие. Проблем ли е тоа после?
МЈ: Ние забранивме да не се менува намената а за спрат не е проблем
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (се вклучува и Елизабета Канчевска Милевска)
НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: А бе ти ова што рече дека може да се преправи Правилникот за фасади, Бети вика дека не може.
МЈ: Зошто?
НГ: Еве она ќе ти објасни зошто.
МЈ: Бети го прифати тоа, јас не го прифатив.
ЕКМ: Миле.
МЈ: Молам.
ЕКМ: Вака сега значи. Со менување на Правилник ништо не правиме. Значи гледај сега што е работата. Одредени фасади во градот, без разлика кои, биле споменици на култура. Премиерот рекол: Вадете ги, за да не се споменици на култура, за да ние си правиме што сакаме. Конзерваторски ги извадило, во Планот влегле дека не се споменици. Сега ние бараме, и бидејќи не се споменици, дава дозвола општина Центар. Ние сега бараме ти да даваш дозвола. За ти да даваш дозвола тие треба да бидат споменици.
МЈ: Да бе Бети, тоа го зборевме ние неќни.
ЕКМ: Е па тоа де. За да бидат споменици треба во Планот да влезат со црвено, тие сега не се во црвено. Кој ќе ни ги внесе во Планот за да ти дадеш дозвола?
МЈ: Бети кој ти рече дека мора да влезат во Планот?
ЕКМ: Како?
МЈ: Во кој закон се бара во Планот? Ако е заштитено подрачје ние издаваме, ако не е заштитено подрачје, општината издава.
ЕКМ: Ама не можеш со правилник. Што ќе ставам во правилник? Во правилник тоа не регулира.
Еве го Правилникот…
МЈ: Бети во мојот закон е регулирано, ти само заштити ми ги. Не мора во ДУП да се.
ЕКМ: Мора. Провери, прашај го и овој, мора. Мора да се влезени.
МЈ: Бети, сега јас издавам одобрение, јас ќе се потпишам. Сега знам што треба, што не треба.
ЕКМ: Е па како? Како? Еве дојди на состанок да седнеме.
МЈ: Заштити ги само.
ЕКМ: Не можам да ги заштитам, мора да влезат во План. Како да ги заштитам јас?
МЈ: Ама кој ти рече дека мора да влезат во план?
ЕКМ: А бе сме ги извадиле од заштита.
МЈ: Ама добро, ставете ги во заштита.
ЕКМ: Да седнеме, да видиш дека овие кажуваат дека треба. Дај дојди утре.
МЈ: Кој бе Бети, кој? Кој кажува?
ЕКМ: И овој дечково што работеше во општина Центар, Александар…како се викаше?
МЈ: Ама што кажува Александар? Александар ти кажува за планирање.
ЕКМ: Е сега Миле дојди. Не можам јас, има и од кај мене од службите така кажуваат.
МЈ: Бети да седнеме, еве кога сакаш.
ЕКМ: Да седнеме сега. Не можам јас со тебе вака. Да седнеме и ти како што имаш служби.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
МЈ: Молам…
НГ: Ало
МЈ: Да
Што напраи со овој што си му дал дозвола за класицизам а не е?
МЈ: На кого?
НГ: А?
МЈ: На кого?
НГ: Па за овој што ти кажувам
МЈ: Не. Не ве разбрав
НГ: Кај Соборна што си му дал дека е класицизам а не е
МЈ: Аха. Ги викнав дечкиве ги споив со него и сеа дечкиве као му помагаат за тоа за…барок стил… ги споив
НГ: Аха. И прифати тој?
МЈ: Па начелно да рече ама да не ми се вика некои трошоци, да не се милионски трошоци. Се чув и со Васе така да ја терам таа работа
НГ: Добро…
МЈ: Е така
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле, ова за АЕК се коа ќе биде тендерот, голема е разликава во цената дали ќе биде фасадата од мермерили ќе биде… има сеа измислено во светот некој специјален малтер што личи како да е.. овакво, како да е некој мермер, а не е мермер
МЈ: Аха…
НГ: Поскапо е многу со мермер ама е подобро а и ќе има пари, да го тераме со мермер
МЈ: Добро јас ќе зборам…
НГ: Некој да речеме МНР веќе почнавме… до сега ги теравме сите со мермер. Од МНР почнавме веќе со пошо неаме пари нели кратиме на трошоци…
МЈ: Да..
НГ: Почнавме да го праиме со тој малтерот специјален и таа на Пресвета Богородица ќе ја праиме исто со малтер ама таму неаме пари а АЕК има пари може да си го дозволи тоа…
Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски
НГ: Силвана?
СБ: Повели претседателе.
НГ: Сега сте и рекле на Бети да доаѓа у Собрание
СБ: Само момент. Само момент, не се слуша тука премногу силно, да излезам, само момент. Да
НГ: Сте и рекле на Бети утре да доаѓа на седница, во Собрание. За Скопје 2014.
СБ: Не јас кажах да размисли убаво дали да дојде
НГ: Мое мислење е не, затоа што целата дискусија ќе биде прашања до неа колку кошта. Ако она каже колку кошта ние ќе губиме.
СБ: Ок.
НГ: Ако па не кажува колку кошта и да го заобиколува пак ќе губиме, ме разбираш, е, нејќе да каже, те прашавме, кажи колку кошта, и колку и да каже само тоа ќе биде дебатата. Јас мислам ради тоа да не доаѓа она.
СБ: Ок претседателе.
НГ: А вака не може вас да ве прашуваат колку кошта.
СБ: Ве разбирам.
НГ: Види тоа владата, општината, не знам кои, они си знаат.
СБ: Да де.
НГ: И ќе се сведе повеќе, мислам пак ќе зборат они за парите, тоа неизбежно е, ама нема до толку да се сведе за пари ќе се сведе малку и на други, истории, естетики и на нешто друго. Ако дојде Бети ќе се сведе само на пари.
СБ: Ве разбирам, затоа сега јас на Трајко му кажах
НГ: Она може да дојде на подготвителна ако ви треба, сега, во 6 саат.
СБ: Не, на координација ни требат сериозни материјали, иначе на неа и кажах дека ќе одат на ревизорските извештаи и ми кажа Тања
НГ: Викнете си го на координација и Славе и Марјанчо, што ви беше пратеник едно време, сега во општина Центар е он.
СБ: Кој Марјанчо?
НГ: Од Аеродром, Марјан
СБ: Ааа он шо беше секретар, скоро шо излезе, Марјанчо од Центар.
НГ: Од Аеродром, не од Центар.
СБ: Од Аеродром.
НГ: Ај ќе ви ги пратам јас, у колку саат да дојдат?
СБ: Па 6 беше закажан, ама може 6 и 15 да не фате, тука некаде е седницата.
НГ: Ако ги најдам ќе ви ги пратам, Бети ќе дојде, ама само на координација, утре на седница не.
СБ: ОК, ОК, јас баш со Трајко правих муабет шо е најпаметно и да слушнеме тука од неа на координацијата и да договореме после и со вас за да знаеме како да настапеме, оти е многу сериозно, јас и кажа
НГ: Ништо, вие треба да го сведете, на друга, појше да терате дискусија на друга тема отколку на финансии. А и кога е на финансии да кажете, за сите згради се плаќа ќирија, сега нема да се плаќа ќирија.
СБ: Не, тоа е јасно
НГ: Да де да, ги знаеме одговориме, сме ги кажувале, едно те исто сме збореле, пак ќе го збориме. Тоа е
СБ: Ок претседателе само да ни дадете
НГ: Градежен проект, вработување за време на криза, тоа се тезите.
СБ: Работата е ако извадат документи, тоа и на Бети и кажах, ревизорскио извештај, Тања ми кажа дека сметководствената евиденција не им била добра и дека имало нешто помеѓу Васе Доневски и нивната служба. За тие работи да ни даде одговор оти они директни работи ќе читаат.
НГ: Ако можам и Васе Доневски ќе ви го пратам.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар