Прислушуваните разговори се преслушани над 4 милиони пати
Придружните прес-конференции на опозицијата, на кои беа објавени прислушуваните разговори, пак, се прегледани речиси 588 илјади пати
Придружните прес-конференции на опозицијата, на кои беа објавени прислушуваните разговори, пак, се прегледани речиси 588 илјади пати
Минатата недела се одбележаа 2 години откако СДСМ и лидерот на опозицијата Зоран Заев почнаа да ги објавуваат сетовите од прислушувани разговори на отворени и јавни прес конференции. Како што е познато, во тој период провладините медиуми од сите видови не објавуваа ништо од содржините на овие разговори. Известувањето од опозициските прес конференции на овие медиуми тогаш беше многу чудно. Се известуваше од нив, но само за периферните моменти, овие прес конференции се користеа за да се нападне лидерот на опозицијата и целата опозиција насред новинарските извештаи и прилози, како и да се објави, најчесто во целост, пропратниот демант на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој се појавуваше после секоја прес-конференција во вид на соопштение за јавноста со цел да им се даде материјал на ним блиските медиуми да имаат што да известат во информативните емисии и на порталите и притоа да не мора воопшто да ја спомнат содржината на прислушуваните разговори, но и да не мора да молчат и со тоа да бидат обвинети дека ги прикриваат опозициските прес конференции. Истиот третман, кој тогаш го имаа прес конференциите на опозицијата, денеска го има и Специјалното јавно обвинителство, при што воопшто не е невообичаено во ТВ прилозите на провладините телевизии воопшто да не слушнете што рекле Катица Јанева и Фатиме Фетаи, а ако евентуално слушнете што кажала Ленче Рисеска, тоа е најчесто одговор на новинарско прашање за Зоран Верушевски и неговото пуштање од притвор.
Во тоа време ги немаше сите дебатни емисии на националните телевизии кои што ги имаме денес, бројот на критички портали беше, исто така понизок од денес и далеку помал од провладините, а единствен дневен весник кој објавуваше нешто од содржините на прислушуваните разговори беше „Слободен печат“. Во ваква ситуација, улогата на интернетот и, пред сè, на најпопуларниот интернет видео сервис, Јутјуб, беше од исклучителна важност за да се прошири содржината на овие разговори.
Севкупно, заклучно со 14 февруари годинава, овие прислушувани разговори кои беа објавувани од 9 февруари до 16 јуни 2015 година, досега се преслушани нешто на 4,1 милион пати. Покрај ова, видео клиповите на кои се снимени пропратните прес конференции се прегледани нешто под 588 илјади пати. Најпреслушуван сет од овие разговори е првиот со над 397 илјади преслушувања, иако тие не содржеа никаква афера или скандал, туку прислушувани разговори од претставници на опозицијата. Најпопуларните сетови со прислушувани разговори со над 300 илјади преслушувања се на почетокот, какви што се оние кои се однесуваат на апсењето на Љубе Бошковски и оние кои ја содржат најпознатата изјава која произлезе од овие разговори, а која се однесува на лудаците кои купуваат чоколада, иако немаат леб изговорена од тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески. Од друга страна, најмал број преслушувања имаат сетовите кои се објавени кон крајот, како и оние со донекаде локален карактер. Најмал број преслушувања, нешто над 34 илјади преслушувања, има оној сет на разговори во кој Никола Груевски одредува што ќе се гради и што е барок, како и оној кој се однесува на полициската банда која отиде да тепа политички противник во Охрид кој има нешто помалку од 38 илјади преслушувања.
Инаку, страницата која содржи линкови до сите прислушувани разговори овде на „Вистиномер“, е најпопуларна на целиот сајт со над 48 илјади прегледи кои се имаат случено во период од околу една година.
Име/Наслов | Сетови на прислушувани разговори (Јутјуб) | Придружни прес-конференции (Јутјуб) |
1. Прислушувани разговори – сет 1: „Треба да се знае кој е власт!“, Прес конф. – 09.02.2015 | ||
· Слушнете кого прислушувале Груевски и Мијалков | 397106 | |
· Докази од мега-скандал: Груевски и Мијалков прислушувале 20.000 луѓе | 56634 | |
2. Прислушувани разговори – сет 2: Џокер во судството – „Наш е човекот?“, Прес – 15.02.2015 | ||
· Слушнете: Местат судии, обвинители, пресуди…! | 217215 | |
· Нови скандалозни докази: Упад на Груевски во судството | 23479 | |
3. Прислушувани разговори – сет 3: Како беше апсен Љубе Бошкоски, Прес конференција – 20.02.2015 | ||
· Слушнете ужас: Местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски | 330952 | |
· Заев:Слушнете ужас, местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски | 40325 | |
4. Прислушувани разговори – сет 4: Комуњари, новинари и документарци … , Прес – 25.02.2015 | ||
· Докази за невиден скандал: Над 100 новинари таргет на УБК | 143596 | |
· (ВИДЕО) Заев: Медиумски масакр преку УБК, масовно се прислушувани новинари | 20855 | |
5. Прислушувани разговори – сет 5: ГУП-ови, ДУП-ови, динамити и модерни волови, Прес – 27.02.2015 | ||
· Вистинското лице на Груевски: Нарачува, руши и одмазднички ужива | 159203 | |
· Заев: Груевски одмазднички го срушил Космос на Фијат Цаноски | 18527 | |
6. Прислушувани разговори – сет 6: „Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада…“, Прес – 02.03.2015 | ||
· Скандалозни признанија на Ставрески и Јанкулоска: Груевски е забеган | 301830 | |
· Заев: Соработници на Груевски потврдуваат криминали и економска катастрофа | 19623 | |
7. Прислушувани разговори – сет 7: Лажни гласачи, притисоци и закани… , Прес конф. – 06.03.2015 | ||
· (Докази) Слушнете како Груевски местел и крадел избори – кратка верзија | 111565 | 16810 |
· Заев: Почнуваме да ги разобличуваме изборните грабежи на Груевски | ||
8. Прислушувани разговори – сет 8: Злоупотреба на државните институции, Прес конф. – 10.03.2015 | ||
· Слушнете: Изборен грабеж и ужасно играње со судбини | 81185 | |
· Заев: Оставка од Груевски и преодна Влада за излез од кризата | 9717 | |
9. Прислушувани разговори – сет 9: Општина Центар, Прес конференција – 12.03.2015 | ||
· Скандалозни снимки: Јанакиески и Мијалков договараат нудење поткуп | 113060 | |
· Жерновски: Паѓале договори за бришење докази и нудење поткуп | 21982 | |
10. Прислушувани разговори – сет 10: Плацовите на премиерот, Прес конференција – 15.03.2015 | ||
· Слушнете ја алчноста на Груевски во илјадници метри квадратни | 103575 | |
· Заев: Груевски немал мерка колку му е доволно | 26947 | |
11. Прислушувани разговори – сет 11: Некое ливче нека снема!, Прес конференција – 18.03.2015 | ||
· Слушнете што правеле во Струмица, од малтретирање до рекет | 106599 | |
· Силни притисоци, рекет, местенки на Груевски да ја добие Струмица | 11099 | |
12. Прислушувани разговори – сет 12: Корупција во судството, Прес конференција – 19.03.2015 | ||
· Слушнете какво чудовиште решава судбини и кој го создал | 152150 | |
· (Докази) Заев: Тројца од врвот на власта се обвинители и судии | 15764 | |
13. Прислушувани разговори – сет 13: Плацовите на премиерот 2, Прес конференција – 23.03.2015 | ||
· Слушнете: Груевски го демантира Груевски, фатен е | 88968 | |
· (Докази) Груевски лажел за неговите парцели на Водно и за Космос | 22242 | |
14. Прислушувани разговори – сет 14: Преговори со „жолтите“, Прес конференција – 26.03.2015 | ||
· Слушнете: Груевски мести тендери и милионски провизии | 89102 | |
· (Докази) Заев: Груевски е фатен во мега корупциски тендерски скандали | 16632 | |
15. Прислушувани разговори – сет 15: Опрема од Израел, Прес конференција – 01.04.2015 | ||
· Слушнете како Мијалков ја земал опремата за прислушување и милионски провизии | 92507 | |
· Заев: Директни докази откриваат корупција на Мијалков и поддршка од Груевски | 14592 | |
16. Прислушувани разговори – сет 16: Подготвувањето на Куманово, Прес конференција – 02.04.2015 | ||
· Изборен криминал на Никола Груевски во Куманово | 44807 | |
· Кеш и бандити за Груевски да го освои Куманово | 11400 | |
17. Прислушувани разговори – сет 17: Прилепски муабети, Прес конференција – 04.04.2015 | ||
· Слушнете за упадот во Прилеп: Огромни казни, рушење и затворање фирми | 56403 | |
· Со леснотија делеле огромни казни, рушеле и затворале фирми во Прилеп | 15017 | |
18. Прислушувани разговори – сет 18: Индијанци во Собрание, Прес конференција – 06.04.2015 | ||
· Слушнете како Груевски лично ја нарачал амнестијата за хашките случаи | 100804 | |
· (Докази) Заев: Падна и најсаканата маска на „патриотот“ Груевски | 15116 | |
19. Прислушувани разговори – сет 19: Македонската нуклеарна програма… , Прес конф. – 08.04.2015 | ||
· Слушнете за освети со лустрација, рекетари, банди, изборен криминал во Битола | 59947 | |
· Докази за насилствата на Талески и власта на Груевски врз битолчани | 15510 | |
20. Прислушувани разговори – сет 20: Премиерот вработува „миленичиња“, Прес конф. – 14.04.2015 | ||
· Слушнете како Груевски со неколку луѓе го поклопил цел државен систем | 50334 | |
· (Докази) Заев: Нема правда, ниту државен систем | 10613 | |
21. Прислушувани разговори – сет 21: Охридските криминали, Прес конференција – 16.04.2015 | ||
· Слушнете како во Охрид за избори оперирале и пара полициски структури | 37182 | |
· (Докази) Нарачани апсења, атрактивни парцели, криминал во Охрид | 7788 | |
22. Прислушувани разговори – сет 22: Прикривање имот и откривање омраза, Прес конф. – 18.04.2015 | ||
· Неспособност, лични навреди и омраза е секојдневието на министрите на Груевски | 78535 | |
· (Докази) Слушнете какви нелуѓе газеле во Штип | 7611 | |
23. Прислушувани разговори – сет 23: Барокен „дил“, Прес конференција – 19.04.2015 | ||
· Груевски го уништува Центар, нарачува насилство, шамари и физички пресметки | 72934 | |
· (Докази): Груевски го уништувал Центар, да излеземе за спас на ГТЦ | 7056 | |
24. Прислушувани разговори – сет 24: Новинарска „бомба“, Прес конференција – 22.04.2015 | ||
· Слушнете за уредничка и бизнис спрега на Груевски со МТВ, Иванов и Стојменов | 40595 | |
· Заев: Груевски вработувал во МТВ, уредувал во Сител и Канал 5, пишувал во Вечер | 12638 | |
25. Прислушувани разговори – сет 25: Полициското куче не разликува партии, Прес конф. – 23.04.2015 | ||
· Слушнете: Вистината за Визарис, Сопот, ургенциите на Трајко и Илија | 79332 | |
· (Докази): Милионот кај Ивона, Груевски и Мијалков пресудиле за Сопот | 12025 | |
26. Прислушувани разговори – сет 26: Тргување со гласови, Прес конференција – 25.04.2015 | ||
· Слушнете како Груевски нарачал пазар со ДУИ за Законот за бранители… | 53171 | |
· (Докази) Груевски нарачал пазар со ДУИ за Законот за бранители | 5023 | |
27. Прислушувани разговори – сет 27: Надзор на УБК, Прес конференција – 28.04.2015 | ||
· Слушнете како Мијалков и Јанкулоска обезбедиле УБК да прислушува во Македонија | 59129 | |
· Заев: Еве ги доказите дека УБК прислушувала за Никола Груевски | 18495 | |
28. Прислушувани разговори – сет 28: УБК/СГС, Прес конференција – 30.04.2015 | ||
· Слушнете докази – Мијалков стои зад СГС и милионите | 93130 | |
· (Докази): Мијалков, братучедот на Груевски, стои зад СГС и милионите | 8184 | |
29. Прислушувани разговори – сет 29: Убиството на Мартин, Прес конференција – 05.05.2015 | ||
· Слушнете: Специјалец го убил Мартин Нешковски, Груевски знаел и го криел | 222138 | |
· Груевски се обидел да ја убие вистината за Мартин Нешковски | 22617 | |
30. Прислушувани разговори – сет 30: Никола Младенов, Прес конференција – 07.05.2015 | ||
· Слушнете: Власта на Груевски криела клучни информации за смртта на Младенов | 64007 | |
· (Докази): Десет причини за истрага за смртта на Младенов | 17327 | |
31. Прислушувани разговори – сет 31: Новиот мерцедес за Премиерот, Прес конференција – 13.05.2015 | ||
· Слушнете како Груевски дошол до мерцедес од фантазиите со 600.000 евра народни пари | 95677 | |
· Заев: Никола Груевски стои зад сите скандали | 9058 | |
32. Прислушувани разговори – сет 32: Вмровска работа, Прес конференција – 15.05.2015 | ||
· Слушнете: Монструозни насилства од Груевски и соработниците | 98688 | |
· (Докази) Никола Груевски е креаторот на кризите во Македонија | 9908 | |
33. Прислушувани разговори – сет 33: Преговори за името, Прес конференција – 16.05.2015 | ||
· Слушнете: Груевски тајно се пазарел за името, преговарач бил Мијалков | 113663 | |
· Заев: Груевски тајно се пазарел за името, преговарал Мијалков | 8699 | |
34. Прислушувани разговори – сет 34: Дил ориентид, Прес конференција – 27.05.2015 | ||
· Слушнете признание од Груевски, за неговата власт вели: Нас нешто ни фали! | 54926 | |
· Заев: Ќе вадиме докази додека не го извадиме Груевски од Владата | 8104 | |
35. Прислушувани разговори – сет 35: Барокизацијата на Скопје, Прес конференција – 29.05.2015 | ||
· Слушнете: Груевски го планира Скопје 2014, одредува барокни стилови, го брише културниот идентитет | 34767 | |
· Манчевски: Лично Никола Груевски стои зад огромниот криминал во Скопје 2014 | 2943 | |
36. Прислушувани разговори – сет 36: Станбеното прашање на министерката, Прес конф. – 31.05.2015 | ||
· Слушнeтe зошто Зоран Ставрески седи во Владата на Груевски | 49832 | |
· (Докази) Шилегов: Има зошто Ставрески седел во Владата на Груевски | 7676 | |
37. Прислушувани разговори – сет 37: Бомба што експлодираше тивко, Прес конференција – 08.06.2015 | ||
· Заев: Груевски го прислушувал и граѓанскиот сектор | 10558 | |
38. Прислушувани разговори – сет 38: Пазарот „Чаир и Тетово“, Прес конференција – 16.06.2015 | ||
· Слушнете: Бизниси, поткуп, пазари, меѓу тесна група на ДУИ и Груевски | 52044 | |
· Заев: Повикувам чесните во ДУИ да ја напуштат криминалната Влада и да поддржат преодна | 9250 | |
Вкупно: |
4,100,658 |
587,844 |
Дополнително известување: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар