Продавницата во Франција не е на жената што се обиде да го спречи грабежот
Нема докази за тоа колкав процент од грабежите биле од „мигранти“ ниту пак на фотографијата од објавата што ја рецензираме, не може да се утврди дека „продавницата била полна со мигранти“. Има разлика меѓу „мигранти“ и домицилно население со темна боја на кожата и тоа особено во Франција. Државата таму не води евиденција за расна припадност, но има проценки дека Франција има голем процент на граѓани, од поранешните колонии, (меѓу 3 и 5 милиони) за кои се знае дека имаат карипско-африканско потекло, африканско потекло и кои се втора генерација со вакво чисто или мешано потекло.
Нема докази за тоа колкав процент од грабежите биле од „мигранти“ ниту пак на фотографијата од објавата што ја рецензираме, не може да се утврди дека „продавницата била полна со мигранти“. Има разлика меѓу „мигранти“ и домицилно население со темна боја на кожата и тоа особено во Франција. Државата таму не води евиденција за расна припадност, но има проценки дека Франција има голем процент на граѓани, од поранешните колонии, (меѓу 3 и 5 милиони) за кои се знае дека имаат карипско-африканско потекло, африканско потекло и кои се втора генерација со вакво чисто или мешано потекло
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Во склоп на објавата е фотографијата на која се наоѓа Ема Кунстлих, 24-годишна студентка по глума која се обидела да ги запре ограбувачите, во актуелните масовни протести во Франција придружени со насилство, кршење излози на продавници и грабежи.
Нема докази дека девојката на фотографијата Ема Кунстлих е „либерална активистка“ ниту дека „се борела за мигранти да ја населат Франција“. Потврдено е, според напис на реномираниот медиум „Ле Монд“ на новинарката Рафаел Баке, дека сцената на фотографијата од објавата што ја рецензираме е пред супермаркетот „Франприкс“ на улицата „Фобур-ду-Темпл“.
Таа известува за Ема Кунстлих, 24-годишна студентка по глума која се обидела да ги запре ограбувачите и ги критикувала нивните напади бидејќи тие немале политичка порака и можеле да ѝ помогнат на крајната десница да дојде на власт.
Таа била сведок на настаните на улицата „Фобур-ди-Темпл“ во Париз и се обидела да ги убеди ограбувачите да престанат. „Ле Монд“ ја прикажува двапати. Нејзиното име прво се појавува во извештај во живо (18 октомври), каде што е опишана како студентка и амбициозна актерка, осудувајќи ги палењата на автомобили и грабежите. Подоцна, нејзината изјава, исто така со нејзиното име, се појавува во посебна статија во која се сумираат немирите, пишуваат проверувачи на факти од Полска.
Тие додаваат дека инцидентот е пред срушената продавница од синџирот маркети „Франприкс“ која се наоѓа на улицата „Фобур-ду-Темпл“ број 30 во Париз. Инаку „Франприкс“ не е семејна продавница, особено не нејзина, туку е синџир на 641 супермаркети во Франција.
Вознемирената жена којашто е претставена на фотографиите од објавата што ја рецензираме, според видеа од случајот, се обидува да го блокира влезот и да ја спречи толпата да ја ограбува продавницата. Таа вика на француски: „Стоп, стоп! Зошто го правите ова?! Ова ѝ штети на каузата на средношколците!“.
Гледајќи дека си има работа со млади луѓе, таа додава дека нивното однесување ѝ штети на каузата и барањата на средношколците. Маскирани мажи, претежно млади, ја опкружуваат. Тие ги игнорираат нејзините молби, ја заобиколуваат и масовно исфрлаат алкохол и храна од полиците, уништувајќи го ентериерот на продавницата. Еден од минувачите ја зграпчува жената и насилно ја влече на безбедно.
Се појавија фотографии создадени со вештачка интелигенција на кои актерката маршира на промигрантски демонстрации.

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Верифика“, жената на фотографијата и видеото не е сопственичка на бутик или продавница, во ниту еден момент таа не тврди дека е левичарка, дека гласала за мигрантите или дека го бранела нивниот влез или продолжено присуство во Франција.
Вистиномер се обиде да провери од онлајн достапните извори дали Ема Кунстлих демонстрирала либерални ставови, дали се залагала за мигрантите и нивните права, но не успеавме да најдеме содржини на темата кои автентично произлегуваат од нејзини социјални мрежи или интервјуа.
Во меѓувреме, како што извести „Еуроњуз“ органите за спроведување на законот побараа од онлајн платформите да достават информации што ќе помогнат во идентификувањето на лицата вклучени во вандализам и грабежи.
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, изнесе тврдење на конференција организирана од ОЕЦД минатата недела. Пред неколку дена, протестите на средношколците во Франција беа искористени од непријателски наративи што доаѓаат од Русија, Кина, Иран и заедницата МАГА. Ние ги гледаме, ги осудуваме и реагираме, рече тој, а пренесе „Еуроњуз“.
Од страна на француските власти се испитува кој стоеше зад демолирањето на продавниците, а разузнавачки извештаи во Франција пренесени од Би-Би-Си, опишуваат „манипулација“ со студентските демонстрации од страна на студентски сојузи и политички движења блиски до радикалната левица.
Според француските извештаи, масовниот грабеж во саботата, во кој наводно биле опфатени повеќе од 3.000 продавници и деловни објекти, се чини дека во голема мера бил опортунистички. Многу млади луѓе веднаш се обидоа преку интернет да ја продадат украдената стока, вклучително и брендирани патики. Некои дури и не се потрудија да си ги покријат лицата. Дали чувствуваа дека нема да бидат казнети?, пишува „Би-Би-Си“.
Нема докази за тоа колкав процент од грабежите биле од „мигранти“ ниту пак на фотографијата од објавата што ја рецензираме, не може да се утврди дека „продавницата била полна со мигранти“. Има разлика меѓу „мигранти“ и домицилно население со темна боја на кожата и тоа особено во Франција. Државата таму не води евиденција за расна припадност, но има проценки дека Франција има голем процент на граѓани, од поранешните колонии, (меѓу 3 и 5 милиони) за кои се знае дека имаат карипско-африканско потекло, африканско потекло и кои се втора генерација со вакво чисто или мешано потекло. Се смета дека 10 отсто од децата во Франција денес имаат барем еден родител со вакво потекло, така што покрај „мигранти“, Франција има значително домицилно население од вакво потекло, кое во земјата живее со генерации.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар