Продолжува изградбата на фекалната канализација во Челопек

Фото: Општина Бервеница

 

Ветување: Изградба на фекална канализација во село Челопек

[Извор: Приоритетите на градоначалникот на Општина Брвенце, Енвер Пајазити; Датум: 18.01.2018]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити,  за изградба на фекална канализација во село Челопек, дадено на почетокот од неговиот градоначалнички мандат, е  „во тек“ на реализација. Ова ветување Пајазити го даде веднаш по изборите во интервју за Порталб, каде зборуваше за проектите на Општината кои треба да се реализираат за време на неговиот нов мандат.

Завршувањето на канализацискиот проект и во новата и во старата населба Челопек беше ветен и во претходната изборна поргама на Пајазити. Овој проект требаше да заврши до 2014 година, а за неговата изградба беа планирани 40 милиони денари. Од Општината тогаш изјавија дека канализацискиот проект е 80 проценти завршен, дека повеќето домаќинства се поврзани со новиот канализациски систем и најавија  дека изградбата на канализацијата ќе продолжи како приоритет во вториот мандат.

Изградбата на преостанатиот дел од фекалната канализација во село Челопек започна пред кризата со пандемијата на Ковид -19, но беше прекината поради настанатата ситуација.

На почетокот на овој месец градежните работи продолжија. Имено, на 5 мај граданочалникот Пајазити на својот Фејсбук профил објави:

Изградбата на фекална канализација продолжува во селото Челопек.

Општинското претпријатие и покрај активности со чистење и дезинфекција на локалните патишта и улички како резултат на пандемијата СОВИД-19,  ја продолжи изградбата на фекалната канализација…

Должината на оваа мрежа е околу 1.500 метри.

Продолжуваме заедно таму каде што застанавме пред пандемијата.

Фотографии од активностите околу изградба на фекалната канализација се објавени на официјалниот Фејсбук профил на градоначалникот.

Па имајќи ја предвид горенаведената аргументација,  ова ветување на Пајазити, според методологијата на „Вистиномер“, добива оценка  „во тек”.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција