Во Албанија продолжува увозот на дезинформации и теории на заговор за Ковид -19

Фото: Pixabay/Tomisu Линк: https://pixabay.com/photos/coronavirus-virus-mask-corona-4914028/

 

Пишува: Дрилон Салиу

Во време на глобална пандемија ширум светот се појавија различни тоерии на заговор и дезинформации за тоа како и зошто се појави Ковид -19. Додека големите социјални мрежи како „Јутјуб“ и „Фејсбук“,  започнаа да ги повлекуваат содржините со теории на заговор и да бришат профили на теоретичари на заговор од нивните платформи, нарекувајќи ги штетни и опасни во овој период, увозот на вакви информации во регионот продолжува.

Имено, шестминутното видео објавено од „Википинфо“ во соседна Албанија, пласираше серија на дезинформации и невистини за 5Г – мрежата, од нејзината поврзаност со коронавирусот, па сè до вмешување на Бил Гејтс со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Авторот се повикува на сега блокираната анти – 5G група на Фејсбук во Велика Британија како „доказ“ за она што го кажува. Групата беше блокирана токму поради ризикот од масовна дистрибуција на дезинформации поврзани со 5G. Исто така, ова видео е засновано на изјави на различни теоретичари на заговор, еден од нив е Дејвид Ики и тој беше блокиран од социјалните мрежи, а неговото последно интервју беше отстрането од каналот „Јујтуб“ поради ширење на штетни дезинформации во време на глобална пандемија.

Во видеото се тврди дека 5G технологијата е поврзана со Ковид 19 , а не се спомнува дека многу светски познати медиуми професионално ги анализираа овие информации и категорично ги негираа ваквите тврдења.

Во вториот дел од материјалот  се тврди дека вирусот е создаден од Бил Гејтс и дека овој „заговор“ се прави за да се намали светската популација и да се инсталираат микрочипови на луѓето. Според оваа теорија на заговор, постои глобален план на луѓето да им бидат ставени чипови (!), теорија базирана на веќе позаната погрешнo интерпретирана изјава на Бил Гејтс.

За да се добие впечаток дека сите овие тврдења се вистинити, материјалот е придружен со фотографии од протестите против 5G – мржата во Велика Британија и низ светот, како и со наслови и информации на социјалните мрежи од непознати личности, кои пишуват за „ужасните” последици на 5G технологијата. Ваквите објави се пласираат  во пакет о драматична музика додека авторот ги чита „страшните откритија“.

Во овој канал за вести на „Јутјуб“ можете да најдете други заговорнички и невистинити содржини за  причините за вирусот, како што се изјавите на д-р Рашид Бутар, веќе познат по своите контроверзни теории против вакцинирањето и невистините дека луѓето ќе бидат контролирани преку сателити , па затоа и се препорачува социјална дистанца(!).

Во Албанија, дебатата за овие теории на социјалните мрежи продолжи во текот на целиот овој период, па дури и се отворија неколку онлајн петиции „СТОП 5Г во Албанија“, каде има скоро 6 илјади потписнички.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, остро се спротивстави на ваквите позиции за поврзаноста на Ковид 19 со 5Г мрежата, и притоа рече:

Никогаш не сум слушнал поголем идиотизам од ова… Нема 5G антени во Албанија 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција