Проектите на „Метаморфозис“ претставени на водечката ТВ емисија „360 степени“ на Алсат-М
Искуствата од проектите на Фондацијата „Метаморфозис“, кои се однесуваат на проверката на факти во медиумите и (не)исполнувањата на изборните ветувања на партиите беа претставени на водечката ТВ емисија од информативен, репортажен и дебатен формат „36о степени“ на „Алсат-М.“
Прилогот најпрвин провери како се исполнуваат 5 случајно избрани ветувања на политичките партии, а потоа следеше и разговор си уредникот на Сервисот за проверка на факти, Владимир Петрески.
Целата емисија можете да ја видите долу. Прилогот за изборните ветувања започнува од 18:38 секунди, а разговорот од 28:30 секунди.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар