Професорот Пановски не рекламира никаков лек против паразити

Не  е првпат на социјалните мрежи да се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на Фејсбук дека неговото име се злоупотребува за лажно рекламирање и апелираше до граѓаните да бидат внимателни

Не е првпат на социјалните мрежи да се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на Фејсбук дека неговото име се злоупотребува за лажно рекламирање и апелираше до граѓаните да бидат внимателни

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој рекламира некаков лек за паразити, злоупотребувајќи го името на професорот д-р Никола Пановски.

Д-р Никола Пановски: Никогаш нема да престанам да повторувам, ако сакате да живеете долг и среќен живот, живејте го без паразити…, се наведува во објавата која е придружена и со фотографија од Пановски за да изгледа поуверлива.

 

Арно ама, д-р Пановски нема никаква врска со оваа реклама, тој досега во неколку наврати реагираше на Фејсбук дека неговото име се злоупотребува за лажно рекламирање и апелираше до граѓаните да бидат внимателни.

Во врска со овие реклами, тој на Фејсбук првпат се огласи на 25.11. 2022 година.

НЕ РЕКЛАМИРАМ НИ ЧАЈ ЗА ПАРАЗИТИ, НИТУ НЕКОГАШ ЌЕ РЕКЛАМИРАМ НЕКОЈ ЛЕК ИЛИ ЛЕКОВИТО СРЕДТВО.
Драги пријатели, еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И досега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени. Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Јавно лажат!!! Ова трае со години, на очиглед на десетина институции кои ние ги плаќаме да не заштитат: пациентите од лажни и непроверени производи, нас како стручни лица, злоупотребени на најдрзок начин. Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате: Агенција за аудиовизуелни медиуми, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за заштита од дискриминација, Антикорупциска комисија, УЈП,МАЛМЕД, Министерство за здравство, Обвинителство, Народен правобранител, МВР. Господине Оливер Спасовски, под итно уапсете ги овие криминалци, што е проблемот? Прекршуваат јавно, секој ден, десетици закони, се ви е на тацна, спасете си го угледот ваш и на Владата, заштите не нас и пациентите!!!

Но, очигледно злоупотребата на неговото име продолжува и затоа д-р Пановски повторно се огласи на Фејсбук на 03.12.2022.

Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи:
АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!! Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден. Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам. СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам.

Вистиномер веќе пишуваше за чајот кој наводно лечи паразити и којшто преку лажно рекламирање се претставува како „сертифициран лек“, а притоа исто така се злоупотребува името на професорот Пановски. Нашата проверка покажа дека чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран. Дополнително, според дефиницијата за тоа што е лек, чаевите не влегуваат во оваа категорија дури и кога би имале такви супериорни карактеристики, како што се тврди дека има горенаведениот чај. Законот за лекови и медицински средства го уредува делот за тоа што значи фармаколошки активна супстанција.

Не  е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори.

Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно е дека нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот се оградува од  ваквите реклами и апелира до граѓните да не наседнуваат на лагите. Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција