Произволни обвинувања дека во Британија со лекот „мидазолам“ се убиваат лица во старските домови

Фото: Psych0-007 Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0

Тврдењата во постот дека во Британија „пак ќе ги убиваат старите низ старечките домови со „мидазолам“ не се поткрепени со никакви докази. Нема изјави од официјални лица кои би го потврдиле тоа. Тврдењата се само нафрлени и произволни. Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) децидно ги отфрла обвинувањата дека се користи „мидазолам“ за да се стави крај на животот на старите во старските домови

 

Тврдењата во постот дека во Британија „пак ќе ги убиваат старите низ старечките домови со мидазолам“ не се поткрепени со никакви докази. Нема изјави од официјални лица кои би го потврдиле тоа. Тврдењата се само нафрлени и произволни. Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) децидно ги отфрла обвинувањата дека се користи „мидазолам“ за да се стави крај на животот на старите во старските домови

 

 

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека здравствените власти во Велика Британија ги убивале старите лица во старечките домови со помош на лекот „мидазолам“. За ваквите тврдења нема никакви докази.

Дали пак ке ги убиваат старите низ старечките домови во Британија со мидазолам? Познато е дека мидазоламот е смртоносен со само 0,5 мг, но владата во Британија штотуку го нарача лекот за смртна казна за една година во ампули од 50 мг/10 мл. ( да стигнат до крајот на Јан 2022)
Со која цел се нарачени лековите? Е па велат дека биле „Лекови за нега на крајот на животот и подготвеност за СОВИД-19“. Со други зборови, масовно убиство со смртоносна инјекција, се вели во постот кој го анализираме.

„Мидазолам“ е вид на лек од групата бензодијазепин, кој се користи како свесен седатив, анестетик, антиконвулзивен агенс, a, исто така, е лиценциран да помага  и во управување со немир и вознемиреност при палијативна нега.

„Мидазолам“ често се препишува како „антиципаторен лек”. Тоа се лекови што се препишуваат однапред за пациенти кои се при крај на животот доколку имаат некои вообичаени и непријатни симптоми како што се вознемиреност, болка, гадење и повраќање поврзани со процесот на умирање. Тие не мора да се користат и се даваат доколку „бидат побарани“.

„Мидазолам“ може да се користи и почесто за пациенти кои не се при крај на животот, за смирување за време на одредени медицински процедури.

Според сајтот за проверка на факти, „Фулфакт“, нема докази дека „мидазолам“ се користел со намера да се стави крај на животот на жителите на старските домови во Велика Британија или дека ова е формална политика на британската влада.

Од Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) за „Фулфакт“ изјавиле:

Овие тврдења се длабоко погрешни. Главниот приоритет на владата во текот на оваа пандемија отсекогаш бил да се прави сè што е можно за да се спасат животи.

Во 2020 година Владата на Велика Британија набави повеќе дози од лекот „мидазолам“, но Владата правела залихи и на други лекови, а не само за „мидазолам“, потврдиле од ДХЦС за „Фулфакт“,.

Ковид-19 донесе зголемување на глобалната побарувачка на Велика Британија за голем број лекови, вклучувајќи мидазолам за поддршка на пациентите на интензивна нега или на крајот од нивниот живот. За да управуваме со зголемувањето на побарувачката, градевме залихи на клучни лекови во Велика Британија, вклучително и мидазолам, изјавил портпаролот на ДХЦС.

Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија децидно ги отфрла и негира тврдењата дека „мидазолам“ се давал намерно на жителите на старските домови. Исто така, евтаназијата е илегална во Велика Британија.

Тврдењата во постот дека во Британија „пак ќе ги убиваат старите низ старечките домови со „мидазолам“ не се поткрепени со никакви докази. Нема изјави од официјални лица кои би го потврдиле тоа. Тврдењата се само нафрлени и произволни. Одделот за здравство и социјална грижа на Велика Британија (ДХЦС) децидно ги отфрла обвинувањата дека се користи „мидазолам“ за да се стави крај на животот на старите во старските домови. Според тоа, постот кој го анализираме, ќе го оцениме како невистинит.

 

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција