Произволно се тврди дека Нил Армстронг изјавил оти видел вонземјани на Месечината

Фото: en.wikipedia.org

Наспроти тврдењата во постот, Дејвид Морисон научник во Виртуелниот институт за истражување на сончевиот систем, во истражувачкиот центар на НАСА уште во  2007 година изјави дека „Армстронг и другите астронаути од Аполо, не виделе докази за вонземјани на Месечината…“. Исто така, не успеавме да најдеме ниедна изјава на Армстронг во која тој кажува дека го набљудувале два мистериозни објекти на месечината, ниту пак, дека му било кажано веднаш да ја напушти месечината. Станува збор за измислена приказна и теорија на заговор какви што се појавуваат од самото слетување на Месечината и повеќепати се дебанкирани од светските медиуми 

Наспроти тврдењата во постот, Дејвид Морисон научник во Виртуелниот институт за истражување на сончевиот систем, во истражувачкиот центар на НАСА уште во  2007 година изјави дека „Армстронг и другите астронаути од Аполо, не виделе докази за вонземјани на Месечината…“. Исто така, не успеавме да најдеме ниедна изјава на Армстронг во која тој кажува дека го набљудувале два мистериозни објекти на месечината, ниту пак, дека му било кажано веднаш да ја напушти месечината. Станува збор за измислена приказна и теорија на заговор какви што се појавуваат од самото слетување на Месечината и повеќепати се дебанкирани од светските медиуми 

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека Нил Армстронг изјавил дека им било наредено веднаш да се тргнат од месечината.

Во постот се споделува напис со таков наслов, а  на почетокот од  текстот пишува:

Звучи како научно-фантастично сценарио на филм за НАСА, астронаути и вонземјани на Месечината. Меѓутоа, според многу извештаи и наводни транскрипти помеѓу командниот центар и астронаутите на „Аполо“ на Месечината, човештвото се соочи со технологија од друг свет кога астронаутите чекореле по површината на Месечината. Интересни детали за тоа со што можеби се соочиле астронаутите на Месечината потекнуваат од интервјуто на неименуван професор и Нил Армстронг на симпозиум на НАСА.

Потоа се вели дека во тоа интервју самиот Армстронг кажал:

Не можам да навлегувам во детали, освен да кажам дека нивните бродови беа далеку посупериорни во однос на нашите и по големина и по технологија. Навистина беа големи и заканувачки!

Во текстот  се поставува и дилемата:

Дали е можно дека астронаутите на „Аполо 11“ всушност се соочиле со вонземјани и НЛО додека ја истражувале површината на Месечината?

Па се тврди:

Постојат многу извештаи, интервјуа и документи кои укажуваат дека тоа е можно.

Притоа се цитира д-р Владимир Ажаж, физичар и професор по математика на Универзитетот во Москва, и се тврди дека тој кажал:

Нил Армстронг пренел порака до контролата на мисијата дека два големи, мистериозни објекти го набљудувале откако слетале на Месечината. Но, неговата порака никогаш не се слушнала во јавноста – бидејќи НАСА ја цензурирала.

Потоа текстот се повикува на неименувани ,„бројни извори“ според кои „Армстронг тврдел дека вонземјани биле на Месечината и дека на астронаутите им било наредено да си одат“. Се вели и дека астронаутите на Аполо нашле бројни градби и структури на месечината кои не биле направени од човек и дека Баз Олдрин снимил чудни структури ама кога ги пријавил во контролата на мисијата таа ги цензурирала информациите за да не се предизвика паника меѓу луѓето на земјата.

Наспроти ваквите тврдења, не е точно дека астронаутите на Аполо виделе-кажале дека на месечината имало вонземјани.

Немаше вонземјани на месечината. Армстронг и другите астронаути од Аполо, не виделе докази за вонземјани на Месечината. Се чини дека ја мешате реалноста со научната фантастика или им верувате на лажните приказни на интернет. Верувајте ми, реалноста е многу поинтересна отколку овој вид на фантазија, изјави Дејвид Морисон научник во Виртуелниот институт за истражување на сончевиот систем, во истражувачкиот центар на НАСА на 23 ноември 2007 година.

Ројтерс пишува дека ни вториот астронаут што бил со Нил Армстронг, Баз Алдрин не видел НЛО. Во постот којшто ние го рецензираме, пак, се вели дека самиот Армстронг кажал дека видел вонземјани, што исто така никогаш не се случило.

Алдрин на Редит напишал дека кога се вратиле од мисијата, имавле брифинг и точно објаснивме што видовме и тоа што го видовме надвор од објектот беше рефлексија од еден од панелите Не знаејќи дека јавноста не е запознаена со оваа информација, Алдрин објасни дека луѓето од НЛО заедницата во САД биле многу лути на него зашто наводно „криел дека видел вонземјани“, иако тоа што го видел не бил вонземјанин.

Алдрин никогаш нема кажано дека видел НЛО. Сторијата е фабрикувана во насловите на медиумите и не е вистинита, изјавила за Вашингтон пост неговата портпаролка Кристина Корп.

Дополнително, делот во постот во кој се вели дека Армстронг наводно кажал дека два мистериозни објекти го набљудувале кога слетал на месечината не е негов директен цитат туку претставува прекажување. На интернет не успеавме да најдеме ниедна изјава на Армстронг во која тој кажува дека го набљудувале два мистериозни објекти на месечината, ниту пак, дека му било кажано веднаш да ја напушти месечината. Станува збор за измислена приказна и теорија на заговор какви што се појавуваат од самото слетување на месечината и се дебанкирани од светските медиуми повеќепати.

Интересно е да се забележи дека дел од теоретичарите на заговори кажуваат дека на месечината воопшто не стапнала човечка нога, а друг дел пак, дека имало вонземјани. И двете работи не се точни.

„Аполо 11“ беше првата вселенска мисија што испрати луѓе на месечината. Тоа го стори НАСА и мисијата стигна во вселената на 16 јули 1969 година носејќи тројца астронаути Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс. На 20 јули 1969 година, Армстронг и Олдрин станаа првите луѓе кои слетале на месечината додека Колинс останал во орбитата околу месечината.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека Нил Армстронг кажал дека на месечината видел вонземјани, дека тоа било цензурирано од НАСА и дека му било кажано веднаш да се врати од месечината.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција