Изградени две тениски игралишта во Општина Дебар
Изградба на игралишта за тенис
[Извор: Политичка програма на градноачалникот Ружди Лата за Општина Дебар во локалните избори 2017, датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во програмата за локалните избори 2017 година, градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, на стр. 7 во делот „Спорт”, вети изградба на игралишта за тенис.Ова ветување на градоначалникот Лата е исполнето.
Споменатото ветување на Лата, за поголем ангажман за спортски рекреативни места меѓу кои и тениски игралишта за дебрани, беше дел од неговата реторика во предизборниот период за локалните избори 2017.
Неколку месеци по добивање на мандатот, на 13 јули 2018 година, градоначалникот објави информација и фотографии за реализацијата на овој проект подржан од Агенцијата за млади и спорт.
Во соопштението на Општина Дебар објавено и во Фејсбук се вели:
Денеска во Општина Дебар беше присутен – заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Рустеми кој беше пречекан од градоначалникот Лата. Целта на ова посета беше промовирањето на две тениски игралишта кои се изградени во близина на школото Пенесита. Градоначалникот изјави дека еден од приоритети на Општината е и развојот на спортот каде со помош на Владата и со иницијатива на Општината се изградени неколку спортски терени во нашиот град…
Според проверените информации и објавените фотографии од местото каде се изградени овие игралишта, ова изборно ветување на градоначалникот Лата го оценуваме како исполнето.
ИЗВОРИ:
- Официјална Фејсбук страница на градоначалникот на Дебар Ружди Лата [проверено на 05.10.2018]
- (07.10.2017 Порталб.мк) Дебата за Дебар за локалните избори 2017 [проверено на 05.10.2018]
- Веб страница на Општина Дебар [проверено на 05.10.2018]
- Политичка програма на градноачалникот Ружди Лата за Општина Дебар во локалните избори 2017, [проверено на 05.10.2018]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар