Пропадна спинот на Мисајловски со фотографијата од Германија
[Рецензија: Фејсбук-статус на Владо Мислајовски: Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ?]
На својата страница на „Фејсбук“ со 18.150 следачи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, објави фотографија со која неуспешно се обиде да спинува против партискиот опонент СДСМ.
Имено, фотографијата што ја објави со коментар: „Ова ли е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ?”, за експресно кратко време се покажа дека воопшто не е од Северна Македонија, туку од Германија.
Линк до оригиналниот напис:Фејсбук-статус на Владо Мислајовски: Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ?
Датум и време на објава:10.6.2020
Датум на рецензија:11.6.2020
Рецензент: Мирослава Бурнс
Експресно брзо се откри дека фотографијата, всушност, е од германските медиуми и тоа објавена на 4 јуни, а на неа е претставена баварската општина Кирхдорф. Градоначалникот на оваа општина, Уве Герлсбек, кажал дека патеката изгледа полошо отколку што навистина е, додавајќи дека нерамнините речиси и не можат да се забележат додека возите велосипед.
Па, иако намерата очигледно била оваа германска приказна да биде „адаптирана“ за предизборно пресметување на домашен терен, сепак, таа веднаш беше разоткриена.
Медиумот „Сакам да кажам“ објави дека Мисајловски со фотографија од Германија ја критикува власта во Северна Македонија и дека:
18 часа подоцна, објавата на Фејсбук има 1,4 илјадА реакции и над 200 коментари и споделувања.
Сличен напис објави и „360 степени“.
Имаше и реакции од граѓани, кои ја побија манипулацијата и жестоко се спротивставија на „Фејсбук“.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по повод оваа објава, ja нарече ВМРО-ДПМНЕ „фејк њуз-партија”.
Пратеникот Коста Костадинов од СДСМ, исто така, веднаш реагира против манипулацијата и на „Фејсбук“ напиша дека:
Лажните вести, деструкциите и прекршувањата на мерките од страна на FAKE NEWS ВМРО не се ниту случајни ниту инцидентни, туку тоа е свесно дејствување против здравјето и интересите на граѓаните.
Сè на сè ваквата дезинформација неславно заврши и тоа за многу кратко време.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар