Пропаганда: Неосновано величење на Трамп како спасител на деца од мрежа на педофили!

Фото: Принтскрин видео

Нема докази дека Трамп е некаков спасител на деца од канџите на педофилија и трговија со луѓе, ниту пак, постојат докази за некаква длабока држава против која поранешниот американски претседател успешно се бори. Оваа теорија на заговор е добро позната и ја шират  поддржувачи на Трамп, припадници на движењето Кју анон, каков што е и профилот на лицето кое го споделува овој пост.  Кју анон е крајно десно конспиративно сајбер-движење во САД на поддржувачи на Трамп, кои продуцираат обвинувања за неговите политички противници, а ги величаат неговите потези како претседател

Нема докази дека Трамп е некаков спасител на деца од канџите на педофилија и трговија со луѓе, ниту пак, постојат докази за некаква длабока држава против која поранешниот американски претседател успешно се бори. Оваа теорија на заговор е добро позната и ја шират  поддржувачи на Трамп, припадници на движењето Кју анон, каков што е и профилот на лицето кое го споделува овој пост.  Кју анон е крајно десно конспиративно сајбер-движење во САД на поддржувачи на Трамп, кои продуцираат обвинувања за неговите политички противници, а ги величаат неговите потези како претседател

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој ја шири добропознатата теорија на заговор за длабоката држава, претставувајќи го поранешниот американски претседател, Доналд Трамп како спасител на деца.

Претседателот Трамп ја сруши пирамидата.
Ја сопре трговијата со деца.
Ја врати моќта на народот.
Силен контра план за рушење на длабоката држава и мочуриштето.
Допрва доаѓа рушење на финансискиот систем, се вели во објавата што ја анализираме.

Теоријата дека Трамп спасувал деца од трговија со луѓе и од некаква мрежа на педофили е добро позната и ја шират неговите поддржувачи, припадници на движењето Кју анон, каков што е и профилот на лицето кој го споделува овој пост. Кју анон е крајно десно конспиративно сајбер-движење во САД на поддржувачи на Трамп, кои продуцираат обвинувања за неговите политички противници, а ги величаат неговите потези како претседател. Токму движењето „Кју“ континуирано лиферува разни обвинувања на истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени, (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други) па дури и холивудски актери блиски или од кругот на Демократската партија на САД и има стекнато одредена популарност кај поддржувачите на ултрадесничарските политики и ставови на Трамп.

Оние кои ја шират теорија на заговор дека Трамп е некаков спаистел на деца, никогаш не понудиле цврсти докази за истата. Вистиномер  ја има дебанкирано оваа теорија уште пред три години,  кога се пласираше веста за 100.000 малтретирани деца во Њујорк спасени од канџите на педофилските сатанисти, наводно поврзани со поранешната државна секретарка на САД и некогашна прва дама Хилари Клинтон.

Откако аферата „Пицагејт“ од 2016 година спласна, а случајот со обвинетиот американски финансиски магнат Џефри Епстин лани заврши кога тој се самоуби во својата ќелија во њујоршкиот затвор, каде што го очекуваше продолжетокот на судењето за организирање малолетничка проституција, „Кју-Анон“ го има преземено наративот за поврзаноста на американската либерална политичка, холивудска и бизнис-елита со педофилија и сатанизам, а Трамп е претставуван како големиот спасител на децата од канџите на злото.

Понатаму, во постот се спомнува и терминот „длабока држава“ за чиешто рушење Трмап наводно подготвил некаков супер контраплан. Длабоката држава генерално се однесува на теорија на заговор за мрежа на луѓе во владата кои работат во „сенка“ – скриено. Тие наводно делуваат независно од политичкото раководство за да ги постигнат своите цели и работат против оние што се спротивставуваат на нивните верувања.

Во САД, Трамп и некои републиканци ја искористија теоријата за длабока држава за да ги објаснат нивните правни проблеми и неправилности во работењето. На пример, Џорџ Пападопулос, советникот на Трамп за време на неговата претседателска кампања, кој се изјасни за виновен за лажење на ФБИ,  во 2019 година објави книга со наслов:

Целта на длабоката држава: Како ме фатија во вкрстувањето на заговорот за соборување на претседателот Трамп

Доналд Трамп ја споделуваше теоријата на заговор за длабока држава во текот на неговото претседателствување – почнувајќи со истрагата на ФБИ за Русија за изборите во 2016 година. Тој тогаш ги обвини ЦИА и Пентагон дека се дел од длабоката држава.

На митинг во 2018 година, Трамп рече:

Неизбраните, длабоки државни оперативци кои им пркосат на гласачите, за да ги истуркаат своите тајни агенди, се навистина закана за самата демократија.

Дел од непоткрепените и бизарни тврдења на Кју анон е и тоа дека сите претседатели во поновата историја на САД се марионети поставени на власт од глобална елита, која ја нарекуваат длабока држава (deep state, или кабала, како што ја нарекуваат тие).

Според теоријата на заговор, има и чесни луѓе во системот наречени  „бели капи“ кои работат за спречување на плановите на длабоката држава. Подземните тунели се „опсесија“ на поддржувачите на теоријата на заговор кои постојано ја пласираат ваквата дезинформација на социјалните мрежи, иако наводните тунели никогаш официјално не се откриени.

Вистиномер во повеќе наврати ги разобличува невистините и манипулациите на следбениците на оваа теорија кои пласираат дезинформации и во Северна Македонија. Такви примери може да погледнете на следните линкови (тука, тука, тукатука).

Според сето погоре изнесено, можеме да заклучиме дека нема докази дека Трамп е некаков спасител на деца од канџите на педофилија и трговија со луѓе, ниту пак, постојат докази за некаква длабока држава против која поранешниот американски претседател успешно се бори. Во постот се најавува и дека „допрва доаѓа рушење на финансискиот систем“, исто така, сосема произволно без посочување на некоја анализа или стручни мислења. Поради сето ова постот го оценуваме како невистинит.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција