Пропагандна фотографија лажно навестува анални ковид тестови во Македонија
Проверката на „Вистиномер“ покажа дека фотографијата воопшто не ги илустрира аналните тестови за проверка дали некој е позитивен на ковид или не, кои се користат во Кина. Според тоа што ни го кажаа луѓе кои говорат јапонски, на ѕидот во просторијата што се гледа на фотографијата на јапонски јазик пишува ,,проверка за паразити”. Така што, фотографијата веројатно е снимена некаде во Јапонија, а не во Кина, и не илустрира анален ковид тест. Уште поголем индикатор дека не станува збор за ковид тест, е тоа што лекарот на фотографијата воопшто не држи во раката никакво стапче за брис, туку огледало
Проверката на „Вистиномер“ покажа дека фотографијата воопшто не ги илустрира аналните тестови за проверка дали некој е позитивен на ковид или не, кои се користат во Кина. Според тоа што ни го кажаа луѓе кои говорат јапонски, на ѕидот во просторијата што се гледа на фотографијата на јапонски јазик пишува ,,проверка за паразити”. Така што, фотографијата веројатно е снимена некаде во Јапонија, а не во Кина, и не илустрира анален ковид тест. Уште поголем индикатор дека не станува збор за ковид тест, е тоа што лекарот на фотографијата воопшто не држи во раката никакво стапче за брис, туку огледало
Вирален Фејсбук пост прокламира дека аналните брисови за детекција на коронавирусот кои се користат во Кина наводно ќе дојдат и во Македонија доколку ,,народот не се побуни”. Преку илустрација на која е прикажан некаков анален преглед во просторија во која се присутни повеќе лица, се пропагира дека, наводно, ваква метода ќе се применува и кај нас на сличен начин како на фотографијата, без приватност на пациентот. Во вака креираната објава се вели:
Знам дека е малку срамна сликата, ама оваа ви е новиот начин на тестирање за ковид во Кина, а знаеме добро дека што излезе од Кина се проширува по цел свет. Затоа спремајте се. Или ќе се дигнеме и побуниме или тоа што го гледате на сликата, се тврди во постот кој е споделен над илјада и двесте пати.
Наспроти тоа што се тврди во постот, проверката на „Вистиномер“ покажа дека фотографијата воопшто не ги илустрира аналните тестови за проверка дали некој е позитивен на ковид или не, кои се користат во Кина.
Според тоа што ни го кажаа луѓе кои говорат јапонски, на ѕидот во просторијата што се гледа на фотографијата, на јапонски јазик пишува ,,проверка за паразити”. Така што, фотографијата веројатно е снимена некаде во Јапонија, а не во Кина и не илустрира анален ковид тест.
Уште поголем индикатор дека не станува збор за ковид тест, е тоа што на фотографијата која се приложува лекарот воопшто не држи во раката никакво стапче за брис, туку огледало. Во Кина ковид тестовите за детекција на коронавирусот се спроведуваат со стапче со памучен врв кое се вметнува неколку сантиметри во анусот, по што се собира примерокот. Но, на фотографијата такво стапче нема, што сигнализира дека станува збор за некоја друга медицинска постапка.
„Вистиномер“ стапи во контакт со професори од Медицинскиот факултет и со еден од поранешните министри за здравство, кои, исто така, рекоа дека фотографијата не прикажува земање на ректален брис за присуство на коронавирус.
Ме буни присуството на двајцата воајери и не знам зошто е потребна асистенција од страна на медицинската сестра. Имено, ниту на гинекологот не му асистира сестра при земање вагинален брис. Во случајот со земање брис од ректумот совршено е изводливо докторот самиот да го обезбеди пристапот. Сомнителна ми е сликата, ни рече професорот доктор Драган Даниловски.
Оваа фотографија е искористена во пропагандни цели и тоа во комбинација со лажната најава дека во Македонија наводно ќе стигнат аналните тестови за детекција на коронавирусот за што воопшто нема никаква официјална потврда, напротив, оваа техника и во Кина се користи само на некои лица, а не на општатата популација. Целта е да се создаде паника и недоверба во здравствениот систем преку манипулација со фотографија која воопшто не прикажува никаков ковид тест.
Во Европа воопшто ниту една земја, вклучително и нашата, не ги употребува аналните брисови за детекција на коронавирусот. Македонија ги следи препораките на СЗО што значи дека се употребуваат само ПЦР тестови и брзите тестови за детекција на коронавирусот.
Како што и претходно пишувавме, Европската Комисија, исто така, нема донесено препорака за да се употребуваат овие тестови во Европа.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар