Пропагандна објава ги извртува тезите за војната во Украина
Терминот „Укронацисти“ беше популаризиран од руските државни медиуми и прокремљ извори за да се оправда или легитимира целосната инвазија на Украина во 2022 година. Тој лажно ги прикажува Украинците – или украинската влада – како контролирани од неонацисти. Всушност, Украина е демократска земја со еврејски претседател (Володимир Зеленски) и население со разно етничко потекло.
Терминот „Укронацисти“ беше популаризиран од руските државни медиуми и прокремљ извори за да се оправда или легитимира целосната инвазија на Украина во 2022 година. Тој лажно ги прикажува Украинците – или украинската влада – како контролирани од неонацисти. Всушност, Украина е демократска земја со еврејски претседател (Володимир Зеленски) и население со разно етничко потекло
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Овие гомнојадечките пронеонацисти цело време се’ исти лајна јадат, и не знам како не им се здосади едноличната храна. Еве тврдат, демек Русија скоро 4 години не може да ја победи УКРОнацистија. Зарем не требаше уште пред две години УКРОнацистите да го вратат Мариопол и таму Евровизија да се одржи? Така тврдеше зелениот џанки. Ни 50 држави со сите воени средства и пари дадени на Укронацистија и уште 50 Соединети Амерички Држави (Само Калифорнија има поголем БДП од Британија, а исто и Мајами, Тексас, Њујорк), 100 (СТО) ДРЖАВИ ВКУПНО 4 ГОДИНИ НЕ МОЖЕТЕ ЕДНА „НИКАКВА“ РУСИЈА КОЈА НАПАЃА СО ЛОПАТИ (според УСРАЛА фон дер ЛАЈНЕН)) НЕМА АВИЈАЦИЈА, ПА РУСИТЕ ЛЕТААТ НА ОРЛИ И ФРЛААТ СО ПЕГЛИ НАМЕСТО ГРАНАТИ, А ОД ЗЕМЈА СО КАТАПУЛТИ ФРЛААТ МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ БИДЕЈЌИ ГИ ПОТРОШИЈА СИТЕ ЧИПОВИ, ДА ЈА ИСТЕРАТЕ НАЗАДВие сите пронеонацистите сте од раѓање удрени со воден чорап по гла’ата.
Не е точно дека Украина е „нацистичка нација“, ниту пак Украинците се „укронацисти“ како што невистинито се тврди во објавата. Исто така, навредливо во објавата претседателот на Украина Володимир Зеленски се нарекува „зелениот џанки“, дел од пропагандистичкиот наратив полн со клевети кој низ годините без докази го поврзува со наркотици. Во мај 2022 година, откако Украина победи на Евровизија, Зеленски изрази надеж дека Евровизија ќе биде одржана во Украина, што не се случи поради руската инвазија врз Украина.
Нашата храброст го воодушевува светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не последен. Ќе направиме сè за еден ден украинскиот Мариупол да биде домаќин на учесниците и гостите на Евровизија. Слободен, мирен, обновен, напиша Зеленски тогаш.
Но, наспроти изнесеното во објавата, неговата надеж се однесуваше на „некој ден во иднината“ а не во 2023 година како што се тврди во објавата што ја рецензираме. Нарекувањето на Украинците „Укронацисти“ е дезинформација и пропаганда. Терминот „Укронацисти“ беше популаризиран од руските државни медиуми и про-Кремљ извори за да се оправда или легитимира целосната инвазија на Украина во 2022 година. Тој лажно ги прикажува Украинците – или украинската влада – како контролирани од неонацисти.
Всушност, Украина е демократска земја со претседател кој делумно има еврејско потекло (Володимир Зеленски) и население со разно етничко потекло. Иако постојат мали, маргинални ултрадесничарски групи во Украина (како и во многу други земји), тие се многу малку на број и немаат значителна политичка моќ. На парламентарните избори во 2019 година, ултрадесничарските партии добија помалку од 2,5% од гласовите и не добија ниеден мандат во парламентот. Значи, идејата дека „Украинците се нацисти“ или дека Украина е „нацистичка држава“ е пропаганден наратив, а не точно или веродостојна тврдење.
Точно е дека Русија нема победено во војната што ја почна во Украина. Таа контролира делови од источна и јужна Украина, вклучувајќи некои области од Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Русија не ги постигна своите првични цели, како што беа заземање на Киев или соборување на украинската влада. Украина добива значајна воена и економска поддршка од Западот, што ѝ овозможува да се брани. Украина продолжува да биде призната како суверена држава, со силна меѓународна поддршка.
Русија се соочува со тешки санкции и економски притисок, кои го забавуваат нејзиниот воен напор. Во кратки црти, војната уште трае, Русија не ги постигна своите цели, а Украина продолжува да се брани и да возвраќа, со неизвесен исход.
Поддршката што Украина ја добива од Западот, не значи дека овие држави „водат војна против Русија“ па не можат „да ја победат“. Русија ја почна неиспровоцираната инвазија врз Украина, а Украина има право да се брани.
Не е точно дека Западот и НАТО ја сметаат Русија за „никаква“ и тоа е причината што се постојано подготвени за самоодбрана. Западните аналитичари и политичари генерално не ја сметаат Русија за „слаба“, но признаваат значителни предизвици и ограничувања во опремата, подготвеноста и армијата во споредба со порано очекуваното. Стратегиските нуклеарни сили на Русија остануваат едни од најголемите во светот, што ѝ дава значителна моќ на одвраќање. Русија има голема редовна армија и резерви, со обемно искуство во конвенционални војни од неодамнешни конфликти. Русија многу се потпира на далекусежна артилерија, системи за повеќекратни ракетни лансери и балистички ракети. НАТО и земјите членки постојано се во готовност и ги засилуваат своите одбранбени капацитети поради заканата од Русија.
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен нема изјавено дека Русија напаѓа со лопати наспроти изнесеното во објавата.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар