Пропагандна објава против Украина зашто била „терористичка држава“
Украина не е терористичка држава, бидејќи таа не го прекрши меѓународното право, туку стана жртва на неиспровоцирана воена инвазија, во обид на Русија да придобие нејзини територии…
Украина не е терористичка држава, бидејќи таа не го прекрши меѓународното право, туку стана жртва на неиспровоцирана воена инвазија, во обид на Русија да придобие нејзини територии. При ваквите напади загинаа бројни цивили, разрушена беше стратешката инфраструктура на Украина, на земјата ѝ беше прекинат вообичаениот тек, раст и развој при демократски избрана влада и раководство, вклучително и претседател
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Специјалната Воена Операција од фаза пресметка со фашистичкиот елемент, преминува во фаза, Украина терористичка држава. Уште една грешка на украинската нација, како слуга на западните интереси, која скапо ќе ја чини. Со нападот на стратешкиот нуклеарен потенцијал, помината е црвената линија. Очекувам од ЕУ, 18 пакет санкции.
Баталјонот „Азов“ првично беше доброволна ултранационалистичка група основана во 2014 година, која учествуваше во војната во Донбас. Еден од нејзините основачи е Андриј Билецки, кој го напушти батаљонот откако Азов беше интегриран во вооружените сили на Украина.
Украина не е терористичка држава, бидејќи таа не го прекрши меѓународното право, туку стана жртва на неиспровоцирана воена инвазија, во обид на Русија да придобие нејзини територии. При ваквите напади загинаа бројни цивили, разрушена беше стратешката инфраструктура на Украина, на земјата ѝ беше прекинат вообичаениот тек, раст и развој при демократски избрана влада и раководство вклучително и претседател. Воената инвазија врз Украина, ја принуди државата да се брани, а западниот елемент кој е споменат во објавата што ја рецензираме се стави на страната на поддршката на правото на Украина да се брани. Тоа не ја прави Украина „слуга на западните интереси“ бидејќи западните држави немаше да има потреба да ја поддржуваат Украина во нејзиното право на самоодбрана доколку таа не беше првично нападната од Русија.
Според правото на ЕУ, терористичките кривични дела се дела извршени со цел сериозно заплашување на населението, прекумерно принудување на влада или меѓународна организација да изврши или да се воздржи од извршување на кое било дејствие, сериозно дестабилизирање или уништување на фундаменталните политички, уставни, економски или социјални структури на една земја или меѓународна организација. Украина нема направено ништо од горенаведеното.
На 1 јуни 2025 година Украина изврши успешна операција во која таргетираше цели длабоко во Русија (операција „Пајажина“). Украина соопшти дека над 40 бомбардери, или околу една третина од руската флота на стратешки бомбардери, биле оштетени или уништени во операцијата, иако Москва соопшти дека биле погодени само неколку авиони. Стратешките бомбардери на Русија се користеа за лансирање балистички и крстосувачки ракети од рускиот воздушен простор за да се погодат цели низ Украина, предизвикувајќи големи штети и цивилни жртви.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар