Протестите во САД против АЈС не се Мајдан
Објавата се обидува да направи споредба меѓу Мајдан во Украина во 2013 година и сегашните протести во САД против постапките на ИЦЕ откако двајца американски државјани, Рене Гуд и Алекс Прети беа убиени при акција на федералните агенти, притоа нарекувајќи ги и едните и другите протести „шарена револуција“. За разлика од Евромајдан, протестите кои сега се актуелни во САД, не се насочени кон никаков политички режим и не претставуваат никаква „шарена револуција“
Објавата се обидува да направи споредба меѓу Мајдан во Украина во 2013 година и сегашните протести во САД против постапките на ИЦЕ откако двајца американски државјани, Рене Гуд и Алекс Прети беа убиени при акција на федералните агенти, притоа нарекувајќи ги и едните и другите протести „шарена револуција“. За разлика од Евромајдан, протестите кои сега се актуелни во САД, не се насочени кон смена на режим и не претставуваат „шарена револуција“
Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео од протестот во Лос Анџелес против постапките на американската служба за имиграција ИЦЕ и вели:
Колку личи ова на Мајдан во Украина, и на секоја останата шарена револуција што ја спроведуваа неолибералите во цел свет, а беше поддржана од Америте. Сега доаѓа време “мечката да заигра и во тој двор”, а истите тие Амери сега не се плашат, се е ова за нивно добро, за да се донесе демократија и во нивната држава.
Објавата се обидува да направи споредба меѓу Мајдан во Украина во 2013 година и сегашните протести во САД против постапките на АЈС, (американска Агенција за имиграција и царини) откако двајца американски државјани, Рене Гуд и Алекс Прети беа убиени при акција на федералните агенти, притоа нарекувајќи ги и едните и другите протести „шарена револуција“.
„Шарена револуција“ е поим што означува за масовно, ненасилно, протестно и про-демократско движење, какви што се случуваа во пост-комунистчките земји во првата е втората деценија од 21-иот век (на пример, Портокалова револуција во Украина, Револуцијата на розите во Грузија и Револуција на тулипаните во Киргизстан, меѓу останатите) чии цели можат да бидат непризнавање на наместени избори и барање нови, смена на авторитарна, недемократска власт со власт какви што ги има во западните развиени демократии најчесто преку: граѓанска непослушност, мобилизација на млади и урбано население, поддршка од невладини организации и медиуми, како и силна употреба на социјалните мрежи и други дигитални алатки за масовно ширење на информации и повик на акција.
Бранот демонстрации кои ја зафатија Украина во 2013 година, познати како Евромајдан, претставуваа таква „шарена револуција“. Овие протести ги започна украинскиот народ откако тогашната украинска влада ги суспендираше подготовките за потпишувањето на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија.
На протестите Евромајдан потоа се приклучија студентите, а демонстрациите се засилија поради насилството што беше применето за нивно гушење. Бројни невладини организации, светски медиуми и политичари ги претставуваат настаните на Евромајдан како најголемиот проевропски бунт во историјата на Украина.
Имено, на 30 март 2012 година ЕУ и Украина го потпишаа Договорот за асоцијација. Но, договорот не беше ратификуван, бидејќи Украина доби насоки да работи на влошената демократија и владеење на правото во државата.
На 21 ноември 2013 година украинската влада со декрет ги суспендираше подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација. Како официјална причина за ваквиот потег беше наведено дека претходните месеци Украина доживела пад на индустриското производство. Владата на Украина тврдеше дека ќе продолжи со подготвувањето на договорот кога падот на индустриската производство ќе бидат компензирани од европскиот пазар.
Тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович престојуваше на ЕУ Самитот кој се одржуваше на 28-29 ноември 2013 година во Вилнус, Литванија, каде требаше да биде потпишан Договорот за асоцијација и трговска размена, но тоа не се случи.
Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година наречени „Евромајдан“ беа резултат на незадоволството на украинскиот народ со поранешниот претседател Јанукович. После седумгодишни преговори, тој одби да го потпише договорот меѓу ЕУ и Украина и го успори напредокот на Украина да се доближи до ЕУ, поради руски притисок. Демонстрантите бараа уставни измени, посилна улога на парламентот, формирање влада на национално единство, крај за корупцијата, крај на насилството и предвремени претседателски избори, пишува EU vs Disinfo.
За разлика од Евромајдан, протестите кои сега се актуелни во САД, не се насочени кон смена на режим и не претставуваат „шарена револуција“. Протестите против постапките на американската служба за имиграција АЈС, се фокусирани на човековите права, против насилство, расна правда. Тие се внатрешен либерално-прогресивен активизам, а не геополитички преврт. Протестите се насочени кон реформа, не револуција. Демонстрантите не бараат пад на американската држава, туку промена на една политика. Демонстрантите бараат крај на агресивните апсења и депортации, особено на семејства и лица без криминално досие. На многу протести отворено се бара АЈС да биде укината, да не се финансира или да замине од градовите каде што не е пожелна и каде што има случаи на насилство, па дури и смртни случаи. Демонстрантите бараат истраги и санкции поради употреба на солзавец, гумени куршуми и повреди на демонстранти и новинари.
Не е точно дека протестите во САД имаат за цел да се донесе демократија, затоа што САД, според сите истражувања, е демократска држава. Уставот на САД воспоставува федералeн демократски републикански облик на владеење, односно има неделлива унија на 50 суверени држави. САД е претставничка демократија зашто граѓаните се слободни да се организираат и да избираат свои избрани лица на слободни и тајни избори. Целта на федералната влада, како што е наведено во преамбулата на Уставот, е да овозможи правда, домашен мир, одбрана, промовирање на социјалните права, заштита на слободата. Власта во САД е базирана на три принципи: на права коишто ги има секој човек што живее во Америка, власт одбрана од народот и поделба на власта – гранки (столбови) на власта со различни овластувања.
Освен овие параметри, кои ја дефинираат демократијата во САД, исто така, почитувањето на човековите права долго време е централна компонента на американската надворешна и внатрешна политика. Поддршката кон демократијата не само што ги промовира фундаменталните американски вредности како религиозна слобода и работнички права, но и креира побезбедна, стабилна и просперитетна глобална арена. Демократски водените нации е поверојатно да обезбедат мир, да избегнат агресија, да ги прошират отворените пазари, да промовираат економски развој, да ги заштитат американските државјани, да се борат против интернационален тероризам и криминал, да ги зачуваат и промовираат човековите права и правата на работниците, да одбегнат хуманитарни кризи и да го заштитат човековото здравје.
Со овие цели, САД се труди да промовира демократија како средство за остварување безбедност и просперитет на целиот свет, да помогне кај новоформирани демократии во имплементацијата на демократските принципи, да помогне ширум светот да се создадат демократии, да ги идентификува и да ги отфрли режимите кои на своите државјани им го ускратуваат правото да ги одберат лидерите на слободни и транспарентни избори.
Демократијата како форма на организација и политичко водство ја зема предвид волјата на граѓаните, нивните интереси и аспирации. Тоа е владеење на народот, преку бирање на негови избрани претставници. Сите елементи на демократијата, вклучително и почитувањето на човековите права се централна компонента на севкупната политика на САД.
Протестите притв АЈС во САД немаат меѓународна димензија, туку станува збор за интерно внатрешно-политичко прашање, за спротивставен став во однос на внатрешната политика, поточно за прашањата поврзани со имиграцијата.
Овие протести, со оглед на тоа што се однесуваат на едно конкретно внатрешно политичко прашање, кое не се однесува на природата на политичкиот систем на земјата, туку на прашање поврзано со имиграцијата, или поконкретно за тоа како власта треба да се справи со имигрантите, не може да се нарече „шарена револуција“.
Поради сите горенаведени факти, објавата ја оценуваме како неточна.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар